- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.853
уффф ва баш не требаше!
Готов ни е и финансискиот (банкарскиот) сектор изгледа!?... иако оние од СТБ се фалат!?
http://faktor.mk/archives/62620
Комерцијална банка со загуба од 401,5 милиони денари (6, 5 милиони евра) во првите шест месеци
30/07/2013 // Пред 6 часа // ФИНАНСИИ // Коментирај
Комерцијална банка АД Скопје, во првите шест месеци од годинава, остварила негативен финансиски резултат во износ од 401,5 милиони денари, покажуваат неревидираните баланси кои ги објави Банката. Негативниот финансиски резултат е остварен во услови на неповолна економска состојба која влијае на натамошно влошување на кредитното портфолио и дополнителна исправка на вредноста на финансиските средства која е двојно поголема во однос на истиот период лани.
Иако остварената добивка пред исправка на вредност, бележи зголемување од 5,7% во однос на истиот период минатата година, таа не е доволна за покривање на споменатата исправка на вредност на финансиските средства.
Остварените нето приходи од камати бележат пораст од 3,2% во однос на остварените нето приходи во истиот период лани, и покрај намалените каматни стапки почнувајќи од 01.02.2013 година. Планираните нето приходи од камата заклучно со 30.06.2013 година се остварени со 87,7%.
Нето приходите од провизии и надоместоци на крајот од првото полугодие изнесуваат 438,6 милиони денари и во однос на истиот период лани бележат минимално зголемување од 0,2%, со што Планот за истиот период е реализиран со 91,3%. Ваквата динамика на нето-приходите од провизии и надоместоци е резултат на значително намалување на обемот на гаранциското и акредитивното работење.
Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 37,5 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат намалување од 21,5%, со што Планот за истиот период е остварен со 107,8%.
Останатите приходи од работењето на Банката за првите шест месеци изнесуваат 139,6 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 13,1%, главно како резултат на повеќе остварени нето добивки од средствата расположливи за продажба и приходи од девизно работење (арбитражи).
Оперативните расходи на Банката изнесуваат -939,9 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се зголемени за 5,0% како резултат на зголемени трошоци за вработените и зголемени останати расходи од дејноста, при што, планот за првото полугодие е остварен со 99,8%. Порастот на останатите расходи од дејноста за 4,4% главно е резултат на зголемени премии за осигурување на депозитите за 6,4% согласно континуираниот пораст на депозитите на нефинансискиот сектор, како и поради пораст на расходите од девизно работење.
Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа достигна износ од -69,6 милион денари и во однос на истиот период минатата година бележи намалување од 24,2%. Исправката на вредност на финансиските средства на нето основа на крајот од јуни достигна износ од -1.459,9 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележи зголемување од 105,4%, како резултат на влошување на состојбата кај стопанските субјекти и влошено кредитно портфолио на Банката. Исправката на вредност не значи дефинитивна загуба поради оштетување на споменатите пласмани, при што, доколку се подобрат состојбите со клиентите и делумно, или целосно се наплатат побарувањата, ќе дојде до корекција, односно ослободување на исправката на вредност. Ова би имало соодветен одраз и на финансискиот резултат на банката.