Македонска берза

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Па постои ли уште Македонска берза,или тоа се шпекулации?Која будала уште вложува во акции кога Македонската металургија ни е пред колапс,а токму таа беше локомотивата за намалување на надворешниот трговски дефицит.Во јавноста деновиве гледам пак се појавија шпекулации дека сега било најдобро да се купуваат акции,поефтини никогаш немало да бидат.Јас мислам дека со ваква котација на металите на светските берзи,акциите не само што ќе бидат поефтини туку и дали тие воопшто ќе вредат.:toe:
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
132
Поени од реакции
12
Крај на МБ - мит или стварност?

Skoro site slovenecki i hrvatski.
ilirika, prospectus jie.....etc etc
Добро, првенствено најприсутни, сеуште, од странските фондови се Хрватска Поштенска, Потеца и Звеза РЗЗОЈ - барем јас така мислам.

Второ, добар коментар околу она што еден од трите мак фондови го изнесе како “информација“. Имено во понеделникот 13.10. уделот на Иново фондот беше 49,06 за во четвртокот 16.10. тој да биде 52,93 односно по изнесувањето на нивната информација кога берзата бележи колапс брокерите од Иново успеа да ја покачат вредноста на уделот за скоро 4 индексни поени. Сега се прашувате како тоа така успешни брокери кои кога се паѓа ја подобруваат вредноста на своето портфолио - дозволиле во период од 11 месеци да изгубат половина од доверените средства. Објаснувањето е просто - К15-ско: “Се додека има овци ќе има и џемпери“. Со изнесувањето на “информации на Сител, лековерните инвеститори ги извадија парите од под перница и се залетаа да купат - “евтини акции“. Со напливот на купувачи вредноста на акциите порасна за максималните дозволени 10%. По што во повеќето - да не речам сите - компании од МБИ 10 токму фондовите отуѓуваа акции од своите портфолија. Откако ги наполнија граѓаните со “ефтини акции“ ја бутнаа цената и сега ќе чекаат да си купат акции на “високи цени“ за едно 10 до 15 проценти пониски од “ефтините цени“ по кои ги продадоа своите удели.

За жал Македонија не е нормална држава па се ова пројде со амин на Македонската Берза, Комисијата за Хартии од Вредност, Брокерските Друштва и медиумите. Верувале или не сите соработуваа во оваа акција - МБ со мерките, по мерка на инвестиционите фондови, за времено ограничување на дневните флуктуации на вредноста на акциите, брокерите кои не ги советуваа инвеститорите за горенаведената ситуација, КХВ која во меѓувреме “бркаше вештерки“ наместо да ја контролира ситуацијата и медиумите кои “непристрасно информираа“ целово време. Значи повторно ова да се случеше во Таџикистан и тамошното КХВ видеше дека вакво нешто се случува немаше да поведе постапка - туку ќе поведеше егзекуција.

На крајот одговорот на прашањето во насловот - “Крај на МБ - мит или стварност?“ лежи во долгоспоменуваната аналогија за МБ дека е локална пиљара и дека конечно таа треба да се претвори во пристојна продавница но сепак ќе кажам дека со последниве случувања МБ повеќе заличува на пропадната тезга!
 
Член од
9 август 2008
Мислења
781
Поени од реакции
40

Не секирај се - ова се случува насекаде во светот. Странците мора да ги продаваат нивните портфолија бидејки имат остар недостиг на кеш. Се додека не се извлечат барем 50 % од странските инвеститори МБ нема да оди нагоре.
BTW кога прашав за странски фондови мислев на Европски и Амерички, не на Балкански. Може некој да ми каже дали има такви фондови на МБ ? Или да ми даде сајт со детална информација на компаниите и фондови учесници на МБ ?
 
Најискрено ако некој навистина со смиреност, од приватна гледна точка ја гледа берзата може да кажам дека сум јас - бидејќи уште во јуни ги продадов сите акции кои ги имав и сега чекам. Ме нервира што никој не ги штити обичните инвеститори, вработените кои имаат акции во компаниите каде работат. Луѓето лани ги лажеа дека со акциите ќе можат да купат стан а сега неможат да купат ни автомобил. Некој мора да понесе одговорност - не може масовно со помош на медиумите да ги лажат и потоа да велат дека не се одговорни.

Еве вчера го гледав заменик претседателот на владата м-р Ставревски и тој кажа дека логично на македонската економија и следи најмалку стагнација а можеби и рецесија, додека светските економии, најпогодените, сигурно влегуваат во рецесија. Каде се сега сите оние “инвестициони советници“ за да им кажат на малите инвеститори дека на МБ нема да биде подобро и дека им е попаметно да не вложуваат отколку да вложуваат.

Инаку за фондовите - фонд од САД колку што знам нема, а од земјите на ЕУ имаме фондови од Словенија и Австрија, за други не знам.
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
Сакам да ви претставам еден портал за инвеститори со многу графици, вести, анализи и сл. broker.com.mk
 
Член од
9 октомври 2008
Мислења
3
Поени од реакции
0
:oeoeoe: МАКЕДОНСКА БЕРЗА - Не Стравувајте ако сакате да заработите

но Треба да имате Капитал за кој нема да мислите дли утра ќе

останете без леб до 2012 треба да се преживее
 
Одличен совет, ако имаш капитал со кој ќе можеш да преживееш до 2012 год. јас имам неколку пријатели кои со задоволство ќе ти продадат акции од кај сакаш и колку сакаш. Само утре кога цените ќе ти бидат на половина од тоа што си купил - немој да се жалиш, чекај 2012 година.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.502
Поени од реакции
2.632
Историски пад на цената на акциите на берзата

27.10.2008 14:54

Македонската берза го доживеа најголемиот пад во историјата. Вредноста на 10-те најликвидни компании се намали за 8,65 проценти што е најмногу досега откако е воведена пресметката за индексот МБИ 10 во јануари 2005. година.

Цената на акциите падна речиси кај сите компании, а кај дел го достигна и максималниот дозволен дневен пад од 10 проценти.

Паничната реакција по најавите дека САД и еврозоната влегуваат во рецесија се префрли и кај нас, коментираат брокерите.

На берзата има понуда но, нема побарувачка. Управниот одбор на берзата на вчера одржаната седница воведе ценовни ограничувања од плус минус 20 проценти за тргувањето со акциите во фиксинг режимот.

Донесена е одлука од четврток за еден час или од 10 до 13 часот да се пролонгира времето за тргување на берзата.

Новите мерки според брокерските кругови нема да помогнат да се сопре трендот на пад на цената на акциите не берзата.

Извор
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
132
Поени од реакции
12
Село гори баба се чешла

МБ на вчерашната седница донесе одлука со која тргувањата на фиксинг ги ограничува на 20% и тргувањето наместо до 12:00 се продолжува до 13:00.

“Злобниците“ (како мене) кажаа - “Село гори баба се чешла.“ Значи во моментите кога на МБ се случува катастрофа таа гледа како да си се продаде. Еве една шпекулација: Заинтересираните купувачи им наложиле на одборот на директори на МБ да ја усогласат регулативата во однос на нивните искуства и потоа ќе ја купеле МБ. Токму поради ова МБ донесе промени во правилата на игра. Директните последици од продолжувањето на времето ќе предизвика дополнително време (што и така не е потребно). Но ова дополнително време ќе донесе до пореметување на пазарот на фиксинг. Ако до сега акциите на “двојка“ се тргуваа само 6 пати во текот на денот тие отсега ќе се тргуваат 8 пати. Околу продолжувањето на работното време исто така имаше еден заеднички коментар од брокерите и инвеститорите “малку паѓаше берзата за 2 часа, сега за 3 може ќе падне колку што треба.“

Затоа луѓе не се секирајте - МБ ќе се продаде, акциите ќе продолжат да си паѓаат итн итн ...
 
[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Не тргувам, ама би сакал. но во последно што се случува во светот со берзите таа желба ми се намалува.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
132
Поени од реакции
12
Трендот продолжува

Трендот продолжува

И во Октомври месец трендот на излегување на странските инвеститори од МБ продолжува. За жал темпото со кое странците излегуваат се зголемува. Одливот на средства само се зголемува.

Интернет страната на МБ го објави билтенот за месец Октомври. Меѓу содржините е и количината на тргување на домашните и странските лица, како физички така и правни. За разлика од минатите месеци кога разликта меѓу куповната и продажната страна на странските инвеститори беше малку од малку ускладена сега имаме голем диспаритет. Во Октомври стрнаците купиле само 7,29% а продале 68,61% од вкупно истргуваните количини.

За жал сега се појавува уште поголем проблем. Количината на купени акции на странците е драстично намален што значи дека тие не се заинтересирани за вложување на МБ. Дали е тоа поради несигурноста на правилата за тргување кои МБ ги менуваше во Октомври? - само времето ќе покаже.
 
Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Не очајувајте нема да треба да ја чекате 2012.
Обама ќе ја опраи Америка порано, така да ќе се спастри се на време. За година две.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom