Македонска берза

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Макпетрол“ секој ден прави загуба од 19.285 евра!

Компанијата со најмногу бензински пумпи за 6 месеци има загуба од 3,5 милиони евра.

Најголемата македонска компанија за малопродажба на нафтени деривати секој ден прави загуба од 19.285 евра од почетокот на годинава до крајот на јуни, покажуваат официјалните консолидирани биланси што денеска ги објави „Макпетрол“. Загубата за првите шест месеци изнесува 217,4 милиони денари (околу 3,53 милиони евра) и во споредба со истиот период лани загубата годинава е повисока за 96,6 милиони денари (околу 1,5 милиони евра).
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Во последните 5 години од Гранит добивав дивиденда помеѓу 15-25 Септември додека Топлификација најкасно до јули, оваа година закаснија но сигурно ке го запазат рокот до 09.2013
kade sega da gi najdam toplifikacija da im dadam podatoci prv pat od niv ke zimam dividenda?
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
kade sega da gi najdam toplifikacija da im dadam podatoci prv pat od niv ke zimam dividenda?
Порано беше одговорна Бисера за однос со инвеститори сега мислам дека не е повеке тамо а контакт лицето го немаат сменето на страната на Мсе.мк ниту имаат соопштение пратено за дивидендни податоци, прати емаил на следниов маил toplif@toplif.com.mk со назнака за податоци за дивиденда. Дополнително ако си блиску појди до Тафталиџе централата па тамо сигурно ке најдеш некој.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
kade sega da gi najdam toplifikacija da im dadam podatoci prv pat od niv ke zimam dividenda?
а што би се случило ако не им дадеш податоци (пашањево ми е општо, не само на топлификација), можат да пропаднат парите од дивидендата или ...?
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
а што би се случило ако не им дадеш податоци (пашањево ми е општо, не само на топлификација), можат да пропаднат парите од дивидендата или ...?
mislam ne imas pravo na tie pari podolgo vreme
 
Член од
11 април 2013
Мислења
65
Поени од реакции
39
Гранит“ должи 79 милиони евра!


Најголемата македонска градежна компанија „Гранит“ остварила добивка од 149,5 милиони денари (2,42 милиони евра) за првите шест месеци годинава, покажуваат официјалните податоци од неревидираниот консолидиран биланс на успех, објавен денеска. Ова значи дека секоја акција на „Гранит“ носи добивка од 49 денари, што на последната цена од 380 денари е потенцијален принос од 12,9 отсто. Сепак, во споредба со лани, „Гранит“ работи послабо. Минатата година во истиот период добивката била за 13 отсто повисока од таа што ја прокнижи компанијата за првите шест месеци годинава.
Сепак, сите акционери, мора да имаат предвид дека „Гранит“ за првите шест месеци годинава својот долг го зголемил за 1 милијарда денари (16,2 милиони евра) во споредба со истиот период лани. На крајот на јуни најголемата градежна компанија должи вкупно за тековни обврски 4,88 милијарди денари (79,22 милиони евра). Од таа сума најголем дел се долгови кон неговите добавувачи и тие изнесуваат 4,64 милијарди денари (75,3 милиони евра).
„Гранит“ за услуги платил 1,3 милијарди денари
При анализата на билансот особено се издвојува растот на трошоците за услуги што ги плаќа, односни ги книжи, „Гранит“. За првите шест емсеци компанијата платила вкупно 1,3 милијарди денари (21,1 милиони евра). За истата ставка лани во истото време „Гранит“ платил 340 милиони денари (5,5 милиони евра) помалку. Ова се случува во услови кога вкупните продажби на „Гранит“ се намалуваат, а воедно значајно се намалуваат и трошоците за вработените за 14 отсто односно за 49 милиони денари и изнесуваат 313 милиони денари. Оваа консталација може да наведе на заклучок дека „Гранит“ земал повеќе работа одошто можел да сработи па морал да дава на подизведувачи заради што и платил многу повеќе пари за услуги. Но фактот дека во истиот период „Гранит“ драстично го намалил трошокот за вработени укажува дека менаџментот на компанијата одлучил да дава работа на подизведувачи на сметка на платите за работниците.
Купувачите на „Гранит“ му должат 4,5 милијарди денари
Вкупно 4,5 милијарди денари (73 милиони евра) „Гранит“ треба да наплати од своите купувачи, покажуваат билансите на компанијата. Во споредба со лани побарувањата од купувачи на „Гранит“ во првите шест месеци годинава пораснале за 440 милиони денари (7,14 милиони евра), што претставува безмалку раст од 10 отсто во споредба со истиот период лани. Ако износот на побарувањата се спореди со приходот од продажба на „Гранит“ излегува дека таа компанија слабо успева да ги наплати своите побарувања за извршени работи и услуги. Податоците покажуваат дека побарувањата се речиси идентични со годишниот приход на компанијата.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
Moze li nekoj da mi dade sovet okolu kupuvanje akcii na ALK.,imeno me interesira dali evreme za buy. ili treba da se poceka uste malce? Kakva e likvidnosta na akcijata na ALK. ?
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
79
Поени од реакции
27
Знае ли некој како се одредува дивидендата на приоритетните акции од Стопанска банка -Скопје?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Знае ли некој како се одредува дивидендата на приоритетните акции од Стопанска банка -Скопје?
Мислам дека беше процентот на каматна стапка на едногодишен денарски депозит плус еден процент.
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
79
Поени од реакции
27
Мислам дека беше процентот на каматна стапка на едногодишен денарски депозит плус еден процент.

Ама тоа сметано по пазарната вредност или по таа што сум ги купил?

ПС. Фала за одговорот!
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ама тоа сметано по пазарната вредност или по таа што сум ги купил?
На номиналната вредност (мислам дека беше 400 денари, сепак провери си за сигурно).
Значи моментално процентот на каматна стапка на едногодишен денарски депозит е 4% + 1% = 5%.
5% од 400 денари е 20 денари бруто.
 
Член од
11 април 2013
Мислења
65
Поени од реакции
39
Комерцијална банка: Нема поединечен акционер со 50 илјади акции
(„Словенците продаваат 80.000 акции од Комерцијална банка“, 4 септември, МКД.МК)

Што се однесува до прашањата во врска со продажба на акции од Комерцијална банка не сме во можност да ви ги доставиме бараните информации бидејќи, како котирана компанија на Македонската берза ги објавуваме само податоците за акционерите кои поседуваат повеќе од 5 отсто од капиталот на Банката.
Заради објективно и вистинито информирање на јавноста, сакаме да Ви посочиме дека во текстот „Словенците продаваат 80.000 акции од Комерцијална банка“ наведувате неколку невистини.
Како што дознавате од брокерски извори, велите дека „Словенечката „Пробанка“ продава 80.000 акции со право на глас во „Комерцијална банка“, а досега успеа да продаде речиси 50.000 акции.“ Оваа информација не соодветствува со вистината бидејќи нема поединечен акционер на банката кој го поседува цитираниот број на акции и врши продажба на акциите во наведениот период, но исто така нема поединечен акционер кој продал толкав обем на акции.
Во вториот пасус наведувате уште една невистина од вашите берзански информатори дека, „Пробанка“ продажбата на овие 80.000 акции, кои изнесуваат 3,5 отсто од целиот капитал на „Комерцијална банка“, ја почнале на почетокот на април годинава. Досега според берзанските информатори брокерите што ги застапуваат интересите на „Пробанка“ продале околу 50.000 акции“.
Доколку аналитички им пристапите на податоците објавени на сајтот на Македонска берза тогаш ќе забележите дека во периодот од април до денес вкупниот број на тргувања на акции на Комерцијална банка изнесува 56.000 акции. Согласно податоците кои ни се достапни од Централниот депозитар за хартии од вредност, вкупниот број на продадени акции од поединечен акционер во наведениот период е значително помал од бројот на акции кој вие го наведувате, се вели во одговорот на Дирекцијата за управување и информрирање на Комерцијална банка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom