Апатија на Македонската Берза
Конечно по 3 недели и јас да одвојам дел од своето време за посета на една Брокерска куќа (онаа во која тргувам) и да погледам како изгледа еден трговски ден на Берзата.
По првичните поздравувања со дел од брокерите и клиентите (потошно клиентот) конечно на Станица за Тргување ги излистав некои од компаниите, оние најтргуваните. За жал немаше потреба да ги листам на први 50 бидејќи ни први 10 небеше полно. Кај некои компании (Топлификација) имаше едвај 4 куповни налози на сите цени (досега нешто невидено). Клиентот, постојан играч и човек чие мислење вреди, го прашав што имало дур ме немаше - одговорот кажуваше се „Ништо - ама во буквална смисла на зборот.“
По листањето на Македонската Берза следи отворање на
www.bloomberg.com и следење на случувањата во Светот. Бидејќи веќе дома ја ѕирнав Азија повеќе ме интересираше Европа но заради Божиќните празници Европските Берзи не работеа. Иако кај нас не беше празнична атмосфера случувањата на берзата говореа дека и МБ не функционира. Се до 10:25 немаше вистинско тргување (блок во Кватро Штип и нешто ситно). И во наредниот период ситуацијата беше се само не динамична. Продавачите инертни, купувачи како и да нема; најголемиот дел од времето го потрошивме муабетејќи за светските случувања и нивниот ефект, можната девалвација и останати работи, всушност говоревме за се освен за МБ и хартиите од вредност. Не издржав до 13:00 туку си заминав во 12:00 разочаран од потрошените два часа гледање во монитор на кој 4 розеви се невозможна мисија.
Заклучок, во Ноември МБ доживеа сериозен удар со пад на МБИ10 за околу 25% но никогаш во тој период ситуацијата не беше толку апатична колку денес, а според кажаното од другите, и во овој цел месец. Некои во Декември ќе гледаат месец на стабилизација и со можно стабилизирање на светската криза ќе препознаат момент за инвестиција - верувајте првиот поглед лаже. Инвеститори се помалку, малите акционери немајќи каде како извор на средства ќе ги имаат само хартиите од вредност и ситуацијата во првиот квартал од 2009 година нема да биде среќен за МБИ10 и другите котирани компании на МБ.