Македонска берза

Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Поминаа неколку недели од ЕУфоричниот понеделник . . .
Тој ден имаше 2 тона постови, а денес штама . . .
Тогаш КМБ беше хит(8-10% раст), се тепаа Нато фановите да влезат на 5700/5600, а денес никаде ги нема да исчистат се на 5280 ден. Како тогаш се имаше мадиња, а денес немаше мажи :) . Гранит исто така се врати на старите позиции.
Полека се се враќа на местото од каде што се почна . . . Како што кажав ни НАТО, а ни ЕУ немаат врска со цените на берзата. Најголемо влијание има понудата и побарувачката која најмногу зависи од работата на самите компании, а не од НАТО ...
СТБ, ОХБ, МПТ прикажаа добри резултати и тие уште се над нивото од пред ЕУфоричниот понеделник . . . но полека и тие ќе подлизнат . . .
Еве дел од тогашните постови кои веќе се историски . . .

МБИ буши рекорди ...
Нато ја полуди берзата :)
Јас купив од двај ова е лудо ..
Neli nema vrska berza I politika.?
Како беше тоа Нато и ЕУ не влијаат ?
Дојде живот на берзава :)
Има разлика од дневно-партиска политика до гео-стратешка политика, би замолил да не ги мешате тие два поима. ;)
Од понеделникот решив да распродадам 1/2 од моето портфолио . . .
http://www.mojnovac.net/forumi/showthread.php?t=4042&page=51
Во понеделникот истурив ОХБ на 6800 денари (мојата омилена акција) . . .
КМБ продавав на 5600, 5500 и се каам што понеделникот се успав за да истурам на 5700 денари . . . .
Ајде да видиме кој ќе го погоди трендот оние во понеделникот што купуваа или ние што продававме . . . Јас тврдев и останувам на мојот став дека НАТО и ЕУ никако нема да влијаат на берзата.... Очекувам корекцијата да продолжи . . .
Како ли само некои беа полни со себе во Понеделникот . . .
Вистинско незнаење и аматеризам . . . Некои го обраа бостанот . . .
Не се согласувам дека Нато и ЕУ не влијае на нашата берза ..
Bosko 007 глеам си ме реплицирал, ок со среќа нека ти се парите што си продал Охр и КБ , ти велиш сега купувале "овци " на еуфорија од Нато и Еу ..
Па јас купив пак Ком Банка на 5.600 , сметам дека уште може нагоре и во ефект на Нато и ЕУ и според рекордниот профит оваа година ..
До нова година веројатно ке оди над 6.000 , ке даде Хари веројатно и поголема дивиденда па ке ја чекам на 6.500 .. ке покаже времето кој бил во право ..
Како и дае мене Нато многу ми значи , безбедни ми се акциите , можат само да растат јас сум задоволен :)
@Kire Ultras сега ти е јасно зошто сум го употребил терминот „овци“ . . .
Баш ми е мило што акциите тебе ти се сигурни :D . . . Само што можеше да си ја купиш КМБ да 5278 ден. место на 5600 денари . . . Искрено мислам дека посигурни ќе ти беа да ти ги чуваше ХАРИ отколку НАТО, ама јебига :D... Во следната НАТО офанзива памет во глава!!!
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.185
Поени од реакции
4.005
Bosko 007 до негде си во право ..

Признавам дека тој понеделник насетија овци кога се купуваше Комерцијална на 5.700 ради еуфоријата од 80 гласа во собрание и влез во Нато ..

Се залетавме и сега падна на 5.300 , но сепак пак ке кажам јас го направив ќарот кога го фатив возот на 3.200 и ја продадов на 5.100 , грешка ми е купувањето на 5.600 барем до сега се согласувам ...

Среќа СТБ ја фатив на 1.200 па ем на цена ем од дивиденда ке ќарам и тука ..

Во глобала јас сум задоволен до сега на берза од јануари кога почнав да тргувам , ќар сум на овие акции моментално на оваа цена ..

Се мислам само кога да ја продадам СТБ и колку ке отиде на 25 декември на денот на пресекот за дивиденда ..

Добар избор ми е што Гранит го избегнав на 870 , слаб извештај дадоа денес за 3 квартал ..

Се согласувам и во делот за Нато и ЕУ еуфоријата , искрено очекував поголема еуфорија и раст на акциите до сега но јбг тоа е ..

Сфативме дека компаниите се најбитни како работат , ако не работи добро компанијата џабе и Нато и свети Нато :)
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Сума сумарум, по резултатите од третото полугодие, пардон квартал, може да заклучиме дека кој купил акции во македонскиве банки, му паднала секира во мед. Не во оваа или онаа, во БИЛО КОЈА (Ок, можеби со исклучок на СБТ). Стигнавме до степен каде некои банки, како СТБ, се тргуваат на фантастични п/б 1.6, а скоро да нема банка која не се тргува на п/б над 1

Бошко е во право кога вика дека валуациите се превисоки во услови кога во Европа средниот п/б за банки е 0.69, како се гледа од следниов линк

http://www.stern.nyu.edu/~adamodar/pc/datasets/pbvEurope.xls

Но од линкот се гледа и друго: дека средниот РОЕ кај банкарскиот сектор во Европа е 5.33%. Додека во МК некои банки стигнаа до неверојатни 20+% (пр. ТНБ или СТБ за 2018та)

Како стигнавме до ваков неочекуван развој? Одговорот е прост: каматен распон. Додека каматниот распон во европските банки не стига ни 2%, во МК е најмалку 4%. МК банките успеаа да ги намалат до патос каматите на депозити, по последните податоци до 1.5% средно, додека каматите на вкупни кредити си останаа на солидни 5.5% средно.

Дали е ова одржливо? Лично не верувам. Особено по 2020та кога ќе стапи во сила данокот на депозити, кој уште плус 15% ќе го сроза ионака мизерниот поврат. А може и луѓево ќе се охрабрат да ги пренасочат парите во повносни инструменти, како хартии од вредност или инвестициски фондови.

А ако толку им веруваат на банкиве што им ги доверуваат своите пари за 1.5%, зошто не би им верувале да инвестираат во нивните акции за барем 4-5 пати поголем принос?
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541

А каде би го ставиле тоа кога банка не исплаќа добивка 12 години и после дава тоа што штедела 4 години по ред во дивиденда. рое е гратис.
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
579
Поени од реакции
831
Дали е вистина дека ја затвораат СТБ-Битола?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.713
Дали е вистина дека ја затвораат СБТ-Битола?
до сега овакви глупости не биле можни, имено за банките е надлежна НБМ а и самата таа има голем пакет акции во СБТ .. значи НБМ е таа која може на некој сопственик на над 5%акции на некоја банка да му ги одземе и да му ги продаде, како на времето на газда Нини кога НБМ му ги продаде акциите од КМБ... а ако било кој има направено некаде другде незаконски дил, може да му се одземат негови нелегални пари, ама не на банката ....но сега во ова квази држава се е можно:facepalm:[DOUBLEPOST=1542569413][/DOUBLEPOST]
СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

https://makfax.com.mk/sjo/сјо-истражува-криминал-при-купопрода/
а зошто СЈО не направи ништо и околу Макпетрол и Оилко, тогаш спрегата на мислам Вуиќ и негови судии ја замачкаа работата ??
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Но од линкот се гледа и друго: дека средниот РОЕ кај банкарскиот сектор во Европа е 5.33%. Додека во МК некои банки стигнаа до неверојатни 20+% (пр. ТНБ или СТБ за 2018та)

Како стигнавме до ваков неочекуван развој? Одговорот е прост: каматен распон. Додека каматниот распон во европските банки не стига ни 2%, во МК е најмалку 4%. МК банките успеаа да ги намалат до патос каматите на депозити, по последните податоци до 1.5% средно, додека каматите на вкупни кредити си останаа на солидни 5.5% средно.
Дали е ова одржливо? Лично не верувам. Особено по 2020та кога ќе стапи во сила данокот на депозити, кој уште плус 15% ќе го сроза ионака мизерниот поврат. А може и луѓево ќе се охрабрат да ги пренасочат парите во повносни инструменти, како хартии од вредност или инвестициски фондови.
А ако толку им веруваат на банкиве што им ги доверуваат своите пари за 1.5%, зошто не би им верувале да инвестираат во нивните акции за барем 4-5 пати поголем принос?
Толку висок РОЕ неколку години по ред не е на многу арно :D . . . ТНБ дури е доста над 20% . . .
Скоро све имаш опфатено освен ниското ниво на резервации што го одвојуваат банките во последните 3 години (ТНБ и СТБ). Ниско ниво на резервации им овозможија долгите години на конзервативни политики кои се променија во 2014 година. Но тоа е во согласност на нивната политика за високи профити све додека не се средат состојбите со нивните мајки. После се враќаат на некое стандардно (повисоко) ниво на резервации. Иако кредитите стабилно растат, резервациите што се одвојуваат беа доста ниски... Тоа значи дека годините на екстремни профити и мрсни дивиденди привршуваат и доаѓаат години на стагнација, посебно на профитите на СТБ и ТНБ.
Каматните маргини постепено ќе се намалуваат поради се поголемата конкуренција во банкарството!!!
Среќа СТБ ја фатив на 1.200 па ем на цена ем од дивиденда ке ќарам и тука ..
Во глобала јас сум задоволен до сега на берза од јануари кога почнав да тргувам , ќар сум на овие акции моментално на оваа цена ..
Се мислам само кога да ја продадам СТБ и колку ке отиде на 25 декември на денот на пресекот за дивиденда ..
Се согласувам и во делот за Нато и ЕУ еуфоријата , искрено очекував поголема еуфорија и раст на акциите до сега но јбг тоа е ..
Сфативме дека компаниите се најбитни како работат , ако не работи добро компанијата џабе и Нато и свети Нато :)
Бравос Кире што нешто си научил.
Продолжи на учиш . . .
Зар мислиш дека од Јануари до сега е доволно време да нешто научиш ??? Па јас сум 10 години и уште учам . . .
Повеќе фаќај се за книга, помалку за тастатура и форуми . . . И мани се политика..
Искрено те предупредувам и тебе, а и сите почетници . . . берза е опасна работа ако многу се залетуваш. Берза е шанса за солидна заработка, но нема брза заработка. Све што брзо доаѓа еден ден брзо и ќе си замине...
Ова твое инвестирање многу личи на коцкање, а ретки се тие кои заработуваат од коцка.
Префрлањето од една акција во друга преку ноќ е на твоја штета... Неможеш само провизиите да ги покриеш...
Кире немам ништо против тебе, дури си ми симпатичен, освен што си комуњар :D . . . Но ти си добар пример како не треба да се инвестира.
Ова ти се мои бесплатни совети . . . И верувај ако продолжиш со инаетење следен пат скапо ќе ги платиш и ќе чекаш како татко ти долги години да се повратиш иако си засега во плус. . .

п.с.
Искрено се сомневам дека многу аир од СТБ на 1200 ќе видиш. . . Знаеш јас никогаш не сум те разочарал ;)... Со среќа.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Ne znam kako moze site da znaat samo jas ne za sto e Orka obvineta i za kolku pari se raboti?Sistemot ni e katastrofa koga moze da se ostavi brisan prostor za da moze da se manipulira so informacii ??
Ako STB padne znaci deka ne treba da postojat institucii i za odgovorni vo toj rang treba da se sudi postrogo od pricina sto oni se odbranata i ne smeat da potkleknat !!!

Pozdrav do Bosko I ne se maci da objasnuvash ednostavno biznis planot so STB e idealen mozni 10 % + I idna dobra godina so ogled na toa sto bankite ke krcaat od pari posto za da gi izvadis ke mora debelo da doplatis :)
Banka I drzava ti e edno isto ovie pravat zakoni za da moze da im obezbedat ggratis pari a ovie za vozvrat ke im dadat po smensi kamati pari na drzavata nazad :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom