На МБ има повеќе обврзници, но се тргуваат девизно штедење и денационализација од 2001 до 2007; инаку кога ќе отвориш
www.mse.com.mk ќе ги видиш како РМ## или како РМДЕН##, каде ## е годината на издавање.
Како се тргуваат? - одиш во Брокерска куќа и им викаш сакам да купам обврзници, и они ти викаат ОК баче уплати пари на сметка, провизија ти е 0,4% минимум за купување ти се 50-60 илјади денари. Откога ќе го направиш ова се враќаш во Брокерската куќа со уплатницата и брокерот ти вика од кои обврзници сакаш, ти му викаш ај предложи некои, а он ти враќа сите се исти, купи си од најевтините. Пошто во моментов најевтини се РМДЕН05, РМДЕН06 и РМДЕН07, околу 84, си купуваш некои од нив и си завршил работа.
Колку обично чинат? - значи за разлика од акциите обврзниците не се рачунаат во апсолутна туку во релативна вредност. Бројчето, она околу 84, всушност преставува колку проценти од вредноста е моменталната вредност на обврзниците, т.е. државата наместо да врати кеш или имот од денационализација на сопственикот му дава обврзници. Е овој ако требало да земе 10000 денари државата му дава 10000 денари ама во обврзници. Пошто нема потреба да плаќа комуналии човеков иде на Берза да си земе нешо паричка и таму му викаат батка моментално обврзниците идат 84 значи за неговите обврзници во вредност од 10000 денари он ќе земе 10000*84/100=8400 денари. Иначе, обично една обврзница има номинална вредност од 1 евро (барем така е за РМДЕН07), ама веруј никој не ги гледа обврзниците на овој начин.
Колку камата се добива од нив? - Е, заец ну погоди! Колку што сум ја информиран, а за оваа тема и не сум така добро информиран, камата не се дели. Мислам дека државата има обврска по 10 години да ја исплати целосната сума, значи доколку си купиш РМ01 по 91 за 91000 денари тогаш државата во 2011 година ќе ти исплати 100000 денари. Најискрено околу ова последново ништо не тврдам и можам само да ветам дека ќе проверам и штом дознаам одма post-ирам.