Македонска берза

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
ne? viene go razbrafte moet mislene sto sakaf da vi kazam.deka za da kupuvas i da prodavas akzi ne vi treba ispit ili skolo.vo stranstvo e ti odis vo banka i velis deka sakate da investirate vo akzi ,onda dobivate kontonuma ,so koja mozete da kupuvate na berzata.ali sega vnimavaj,ti kupuvas kaj tvojata banka ,a bankata ima svoj broker ko gi zima od berzata,zato mislam deka vo make.......... sme naza ti treba broker a vo stanstvo mozes 24h da kupuvas.bez broker i samo placas godisno za kontoto sto go imas:helou::nesum:
Е па Македонската берза ти е нешто како странска обложувалница со застарен систем на уплата и исплата,сеуште работиме со кеш,чекање редови за кај брокерот,телефонски јавувања од прислушкувани телефони,сега веќе и официјално и одобрено со закон,или накратко речено приватна кладилница во која никој ништо не ти гарантира особено кога се знае дека и прометот кој се остварува е толку минорен како еден поголем хиподром во Англија на пример.
 
Член од
29 јули 2008
Мислења
3
Поени од реакции
0
На форумов сум нов и моето прво мислење ќе го искористам на темава.
Според мене нашата берза е водена воглавно од политика и од странци. Дента кога требаше да добиеме писмо за во нато а не го добивме акциите нагло паднаа поради тоа што добар дел од странските инвеститори ги фати страв.
http://finance.yahoo.com/
На линков убаво се гледа секоја американска команија и нивните акции.
Со самото покачување на нафтатаа која го води цел свет пага американскиот индекс. Па до некаде можеме да забелжиме дека не сме само ние со пад последниов период.
Но кај нас има дечки кој си ја работат берзава ко бавча затоа што никој ништо не им може па колку ти и да си добар у предвидување кај нас не треба да ја предвидиш берзата него треба да ги предвидисш момците кој ја раководат берзата.
 

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Ме интересира дали некој следи што се случува со Комерцијлна.Имам таму нешто па ме интересира зашто секој ден летаат голем број на акции,во една блок трансакција,и цената останува иста.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
По подолго време стагнација, денес на Македонската Берза беше регистриран три пати поголем промет во однос на минатиот период. Пазарот заврши со вкупен промет од 38.877.563,71 денари и 90 трансакции од кои најголем дел беа со акциите на Прилепска Пивара и Земјоделски комбинат Пелагонија Битола. На Официјалниот Пазар се оствари поголемиот дел од прометот, односно 28.985.733,71 денари, а Редовниот Пазар 9.891.830,00 денари. Берзанскиот индекс повторно во благо опаѓање од 0,72 проценти, кај индексот на јавно поседуваните друштва немаше промени, а индексот на обврзниците порасна за 0,06 проценти.

На Официјалниот Пазар најголем промет остварија Земјоделски комбинат Пелагонија Битола, која учествуваше со 22 милиони денари во вкупниот промет, а после нејзе следеа и Комерцијална банка и Макпетрол Скопје.

Првото место и припадна на акцијата на Земјоделски комбинат Пелагонија Битола, која се тргуваше по просечна цена од 6.318,18 денари. Се истргуваа 3.527 акции, а се оствари промет од 22.284.215,00 денари. Втори по вредноста на тргување на Официјалниот Пазар беа акциите на Комерцијална банка Скопје. Се истргуваа 308 акции по просечна цена од 6.149,73 денари, а беше остварен промет од 1.894.117,00 денари.Трети по висина на промет на Официјалниот Пазар беа акциите на Макпетрол Скопје, се истргуваа 18 акции по цена од 78.256,11 денари, а беше остварен промет од 1.408610,00 денари. Нагорна промена на Официјалниот Пазар оствари акцијата на РЖ Економика Скопје чија цена порасна за 11,16 проценти, односно 239,00 денари.При тоа се истргуваа 100 акции, а се оствари промет од 23.900,00 денари.
На Редовниот Пазар прометот во најголем дел го остварија акциите на Прилепска Пиварница Прилеп и 7-ми Ноември Гевгелија.
Акцијата на Прилепска Пиварница во четвртокот се тргуваше по просечна цена од 20.000,01 денари, се истргуваа 315 акција, а прометот беше 6.300.002,00 денари.Втори по вредност на тргување на овој Пазар беа акциите на 7-ми Ноември Гевгелија, каде се истргуваа 729 акции по цена од 2.459,00 денари, а се оствари 1.792.611,00 денари промет.




Пет најтргувани акции
1. Земјоделски комбинат Пелагонија Битола
2. Комерцијална банка Скопје
3. Макпетрол Скопје
4. Прилепска Пиварница
5. 7-ми Ноември Гевгелија

Акции со најголем пораст

1. РЖ Економика Скопје 11,16%
2. Маврово Скопје 7,74%
3. ОХИС Скопје 2,73%
4. Кјуби Скопје 1,60%
5. Раде Кончар Скопје 0,93%

Акции со најголем пад

1. Жито Вардар Велес 29,90%
2. Витаминка Прилеп 7,56%
3. Земјоделски комбинат Пелагонија Битола 5,37%
4. Тетекс Тетово 5,00%
5. РЖ Услуги Скопје 4,79%
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Ме интересира дали некој следи што се случува со Комерцијлна.Имам таму нешто па ме интересира зашто секој ден летаат голем број на акции,во една блок трансакција,и цената останува иста.
Se pregrupiraat i fakaat startni pozicii lugeto.
Stareska dobi dozvola za Invest, sega sledna e KMB, samo ne se znae??? komu ke mu ja dadat 'nevestata'
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
На форумов сум нов и моето прво мислење ќе го искористам на темава.
Според мене нашата берза е водена воглавно од политика и од странци. Дента кога требаше да добиеме писмо за во нато а не го добивме акциите нагло паднаа поради тоа што добар дел од странските инвеститори ги фати страв.
http://finance.yahoo.com/
На линков убаво се гледа секоја американска команија и нивните акции.
Со самото покачување на нафтатаа која го води цел свет пага американскиот индекс. Па до некаде можеме да забелжиме дека не сме само ние со пад последниов период.
Но кај нас има дечки кој си ја работат берзава ко бавча затоа што никој ништо не им може па колку ти и да си добар у предвидување кај нас не треба да ја предвидиш берзата него треба да ги предвидисш момците кој ја раководат берзата.
Prikazni prikazni i prikazni.
Koi se tie decki so ja rabotat berzava ko bavca?
Brokeri, direktori, Saso Mijalkov????
Vo uslovi koga svetskata ekonomija e pogodena od najgolemata finansiska kriza po IISV normalno e ova so se sluci kaj nas osobeno po lanskoto diveenje na bikot.
Za da beljata bide pogolema se sluci i vetoto, izborite i nekoi drugi pomali raboti, no toa se sepak krupni nastani koi ja odnesoa MSE down, a ne sitnite decki. :wink:
 

Попај

Буржоазија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
699
Поени од реакции
9
По едно и пол годишно следење на берзата ваков пад не сум видел досега. Вчера берзанскиот индекс падна за 3,5 %,а денеска исто така бележи пад од 2,5%.Која е причината за ваквиот огромен пад?
 
Член од
25 мај 2008
Мислења
547
Поени од реакции
14
Ме интресира за акциите на алкалоид ако знае некој некои подетални информации нека ме извести
Бидејќи моите имаат 300 акции
Што да прават со нив која е вашата прогноза
Имаа постигнто вредност од 14.000 денари а сега се 6093
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
да ги чуваш ... 40% има индексот изгубено од почетокот на годинива... ако не годинва вгодина ќе закрепни.... акции се чуваат 10 год +.. на толкава стаза акциите се 100% победник во однос на било што друго.(обврзници, кеш, депозити и све останато)..
 
Член од
25 мај 2008
Мислења
547
Поени од реакции
14
да ги чуваш ... 40% има индексот изгубено од почетокот на годинива... ако не годинва вгодина ќе закрепни.... акции се чуваат 10 год +.. на толкава стаза акциите се 100% победник во однос на било што друго.(обврзници, кеш, депозити и све останато)..
Фала брат
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Mozes i da gi prodades ne e problem, za <6000mkd per share ne da ke ti gi kupime, oko nema da ni trepne. Dodusa koj e strpliv zdravje ke gi ima i na poniski ceni od segasnive, samo trpenie.
:vozbud:
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
132
Поени од реакции
12
Гладна кокошка просо сонува

Црно и се пишува на Македонската берза. Имаше предлози од некои луѓе за затворање на Берзата на едно година дена, па кога се ќе се смири пак да ја отвориме - но да се вратиме во реалноста.

Постов решив конечно да го напишам затоа што успеав да ја најдам филозофијата зад слушувањата на МБ - старите рекле “гладна кокошка просо сонува“. Токму тоа се случува на МБ веќе подолго време.

Силно реагирав, и сеуште реагирам кога независните медиуми “зависно“ известуваат. Сите макар и незначајни позитивни резултати помпезно се објавуваат додека на многуте драстично лоши случувања не им обрнуваат ниту најмалку внимание. Еве утрово прочитав дека министерството за финансии (treasury) во САД не успеале да ги убедат комерцијалните банки и понатаму да ги држат ниските камати и поволните услови за кредитирање на населението. Иако не сум економист ќе се осудам да кажам дека спиралата се качи едно скалило погоре и дека ќе биде уште полошо но не верувам дека ова ќе биде споменато на било кои “економски“ вести на било која од домашните телевизии. Наместо тоа повторно ќе се појават “домашните експерти“ кои ќе не убедуваат дека утре се ќе заврши и ќе се вратат цените од 01.сеп.2007.

За жал вистината е друга. Од почетокот на годинава континуирано се изнесуваат пари од Македонија со намалување на нивните удели во Мак компаниите, пр: Гранит - Хрватска Поштенска 02.јан.2008 9,15% - 01.окт.2008 8,28%; но ова никој не го кажува јавно дури и постоеше обид за фалсификат кога во билтените за Мај и Јуни МБ изнесе неточни информации за домашните и странските вложувања на МБ кои покажуваа повеќе странкси капитал во куповната страна но конечно ги корегираа во Август каде се покажа дека во сите 9 месеци од 2008 година странците повеќе продаваат отколку што купуваат (единствено во Август сликата е спротивно но тоа се должи на превземањето на ИК Банка од страна на Demir Halk, која доколку се изземе повторно се добива дека странците повеќе продаваат отколку што купуваат).

Дополнителен проблем создава и фактот што во Ноември ќе наврши 1 година од почетокот на работа на домашните фондови. Тие ќе слават јубилеј но со црн превез. По последните податоци портфолијата, односно уделите, во фондовите се 30-40% намалени т.е. доколку во Ное 2007 сте вложиле 10000 во на пр. Иново фонд сега имате околу 6100. Револтот кај луѓето ќе биде таков што нагло ќе почнат да ги повлекуваат уделите што ќе им направи проблем на фондовите да ги исплатат со што реално е да се очекува дека во првиот налет цените на акциите кои во моментов ги поседуваат фондовите драстично да почне да паѓа. Не би сакал да претпоставувам каде фондовите вложувале но претпоставувам дека на МБ тоа се 30 најтргувани акции (МБИ10 и дел од МБИД). Значи кој ќе каже дека во Ноември ќе биде подобро или незнае или лаже. Соодветно од искуство знам дека поради ова во Октомври фондовите драстично ќе влијаат на цените на берзата очекувајќи го ударот во Ноември но не верувам дека ќе успеат да ги качат цените на акциите и се плашам дека ќе се обидат да ги спуштат што е можно повеќе за да ги натераат луѓето да не излегуваат уништувајќи си ги своите портфолија.

Така што луѓе ако барате совет еве го мојот: Кога ви велат не паничете - паничете, кога ви велат не продавајте - продавајте затоа што како што рече еден стручњак на CNN - “The worst is yet to come.“ (превод: Најлошото допрво доаѓа.)
 
Член од
9 август 2008
Мислења
781
Поени од реакции
40
Може некој да ми каже кои странски инвестиционни фондови учествуваат на Македонската берза ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom