Добро, првенствено најприсутни, сеуште, од странските фондови се Хрватска Поштенска, Потеца и Звеза РЗЗОЈ - барем јас така мислам.
Второ, добар коментар околу она што еден од трите мак фондови го изнесе како “информација“. Имено во понеделникот 13.10. уделот на Иново фондот беше 49,06 за во четвртокот 16.10. тој да биде 52,93 односно по изнесувањето на нивната информација кога берзата бележи колапс брокерите од Иново успеа да ја покачат вредноста на уделот за скоро 4 индексни поени. Сега се прашувате како тоа така успешни брокери кои кога се паѓа ја подобруваат вредноста на своето портфолио - дозволиле во период од 11 месеци да изгубат половина од доверените средства. Објаснувањето е просто - К15-ско: “Се додека има овци ќе има и џемпери“. Со изнесувањето на “информации на Сител, лековерните инвеститори ги извадија парите од под перница и се залетаа да купат - “евтини акции“. Со напливот на купувачи вредноста на акциите порасна за максималните дозволени 10%. По што во повеќето - да не речам сите - компании од МБИ 10 токму фондовите отуѓуваа акции од своите портфолија. Откако ги наполнија граѓаните со “ефтини акции“ ја бутнаа цената и сега ќе чекаат да си купат акции на “високи цени“ за едно 10 до 15 проценти пониски од “ефтините цени“ по кои ги продадоа своите удели.
За жал Македонија не е нормална држава па се ова пројде со амин на Македонската Берза, Комисијата за Хартии од Вредност, Брокерските Друштва и медиумите. Верувале или не сите соработуваа во оваа акција - МБ со мерките, по мерка на инвестиционите фондови, за времено ограничување на дневните флуктуации на вредноста на акциите, брокерите кои не ги советуваа инвеститорите за горенаведената ситуација, КХВ која во меѓувреме “бркаше вештерки“ наместо да ја контролира ситуацијата и медиумите кои “непристрасно информираа“ целово време. Значи повторно ова да се случеше во Таџикистан и тамошното КХВ видеше дека вакво нешто се случува немаше да поведе постапка - туку ќе поведеше егзекуција.
На крајот одговорот на прашањето во насловот - “Крај на МБ - мит или стварност?“ лежи во долгоспоменуваната аналогија за МБ дека е локална пиљара и дека конечно таа треба да се претвори во пристојна продавница но сепак ќе кажам дека со последниве случувања МБ повеќе заличува на пропадната тезга!