Македонска берза

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
уффф ва баш не требаше!
Готов ни е и финансискиот (банкарскиот) сектор изгледа!?... иако оние од СТБ се фалат!?
http://faktor.mk/archives/62620
Комерцијална банка со загуба од 401,5 милиони денари (6, 5 милиони евра) во првите шест месеци

30/07/2013 // Пред 6 часа // ФИНАНСИИ // Коментирај

Комерцијална банка АД Скопје, во првите шест месеци од годинава, остварила негативен финансиски резултат во износ од 401,5 милиони денари, покажуваат неревидираните баланси кои ги објави Банката. Негативниот финансиски резултат е остварен во услови на неповолна економска состојба која влијае на натамошно влошување на кредитното портфолио и дополнителна исправка на вредноста на финансиските средства која е двојно поголема во однос на истиот период лани.
Иако остварената добивка пред исправка на вредност, бележи зголемување од 5,7% во однос на истиот период минатата година, таа не е доволна за покривање на споменатата исправка на вредност на финансиските средства.
Остварените нето приходи од камати бележат пораст од 3,2% во однос на остварените нето приходи во истиот период лани, и покрај намалените каматни стапки почнувајќи од 01.02.2013 година. Планираните нето приходи од камата заклучно со 30.06.2013 година се остварени со 87,7%.
Нето приходите од провизии и надоместоци на крајот од првото полугодие изнесуваат 438,6 милиони денари и во однос на истиот период лани бележат минимално зголемување од 0,2%, со што Планот за истиот период е реализиран со 91,3%. Ваквата динамика на нето-приходите од провизии и надоместоци е резултат на значително намалување на обемот на гаранциското и акредитивното работење.
Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 37,5 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат намалување од 21,5%, со што Планот за истиот период е остварен со 107,8%.
Останатите приходи од работењето на Банката за првите шест месеци изнесуваат 139,6 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 13,1%, главно како резултат на повеќе остварени нето добивки од средствата расположливи за продажба и приходи од девизно работење (арбитражи).
Оперативните расходи на Банката изнесуваат -939,9 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се зголемени за 5,0% како резултат на зголемени трошоци за вработените и зголемени останати расходи од дејноста, при што, планот за првото полугодие е остварен со 99,8%. Порастот на останатите расходи од дејноста за 4,4% главно е резултат на зголемени премии за осигурување на депозитите за 6,4% согласно континуираниот пораст на депозитите на нефинансискиот сектор, како и поради пораст на расходите од девизно работење.
Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа достигна износ од -69,6 милион денари и во однос на истиот период минатата година бележи намалување од 24,2%. Исправката на вредност на финансиските средства на нето основа на крајот од јуни достигна износ од -1.459,9 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележи зголемување од 105,4%, како резултат на влошување на состојбата кај стопанските субјекти и влошено кредитно портфолио на Банката. Исправката на вредност не значи дефинитивна загуба поради оштетување на споменатите пласмани, при што, доколку се подобрат состојбите со клиентите и делумно, или целосно се наплатат побарувањата, ќе дојде до корекција, односно ослободување на исправката на вредност. Ова би имало соодветен одраз и на финансискиот резултат на банката.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
почна да ме фаќа нервоза од акциите во Комерцијална,
преку 10 000 евра минус:( и Др змиго не ми се отвара темата до некое "подобро време"
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
НБРМ: Продолжува закрепнувањето на македонската економија

Носител на кредитниот пораст во првиот квартал од годинава се кредитните домаќинства и кредитите во денари, , што соодветствува со трендот на „денаризација“ на депозитната база на банките, стои во соопштението на НБРМ.
-Ваквиот тренд на побрз пораст на денарските кредити продолжи и во вториот квартал од 2013 година. Во наредниот период се очекува понатамошно зголемување на кредитниот пораст кон нефинансиските субјекти, под влијание на сигналите за закрепнување на домашната економија и очекувањата за постабилен амбиент – објаснуваат од НБМ, по денешната седница на која го разгледале најновиот квартал извештај.
- Закрепнувањето на домашната економија продолжи и во првото тримесечје на 2013 година, при што БДП оствари годишен пораст од 2,9%. Остварениот пораст е малку посилен од очекуваниот во априлската проекција, одразувајќи ги подобрите остварувања кај инвестициската побарувачка и посилниот позитивен придонес на нето-извозот – велат од НБМ.

Биче боље биче боље... КМБ е за никаде на ТНБ и е малку разочарувачки извештајот ама ништо премногу страшно.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Аирлија - нека продолжи трендот на раст... Дај Боже и да се зголеми! Само инфлацијата малку да падне, да се намали де! :)

Après aussi (так ли беше на Фр?) Исто така - добра вест за инвеститорите!? Ќе влијае ли и во Еу, на МБИ 10? Или неа булдожер Caterpillar не ја померува?

http://faktor.mk/archives/63227

Добрите економски податоци го дигнаа индексот S&P над 1.700 поени

02/08/2013 // Пред 2 часа // ФИНАНСИИ // Коментирај

Благодарение на добрите податоци од американската економија, на Волстрит во четвртокот, индексите Dow Jones и S&P 500 ги достигнаа новите највисоки нивоа во историјата.
Така, индексот Dow Jones зајакна за 0,83 отсто, на 15.628 поени, додека индексот S&P 500 се зголеми за 1,25 проценти, на 1.7006 поени, а индексот Nasdaq порасна за 1,36 отсто, на 3.675 индексни поени, што претставува највисоко ниво во последните тринаесет години.
Пробивањето на индексот S&P 500 над нивото од 1.700 поени, првпат во историјата, дојде благодарение на растот на цената на акциите во сите 10 сектори од овој индекс. Најмногу притоа пораснаа цените во секторите поврзани со растот на економијата, како што се финансискиот, индустрискиот и технолошкиот.
Доброто расположение на берзите е производ на сигурноста на инвеститорите откако американската централна банка Federal Reserve (Fed) во средата порача дека на економијата и натаму и’ е потребна поддршка, и оттаму ќе продолжи да ги спроведува програмите за купување државни и хипотекарни обврзници. Така, американската централна банка инјектира на финансиските пазари месечно 85 милијарди американски долари, евтини пари кои веќе подолго време го поттикнуваат растот на цените на акциите.
Лабавата монетарна политика Fed ќе ја води сé додека економијата не застане цврсто на патот на заздравувањето, А откако во средата беше објавено дека растот на амерканската економија во вториот квартал од 2013 година забрзал од 1,1 отсто од претходното тримесечје на 1,7 отсто, во четвртокот беа објавени нови охрабрувачки макроекономски податоци.
Институтот за менаџери на порачките (ISM) извести дека неговиот индекс на фабричките активности во САД во јули скокнал од 50,9 на 55,4 отсто, што претставува највисокото ниво во последните две години.
„Податоците за бруто домашниот производ (БДП) ги потврдија процените дека растот на економијата забрза во вториот квартал, а јакнењето на индексот ISM во многу области покажува дека ситуацијата дополнително се подобрува. Тоа е главната причина за растот на цените на акциите”, вели за Reuters Брајан Амидеи, директор во компанијата „HighTower Advisors”.
Објавено беше, исто така, и дека бројот на првите барања за помош на невработените минатата седмица паднал за 19 илјади, на 326 илјади, што претставува најниско ниво од јануари 2008 година, што укажува на опоравување на пазарите на трудот.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Секој ден се рушат рекорди, кај нас доаѓа најпоследно и најкратко трае . Се ме потсека на 2006-7 слично беше.

Инаку ке биде интересно кај Макпетрол се спрема вонредно собрание за овој месец и тоа за изненадување во Скопје, решил некоj да им стави крај на овие битанги.
 
Член од
11 април 2013
Мислења
65
Поени од реакции
39

Дај боже
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Аман бе луѓе, нема ли веќе расправи, постови мислења за берзата? И идеите и мислењата ли тонат, како што тоне берзата!? А таа тоне ли тоне! И таа и КБ кон историскиот минимум.... многу фалената ТПФ кон психолошката граница, ТЕЛ забетониран веќе 3 г +- на 500....
Денес како циркуларен меил добив еден, во кој многу што кажува како функционира берзата... Без намера некого да навредам, ниту да изразам скепса према берзите... да се разбереме, лично би сакал индексот барем да се дуплира... ќе го објавам со извинување што е на туѓ јазик, но ќе разберат повеќето.

Berzanski majmuni
U malo afričko selo, došao jednom jedan gospodin, lepo obučen, odseo u jedinom hotelu koji je postojao u selu i objavio na celoj stranici lokalnog lista da kupuje majmune i plaća za svakog ulovljenog majmuna 10$.
Seljaci koji su znali da je šuma puna majmuna pojuriše da love majmune i čovek ih je uredno isplaćivao, kako je i objavio. Kad je ostalo malo majmuna i kad je postalo teško da ih ulove, seljaci su prestali da mu ih donose.
Gospodin je tada obećao 20$ za majmuna i seljaci su ponovo potrčali da ih love.
Opet je ponestalo majmuna i gospodin je povećao cenu na 25$, a lovci su ulovili onih nekoliko preostalih, ali i tome je došao kraj. Sad je gospodin obećao 50$, ali majmuna više nije bilo....

On je otputovao i njegov partner se uputio seljacima i rekao: Pogledajte ove kaveze, puni su majmuna koje je moj šef kupio za svoju kolekciju. Predlažem vam da ih kupite za 35$ i kad se šef vrati on će vam ih kupiti za 50$, što je bila poslednja cena.
Seljaci skupiše ono što su uštedeli celog života i kupiše hiljade majmuna koji su bili po kavezima,
očekujući povratak gospodina.
Od tog dana nisu više videli ni jednog ni drugog. U selu su ostali majmuni, oni u kavezima i oni izvan
njih.
Imate li sad jasniju viziju kako funkcionišu finansijske berze?
mnogu jako, a ne ja daobivam mejlovi od ilirika i sl. paceri od makedonija i sekoj mejl ko u stil eve sega ke trgne sega i vistinski moment. Ne deka gi obvinuvam nasite kompanii sto kotiraat na berza i onie sto posreduvaat vo kupoprodazbata na hartii od vrednost,(brokerski kukji i investiciski fondovi) Smetam deka problemot e pogolem i povrzan najmnogu so idninata na drzavata okolu eu i nato. Realno zamislite da rabotite vo nekoi stranski fond i poteknuvate od norveska a rabotite vo francija ili amerika ke vi padne li na pamet da kupuvate vo makedonija nekogas???
--- надополнето: 8 август 2013 во 23:14 ---

Samo da se nadopolnoam bez sredstva od stranski kupuvaci, mislam na pravni lica, ne moze da ima stabilen, dolgotraen rast na inteksite
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.027
Поени од реакции
12.531

Со други зборови кажано, македонските берзански играчи не знаат што е тоа капитализам, сеуште живеат во Студената Војна, верувајќи дека идеологите, а не парите, се клучен фактор во економскиот развој на една држава.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Македонски Телеком и Т-Мобиле остануваат на водечката позиција и во првото полугодие на 2013 година, според консолидираните финансиски резултати, согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ). Продолжува трендот на пораст во интернет и IPTV сегментот, а драстично се намалуваат приходите од говорните услуги.
Во текот на првото полугодие на 2013 година, приходите на ниво на Групација изнесуваат 6,3 милијарди денари што претставува намалување од 9,2% во споредба со истиот период во 2012 година. А,нето добивката е намалена за 39,5% и изнесува 1,1 милијарди денари.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
mnogu jako, a ne ja daobivam mejlovi od ilirika i sl. paceri od makedonija i sekoj mejl ko u stil eve sega ke trgne sega i vistinski moment. Ne deka gi obvinuvam nasite kompanii sto kotiraat na berza i onie sto posreduvaat vo kupoprodazbata na hartii od vrednost,(brokerski kukji i investiciski fondovi) Smetam deka problemot e pogolem i povrzan najmnogu so idninata na drzavata okolu eu i nato. Realno zamislite da rabotite vo nekoi stranski fond i poteknuvate od norveska a rabotite vo francija ili amerika ke vi padne li na pamet da kupuvate vo makedonija nekogas???
--- надополнето: 8 август 2013 во 23:14 ---
Samo da se nadopolnoam bez sredstva od stranski kupuvaci, mislam na pravni lica, ne moze da ima stabilen, dolgotraen rast na inteksite
Мене пак ми се чини дека ќе купуваат те ќе инвестираат странски ИФ! Како што, (колку и да ни е срам да признаеме) периодот таму пред 8-10 години словенечки и хрватски фондови дојдоа тука инвестираа милионски суми (тие најмногу и понекој од ‘‘локалниве ташаклии‘‘) и поштено не искрадоа!.... Инвестираа тие на нашата берза неколку милиони Евра, при што ја раздвижива берзата (веројатно на секому му е јасно зошто тогаш берзата така вртоглаво почна да расне!?) Па поради странските ИФ кои купуваа на МБИ10, сигурно не помислува некој дека Витаминка или АЛК изградија тогаш уште една ф-ка при што се зголеми вредноста на нивната акција за двапати, или пак профитот нивни изнесуваше 100% годишно... не секако! Главната причина за енормниот раст на индексот на МБИ10, беа инвеститорите од (Сл и Хр) со своите пар милиони Евра вложени на МБИ10 и нивното најголемо оружје на кое тие сметаа и играа (и не ги излажа инстинктот!) а тоа е алчноста, наивноста и неукоста (финансиската неукост мислам) на некои наши сограѓани, кои секојдневно беа бомбардирани со информации (во сите медиуми) меѓусебни разговори со колеги, пријатели, роднини..... како тоа берзата расне ли расне и треба да се вложи таму, при што брзоплето ги инвестираа своите заштеди на берзата... други одеа подалеку па се задолжуваа кај банките, позајмуваа од пријатели, роднини.... без да размислат дека инвестираат на берза која (тогаш вртоглаво раснеше) но која може и да паѓа (во што се уверивме годините потоа) кога се повлекоа странските инвеститори со профит од 50 па веројатно и до 100%... а бонус ни беше и престојната светска криза која започна нели крајот на 2007 со ‘‘хипотеките‘‘ во УСА и банкротот на повеќе нивни банки (вклучувајки ја и втората по големина).... тоа ја дотепа берзата!
Еве сега гледаме период од 2-3 месеци, дека полека ама сигурно заживуваат берзите на американскиот континент особено, па и на далечниот исток ми се чини и Европската се движеше по нагорна линија.... а нашава тоне ли тоне!? Никој од надвор не доаѓа да инвестира овдека. Веројатно економскиот раст на останатите берзи не е доволен, кризата сеуште си го прави своето... а највеќе поради оние што се испекоа 2005-6-7! Сеуште не е избледено сеќавањето сеуште не се излечени раните... најверојатно се чекаат нови генерации за стрижење.... нешто слично како оној пирамидален метод на собирање пари кој срамежливо се појави крајот на 80-тите, па со Пешев средината на 90-тите при што многумина се испекоа со паролата: ‘‘Џек-пот - пари без пот‘‘ .... и оттогаш циклично се појавува на деценија или повеќе, кога има се помалку сеќавање на она првото ‘‘цап-царап‘‘.... оние што се средна или постара генерација се сеќаваат на тоа! Е сега, на берзата изгорева малку повеќе пари отколку во Џек потот и сеќавањата се како реков сеуште свежи.... Но не би ме чудело, за период од 2-3-4 години, при услови да заврши кризата во светската економија.... повторно нам да ни се случи 2004-5-6... Т. е. да дојде некој ташаклија инвеститор кој со неколку милиони ќе ја крене берзата за трипати отколку е сега кое индексот (1600).... ќе ја направи на 5,000 за кратко време.... при што за период од година ќе излезе, а берзата за период од 2 години (карикирам сега, ако не на сегашниве 1600, ќе падне на 2000....
Тоа е моето мислење, значи да! Мислам дека може да се очекува да инвестираат странски инвеститори на берзата, но кога и како - тоа е наградно прашање. Не е голема мудрост нели!? Кој го знае, или осети јако ќе се офајди! За добар сурф нели треба да се фати бранот! Кој го фати, алал да му е... кој не, бранот ќе го покрие!
До каде ќе оди индексот навистина незнам!?
До каде ТПЛФ уште помалку (предходно ми се чини ти прогнозираше дека до 800, па потоа нагоре!? Изгледа си сосема во право!)
Но највеќе ме интересира до каде ќе тоне КМБ? Ова (1,800,-) историски минимум ли е? Ако не е, тогаш таму почетокот 2009 беше некоја банка помала вредноста....
Господ напомош! И на берзата и на целата економија!
 
Poptolno si vo pravo vo mnogu segmenti, no kako sto i samoit kaza predhodniot ciklus 2005-07 koga rastese berzata vlozuvaa slovenski i hrvatski fondovi pred se (i dvajcata mislime na niv koa vikame stranski) e sega problemot e sto ovie zemji imaat problem so likvidnost i dolgovi, krizata pojako gi pogoduva i sl... alternativni vlozuvaci nema, i razbiram zasto. Bivsa jugoslavija si go napravi svoeto normalno e prvi da vlozuvaat lokalnite moknici od balkanot a niv gi nema i verojatno podolg period nema da gi ima na ovie prostori vo silno svetlo. Amerikanski fondovi .... zaboravi, amerika poleka se povlekuva od balkanot geostrateski ne gledam nekoja posebna zelba za kaj nas. Ostanuvaat Grcija i Bugarija koi nemaat takva mok i organizirani drzavi i biznis za pogolemi potfati. Ednistveno svetlo vo ovoj mracen tunel moze i ne mora da bide TURCIJA, ona e silen igrac so istoriski i kulturni vrski vo ovie prostori sto sepak kolku i da negirame e klucen preduslov (germancite investiraat vo avstrijam ungarija i hrvatska, ne slucajno) Turcite se se prisudni tuka ne mislam na TAV i aerodromot iako i toa ne e mala rabota, HULK BANK e dosta solidna i mislam deka e vo top 5 vo makedonija, posle komercijalna, tutunska i stopanska mislam deka e i hulk 4 mozebi 5ta banka. Slovencite koga "pravea majmuni" na berzata ja imaa tutunska banka vo dzeb, kako i dr kompanii od finanskikiot sektor mislam na investiciski fondovi i osiguritelni kompanii. Zatoa mozno e turcite da vlezat najmnogu i da go napravat ona sto go napravija slovencite 2005-07, ama sega pamet u glava i prati gi niv. realno nas ni odgovara i turski kapital (bilo kakov ni odgovara) ali verojatno prijatelstvoto so turcija poveke slucajno na nivna inicijativa (kako mn pati porano istoriski, jas vikam imame poveke sreka nego pamet i zatoa imame kakva takva drzava) moze da ni gi otvori vratite vo idnina, ne se malku koj smetaat deka vo naredni 50 g ke se vratat na golemata scena vo geo politicki pogled, imaat strateska mn jaka pozicija na bliskiot istok, kako i nivnata kontakt zona na spoj pomegu zapadnite civilizacii i arapsko islamskiot svet, taa zemja ke bide prmier po koj ke se gradat sovremenite arapski drzavi posle ovie site nemiri koi se slucuvaat. so site mani na rezimot vo turcija toj e mnogu po demokraticen i razvion on onoj na mubarak ili gadafi. Mozebi ova moe mislenje ne najsoodvetno za ovaa tema, no sakav nekako da objasnam zasto mislam deka novata slovonija (koja kupuvase se vo mk) ke bide tokmu turcija, deka ne mi padnalo na son ili taka od rakav si tresam. ;)
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
ALK taka i taka izvestaj...TEL uste eden los kvartal vo dolaga serija i promasuvanja. TPLF sitnal akcii od TE-TO na sintez grup. E sega stvarno TPLF nema biznis...moze da se preorjetiraat vo prodavanje piperki na zelno pazarce. TPLF ne gi razbiram a mislam i deka nemoze vekje da se razbere toa sto go pravaat.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Топлификација испадна во целата работа најпамента. Својте побарувања од 15м евра од граѓани никаде не ги заложила, наседнаа банките КМБ и Стопанска банка Скопје. Топлификација се одлучи на ова откако ја доби дистрибуцијата за моментално 70 иљади семејства моментално Чаир и Карпош мислам дека се во ваза и за останатите општини и градови, дополнително ја изведуваат гасификацијата на цела РМ. На крајот сега Русот треба да му ја мисли, централата неможе да ја носи никаде па по оваа постапка на топлификација ке навалат извршители со заплена на имот на ТЕ-ТО во тој случај ТПЛФ може да си заплени многу повеќе отколку што продаде минатата недела, волци се овие од тплф кој не ги дознал скапо ке го чинат.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
Dali moze da mi objasni nekoj sto ke se slucuva so TEL.vo narednite meseci, taa kompanija ima 40% pomal profit a cenata ie ista? Kolkavabi trebalo da e dividendata za 2013 za da ja zadrzi cenata na510den.po akcija ?Ili mozebi jas loso gi citam rezultatite ? Ve molam za mislenje i sovet okolu kupuvanje na ovaa akcijao_O
 
Kajgana Shop

На врв Bottom