Македонска берза

Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
318
Гриме, на што се должи твојата позиција да не ја продаваш на 1300 иако ти е земено на 130 што е 1000% раст. Гледаме моментално многу различни мислења за стопанска како и споредби со други банки...
Мегутоа пазарниот удел како и дивидендниот принос ретко која друга банка го има како стб, и тоа ја прави најатрактивна

СТБ иам купувано под 130 и се' уште ги чувам[DOUBLEPOST=1542013252][/DOUBLEPOST]Цело време сум мислел дека на 29.11.2012. јас имам купено СТБ по најниска цена во Македонија, но сепак осум дена подоцна имало тргување по 124.

Скроз би ги частел пиво страните од куповната и продажната страна на таа трансакција :)Прегледај го приврзокот 199425
[DOUBLEPOST=1542621610][/DOUBLEPOST]
Auu OKTA izveshtaj! Atomska bomba

Dolgot kompletno eliminitan, cash extra 700 M, vkupno cash flow 25 M jura

Ovde ke bide cirkus
OKTA

Oва мора да е едина фирма у свет која

1. Бележи намалена добивка (дури и бруто добивка) со зголемување на продажбата

2. Има минимални финансиски приходи и покрај купот пари на сметка

3. Плака данок поголем од нето добивката

Веројатно некои акционери се загрижени. Јас би бил, да не си излегов пред некој месец.

Еве еден конструктивен предлог: на следното собрание, да ги замолите од менаџментот да намалат со продажбата :D
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Гриме, на што се должи твојата позиција да не ја продаваш на 1300 иако ти е земено на 130 што е 1000% раст. Гледаме моментално многу различни мислења за стопанска како и споредби со други банки...
Мегутоа пазарниот удел како и дивидендниот принос ретко која друга банка го има како стб, и тоа ја прави најатрактивна
СТБ имаше п/б од 0.3 сега е 1.65 а добивката зголемена. Очигледно се движи акцијата поради очекување на понатамошен раст на добивка. Големите банки, па и генерално банките на МСЕ се веќе со умерени п/б а ако продолжи трендот на раст за некоја година ќе бидат и преценети. Ако има пад на добивка ќе биде и крах за СТБ и многу банки. Има простор за раст на цена уште ама далеку од потценти се како пред 5-6 години и веќе се водат на раст на добивка а не на книговодствена цена.
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
Добра е таа анализа на порталб. НБРМ веќе 3 пат по ред ги ревидира прогнозите за раст на депозити и кредити во нагорна линија, бидејќи статистиката им ги соборува претходните прогнози.

Со раст на депозити од 11,7%, и раст на кредитирање за 7,9% на крај на трет квартал од 2018, банките се на одличен пат, и ова е гаранција дека ќе имаат добри резлутати, налјмалку на овогодинешното ниво, во наредните 3-4 години.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.767
Поени од реакции
6.557
Bosko 007

Благодарам за советите ..
Прво искрено не сум никаков комуњар , не значи ако 2017 сум гласал за Заев тоа ме прави комуњар .
Гласав за Заев за да падне криминалот и режимот на Груевски кој знаеме дека тебе ти е симпатичен ради некои негови политики :)

Но нејќам сега да навлагам во дискусија за Грујо и Заев се е кажано сите знаеме што правел Грујо само морав да ти реплицирам бидејки рече сум комуњар :)

Второ берзата живна и прометот порасна тоа е факт кој неможеш да го негираш а влијание има Нато и ЕУ иако сега засега не е многу големо но понатака ке биде подобро сигурно ,знаеме дека и компаниите т.е банките растурија со профит па имаат рекордни добивки и можност за солидни дивиденди ..:)

Трето на КМБ ќарив , сигурен сум дека ке ќарам и на СТБ која ја купив на 1.200 , нема да ја продадам под 1.300 не верувам да падне од оваа цена до нова година ..

Така да како мене за почетник на берза кога почнав од јануари сум задоволен :) , утки секогаш се прават нормално имам и јас грешката со Макстил купено 150 а продадено на 135 јбг ..
И веројатно грешката со КМБ што ја платив скапо на 5.600 , па ке чекам да видам до каде ке догура , мислам дека Хари со добра дивиденда ке ме извади :D
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Тетекс нова дивиденда од 88,89 и со онаа претходната над 200,
очигледно е дека Тетекс како фирма нема план за развој и ќе се затвори или живурка кога ќе ги снема акциите од ТТК, менаџментот е решен да ја купи ТТК на сопствено име и максимално ја цеди фирмата неколку години.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Оваа го објавиле подоцна, а никој го нема искоментирано

https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=44498
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:

Стопанска банка АД Скопје ја објавува следната ценовно чувствителна информација:

Група акционери сопственици на 12,77% од приоритетните акции на Стопанска банка АД – Скопје (СБ) доставија „Барање за одвоено гласање во рамки на 44-та седница на Собранието на акционерите на СБ кое ќе се одржи на 12.12.2018 година, за донесување на Одлука за укинување на повластеното право на приоритетните акции издадени од СБ согласно член 405 од ЗТД“, односно Барање за конверзија на приоритетните акции во обични акции во сооднос 2 обични за 1 приоритетна акција.

Во законски предвидениот рок, а согласно член 390 од ЗТД, иницијативата ќе биде соодветно разгледана и доколку ги исполнува сите законски услови ќе се пристапи кон дополнување на Дневниот ред на 44-та седница на Собранието на акционери, кој ќе биде објавен на истиот начин како веќе објавениот Јавен повик.

Напоменуваме, за започнување на постапката по Барањето за конверзија на приоритетните во обични акции потребна е соодветна согласност од сопствениците на двата рода акции.
Оваа овде има најголема тежина
Напоменуваме, за започнување на постапката по Барањето за конверзија на приоритетните во обични акции потребна е соодветна согласност од сопствениците на двата рода акции.

Незнам зошто сопстевниците на приоритетните не побараат конверзија 1:1, можеби грците ќе се сожалат и ќе гласаат, вака 1:2 е речиси невозможно,
ај да не го дрвам пак оти го имаме коментирано претходно само ќе и посакам многу повеќе од среќа оти да беа засекирани како што беа во мај ќе го ставеа на дневен ред сами, ама како што гледате и тогаш и сега ги заболе за приоритетните.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Ne znam kako moze site da znaat samo jas ne za sto e Orka obvineta i za kolku pari se raboti?Sistemot ni e katastrofa koga moze da se ostavi brisan prostor za da moze da se manipulira so informacii ??
Орка е обвинета за 11 милиони евра првично,Ката Јанева рече дека е тоа почеток и ке се шири. Криминалите кои ги правеле ке се знаат кога ке дојдат во фаза на обвинение. Ништо не е непознато и скриено. Имотот на Орка е замрзнат да се добие гаранција дека државата ке има од што да ги наплати своите пари. Мене колку ми е познато само во МК Орка врти преку 8 милиарди денари, дали е бројката консолидирана тоа незнам и има побарувања према надвор, ОФ ОН ШОР.[DOUBLEPOST=1542650806][/DOUBLEPOST]
Дали е вистина дека ја затвораат СТБ-Битола?
Искрено да сум сопственик ке ја затворам за да го извадам капиталот. Кога веке загубив право да ја користам за ариел детерџент.
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Ја немам во портфолио, бидејќи ми избега кога беше преефтина.

Скапа е за мој вкус, но би била добра портфолио инвестиција за оние што инвестираат на среден и на долг рок.

П.С. Овие М6 знаат што прават, па своевремено ги шминкаа извештаите според потребите.

https://mbh.mk/2018/11/18/тиквеш-купи-винарница-во-франција/?fbclid=IwAR1i6c99OmjhdLZ0YZhfJoF9w5c30qxZMA4Ap0v9RKk8kBtAJxsb5CKgrEw
 
Член од
19 ноември 2018
Мислења
4
Поени од реакции
0
Дечки , нов сум и во форум и во берза -имам купено во СТБ на 1200 сакам мислење за Гранит ваше видување за влог по сегашна цена ?
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Гриме, на што се должи твојата позиција да не ја продаваш на 1300 иако ти е земено на 130 што е 1000% раст. Гледаме моментално многу различни мислења за стопанска како и споредби со други банки...
Мегутоа пазарниот удел како и дивидендниот принос ретко која друга банка го има како стб, и тоа ја прави најатрактивна

[DOUBLEPOST=1542621610][/DOUBLEPOST]
Гриме, на што се должи твојата позиција да не ја продаваш на 1300 иако ти е земено на 130 што е 1000% раст. Гледаме моментално многу различни мислења за стопанска како и споредби со други банки...
Мегутоа пазарниот удел како и дивидендниот принос ретко која друга банка го има како стб, и тоа ја прави најатрактивна

[DOUBLEPOST=1542621610][/DOUBLEPOST]
Цената од 130 денари за СТБ не треба да се зема како никаква референца затоа што пазарот во тој момент бил катастрофално лош , а немало како кај КМБ некој да ја брани да не падне под 1.700 денари. Да била обратна ситуацијата и пазарното однесување, веројатно СТБ не би паднала под 300 денари, а КМБ би слизнала до 500 :)
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Problemot na ovoj narod e sto mnogu go ljubi kapitalizmot ama tesko go prifaka :)
Se toa zaedno so petkite na dedo e ednakvo na 1700 denari na KMB !!
Zatoa deca ucete za da nemoze da ve zaebavaat i pri oci slepci da ve pravat borete se za vasi prava zatoa sto cekajki nekoj drug da vi gi dade si go proziveaa zivotot ovie drugive :)
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Толку висок РОЕ неколку години по ред не е на многу арно :D . . . ТНБ дури е доста над 20% . . .
Скоро све имаш опфатено освен ниското ниво на резервации што го одвојуваат банките во последните 3 години (ТНБ и СТБ). Ниско ниво на резервации им овозможија долгите години на конзервативни политики кои се променија во 2014 година. Но тоа е во согласност на нивната политика за високи профити све додека не се средат состојбите со нивните мајки. После се враќаат на некое стандардно (повисоко) ниво на резервации. Иако кредитите стабилно растат, резервациите што се одвојуваат беа доста ниски... Тоа значи дека годините на екстремни профити и мрсни дивиденди привршуваат и доаѓаат години на стагнација, посебно на профитите на СТБ и ТНБ.
Каматните маргини постепено ќе се намалуваат поради се поголемата конкуренција во банкарството!!!


Бравос Кире што нешто си научил.
Продолжи на учиш . . .
Зар мислиш дека од Јануари до сега е доволно време да нешто научиш ??? Па јас сум 10 години и уште учам . . .
Повеќе фаќај се за книга, помалку за тастатура и форуми . . . И мани се политика..
Искрено те предупредувам и тебе, а и сите почетници . . . берза е опасна работа ако многу се залетуваш. Берза е шанса за солидна заработка, но нема брза заработка. Све што брзо доаѓа еден ден брзо и ќе си замине...
Ова твое инвестирање многу личи на коцкање, а ретки се тие кои заработуваат од коцка.
Префрлањето од една акција во друга преку ноќ е на твоја штета... Неможеш само провизиите да ги покриеш...
Кире немам ништо против тебе, дури си ми симпатичен, освен што си комуњар :D . . . Но ти си добар пример како не треба да се инвестира.
Ова ти се мои бесплатни совети . . . И верувај ако продолжиш со инаетење следен пат скапо ќе ги платиш и ќе чекаш како татко ти долги години да се повратиш иако си засега во плус. . .

п.с.
Искрено се сомневам дека многу аир од СТБ на 1200 ќе видиш. . . Знаеш јас никогаш не сум те разочарал ;)... Со среќа.
Ниските резервации и мене ме мачат, дали толку се оправи мак економијата, или банкиве трпаат под тепих...знаеме за КМБ дека на еден голем зајмител има дадено кредит со грејс период до 2020та.

Се прашувам има ли начин да видиме колку од кредитите се со грејс период, кај секоја банка поединечно?[DOUBLEPOST=1542701671][/DOUBLEPOST]
Оваа го објавиле подоцна, а никој го нема искоментирано

https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=44498

Оваа овде има најголема тежина
Напоменуваме, за започнување на постапката по Барањето за конверзија на приоритетните во обични акции потребна е соодветна согласност од сопствениците на двата рода акции.

Незнам зошто сопстевниците на приоритетните не побараат конверзија 1:1, можеби грците ќе се сожалат и ќе гласаат, вака 1:2 е речиси невозможно,
ај да не го дрвам пак оти го имаме коментирано претходно само ќе и посакам многу повеќе од среќа оти да беа засекирани како што беа во мај ќе го ставеа на дневен ред сами, ама како што гледате и тогаш и сега ги заболе за приоритетните.
Демек, имателите на приоритетни немаат никакви права и зависат од добрата волја на главниот акционер?

Не ќе да е баш така. Вреди да се прочита целото барање, оти аргументацијата е многу добра.

Всушност, барањето веќе беше прифатено пред пола година од страна на главниот акционер. Што покажува дека интересот е двостран.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom