По подолго време стагнација, денес на Македонската Берза беше регистриран три пати поголем промет во однос на минатиот период. Пазарот заврши со вкупен промет од 38.877.563,71 денари и 90 трансакции од кои најголем дел беа со акциите на Прилепска Пивара и Земјоделски комбинат Пелагонија Битола. На Официјалниот Пазар се оствари поголемиот дел од прометот, односно 28.985.733,71 денари, а Редовниот Пазар 9.891.830,00 денари. Берзанскиот индекс повторно во благо опаѓање од 0,72 проценти, кај индексот на јавно поседуваните друштва немаше промени, а индексот на обврзниците порасна за 0,06 проценти.
На Официјалниот Пазар најголем промет остварија Земјоделски комбинат Пелагонија Битола, која учествуваше со 22 милиони денари во вкупниот промет, а после нејзе следеа и Комерцијална банка и Макпетрол Скопје.
Првото место и припадна на акцијата на Земјоделски комбинат Пелагонија Битола, која се тргуваше по просечна цена од 6.318,18 денари. Се истргуваа 3.527 акции, а се оствари промет од 22.284.215,00 денари. Втори по вредноста на тргување на Официјалниот Пазар беа акциите на Комерцијална банка Скопје. Се истргуваа 308 акции по просечна цена од 6.149,73 денари, а беше остварен промет од 1.894.117,00 денари.Трети по висина на промет на Официјалниот Пазар беа акциите на Макпетрол Скопје, се истргуваа 18 акции по цена од 78.256,11 денари, а беше остварен промет од 1.408610,00 денари. Нагорна промена на Официјалниот Пазар оствари акцијата на РЖ Економика Скопје чија цена порасна за 11,16 проценти, односно 239,00 денари.При тоа се истргуваа 100 акции, а се оствари промет од 23.900,00 денари.
На Редовниот Пазар прометот во најголем дел го остварија акциите на Прилепска Пиварница Прилеп и 7-ми Ноември Гевгелија.
Акцијата на Прилепска Пиварница во четвртокот се тргуваше по просечна цена од 20.000,01 денари, се истргуваа 315 акција, а прометот беше 6.300.002,00 денари.Втори по вредност на тргување на овој Пазар беа акциите на 7-ми Ноември Гевгелија, каде се истргуваа 729 акции по цена од 2.459,00 денари, а се оствари 1.792.611,00 денари промет.
Пет најтргувани акции
1. Земјоделски комбинат Пелагонија Битола
2. Комерцијална банка Скопје
3. Макпетрол Скопје
4. Прилепска Пиварница
5. 7-ми Ноември Гевгелија
Акции со најголем пораст
1. РЖ Економика Скопје 11,16%
2. Маврово Скопје 7,74%
3. ОХИС Скопје 2,73%
4. Кјуби Скопје 1,60%
5. Раде Кончар Скопје 0,93%
Акции со најголем пад
1. Жито Вардар Велес 29,90%
2. Витаминка Прилеп 7,56%
3. Земјоделски комбинат Пелагонија Битола 5,37%
4. Тетекс Тетово 5,00%
5. РЖ Услуги Скопје 4,79%