Ваљда намалена за 30-50%.
Stefus Corp. Нешто се мати со Тутунска, извадокот од интервјуто со Богов ми мириса на интервенција на НБМ
„Кои од нив се воздржани?
Стопанска банка во последните неколку години беше доста воздржана, меѓутоа секогаш имаше позитивни стапки на кредитен раст. Никогаш не го намали кредитирањето. Но, кај НЛБ Тутунска банка морам да кажам дека минатата година имавме намалување на кредитниот раст, и оваа година тоа продолжува. Јас имав сериозни разговори со Надзорниот одбор од Љубљана, таму реагиравме дека таквото однесување е несоодветно и може репутациски да се одрази негативно на банката. Добив ветување дека тие ќе ја преиспитаат нивната политика, особено што нема никаква причина НЛБ Тутунска банка да не кредитира во Македонија. Затоа што банката не се потпира на средства за финансирање од матичната банка, целосно се финансира од сопствени извори тука во земјата, има едно од најдобрите кредитни портфолија, профитабилна е, има одлична ликвидност, има исклучително квалитетни системи на управување со кредитен ризик, веројатно едни од најдобрите во земјава.
Зошто тогаш не кредитираат?
Тоа е стратегија на мајката, која мора да направи намалување на својата кредитна изложеност за целата групација, и тие таргети ги наметнуваат за сите банки во групацијата пропорционално, без оглед каква е состојбата во поединечни банки.
Може ли монетарната власт овде на некоја странска банка да и' каже дека мора да го зголеми кредитирањето?
Банката треба да носи рационални одлуки, а таа нивна одлука е нерационална затоа што на тој начин губат профит што тука би го оствариле. Порационално би било тие банки што имаат проблеми да го намалат своето кредитно портфолио, меѓутоа тие што немаат проблеми да вршат експанзија. И секако, НБМ е регулатор што ги оценува постојано акционерите, односно нивната подобност да бидат акционери во нашите банки. Значи, има основа.
Ние може да оцениме дека еве, акционерот во Словенија во моментов е во незавидна состојба и не може финансиски да ја поддржи банката во Македонија. Не само финансиски, туку и функционално. Уште не сме донеле таква оценка, но би можеле. Тоа е аргумент што би можеле да го употребиме во секој момент доколку акционерите од Словенија не ја согледаат реално состојбата тука и не носат правилни одлуки за нивната банка во Македонија. “