Македонска берза

Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Чкуматер, па човеков ми е како ментален близнак, ги зборува истите работи што јас цело време ги верглам на форумов. Па ова е еквивалент како кога двајца научници независно еден од друг ќе откријат нешто и ќе ја поделат Нобеловата награда
Да де, во последно време по светов се појавија еден куп ментални близнаци - квази научници кои се многу блиску со своите ставови, па интернетот им даде можност да се најдат по своите убедувања па и нас да не убедуваат во нешто што прочитале, а не го разбрале па се појавија еден куп Антиваксери, Анти 5G, Антифа, а еве и нов бран на анти - капитално пензиско осигурување.

Е од вакви професори како горенаведениот кој го цитираш, прочитал нешто и Трајко Славевски па се истрча пред некој месец со ултра глупави изјави за вториот столб. До душа тој таквите изјави ги имаше и од порано. Па сега како старо - нов економски гуру - советник го намести Мицковски да излези на прес-конференција и да предлага некои решенија - кои ниту имаа основа ниту пак беа длабински истражени и анализирани. Од како го увидоа фидбекот од јавноста, и неколкуте аргументирани критики на предлозите што ги нафрлија, наредната прес конференција го оставија сам Трајко да ги брани глупостите што претходно ги предлагаше. После вториот фидбек, изгледа застанаа малку, видоа што предлагаат - споредија со реалноста (во случајот со Естонија) и на крај резултатот е што ниту зуцнаа повеќе на оваа тема, а Трајко сам се закопа во лајната и ете од тогаш го нема никаде на пратеничките листи - а долго време пред тоа беше најавуван како човекот кој повторно ќе ја воскресне економијата но се испостави дека е квази научник (економист).

Искрено, иако ова треба да е форум, ти си го направи малско кафанче (од последните 100 постови на форумот/ 80 де твои), па во недостаток од надгледување на админите, си го сфати како дозвола за лечење на комплекси, и едно те исто да повторување 15-20 пати, со надеж дека повеќепати повторена глупост можеби ќе стане со време паметна идеја. Инаку текстов е од 2018 година и се вртеше по mojnovac во тоа време, па ете од каде можеби бил изворот на твоите генијални идеја. А зошто сега пак ти го постираш, изгледа ти само си знаеш.

Еве јас сум тука и се пријавувам доброволец за дискусија (за потреба од втор и трет столб - приватно капитално пензиско) но само под услов таа да е аргументирана, а не како досега со лечење на комплекси и јавно плукање и ширење на говор на омраза кон сите (Кхв, инвестивиски фондови, брокери, пензиски фондови...) .

Еве дали ти си ја прочитал целосната идеја за пензиската реформа? И пред тоа одговорими од каде настана воопшто потребата кај државите ширум светот за пензиска реформа и зошто престана да функционира дотогашниот пензиски систем кој се базираше на меѓугенерациска солидарност? Ако успееш да ги одговориш овие прашања можеби ќе ти кликне нешто во главата (нели паметен дечко си - член на Менса како што напиша), па ќе намалиш малку со спамирање на форумов.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.887
Поени од реакции
7.267

Неговите мислења ги знаеме, дел од критиките му држат вода (тие за вториот), дел не.
Ти наместо да се жалиш и да бараш админи да го казнат, сподели мислење, или нешто си поврзан со вториот столб :D

Зашто во сите држави, пензиските фондови се во длабок минус, што е тоа што на хартија убаво звучат, ама во реалност не излегува така.

јавно плукање и ширење на говор на омраза кон
:popce: ширење говор на омраза бе....
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Да де, во последно време по светов се појавија еден куп ментални близнаци - квази научници кои се многу блиску со своите ставови, па интернетот им даде можност да се најдат по своите убедувања па и нас да не убедуваат во нешто што прочитале, а не го разбрале па се појавија еден куп Антиваксери, Анти 5G, Антифа, а еве и нов бран на анти - капитално пензиско осигурување.

Е од вакви професори како горенаведениот кој го цитираш, прочитал нешто и Трајко Славевски па се истрча пред некој месец со ултра глупави изјави за вториот столб. До душа тој таквите изјави ги имаше и од порано. Па сега како старо - нов економски гуру - советник го намести Мицковски да излези на прес-конференција и да предлага некои решенија - кои ниту имаа основа ниту пак беа длабински истражени и анализирани. Од како го увидоа фидбекот од јавноста, и неколкуте аргументирани критики на предлозите што ги нафрлија, наредната прес конференција го оставија сам Трајко да ги брани глупостите што претходно ги предлагаше. После вториот фидбек, изгледа застанаа малку, видоа што предлагаат - споредија со реалноста (во случајот со Естонија) и на крај резултатот е што ниту зуцнаа повеќе на оваа тема, а Трајко сам се закопа во лајната и ете од тогаш го нема никаде на пратеничките листи - а долго време пред тоа беше најавуван како човекот кој повторно ќе ја воскресне економијата но се испостави дека е квази научник (економист).

Искрено, иако ова треба да е форум, ти си го направи малско кафанче (од последните 100 постови на форумот/ 80 де твои), па во недостаток од надгледување на админите, си го сфати како дозвола за лечење на комплекси, и едно те исто да повторување 15-20 пати, со надеж дека повеќепати повторена глупост можеби ќе стане со време паметна идеја. Инаку текстов е од 2018 година и се вртеше по mojnovac во тоа време, па ете од каде можеби бил изворот на твоите генијални идеја. А зошто сега пак ти го постираш, изгледа ти само си знаеш.

Еве јас сум тука и се пријавувам доброволец за дискусија (за потреба од втор и трет столб - приватно капитално пензиско) но само под услов таа да е аргументирана, а не како досега со лечење на комплекси и јавно плукање и ширење на говор на омраза кон сите (Кхв, инвестивиски фондови, брокери, пензиски фондови...) .

Еве дали ти си ја прочитал целосната идеја за пензиската реформа? И пред тоа одговорими од каде настана воопшто потребата кај државите ширум светот за пензиска реформа и зошто престана да функционира дотогашниот пензиски систем кој се базираше на меѓугенерациска солидарност? Ако успееш да ги одговориш овие прашања можеби ќе ти кликне нешто во главата (нели паметен дечко си - член на Менса како што напиша), па ќе намалиш малку со спамирање на форумов.
Обвинуваш за говор на омраза, а еве велиш дека Трајко Славески се „истрчал со ултра глупави изјави“, „брани глупости“, „се закопал во лајната“, а јас „лечам комплекси“, „повторувам глупости“, и сл. Но, да не се замараме со вакви периферни работи пошо не сум снегулка за да ме тангираат, туку да преминеме на битното.

Точно е дека мои се 80 поста, ама од нив читателите можеле да научат повеќе за финансии, инвестирање и макроекономскиот амбиент него од други 17.000 на темава. Откако почнав да пишувам дури драстично се искачи и нивото на форумот пошо веќе нема оние едноредни латинични навивачки постови, па ваљда и Кајгана треба да ми даде некаква награда за заслуги. Колатерална штета е што луѓето почнуваат да се срамат да напишат било каква подолга анализа ваљда поради страв од негативна критика ако тропнат некаква глупост. Јас барем секогаш сум ги охрабрувал и не сум им ги критикувал постовите, а само ги чекам тие што мене ми јадат гомна да испишат и они волку материјал па јас да ги сецирам со скалпел да видат луѓето колку уствари ним им сечат црпките. Мора да се признае дека барем ти храбро пишуваш и се конфронтираш, а дефинитивно постовите ти се у топ 3 по придонес за квалитетот на содржината на форумот.

Што се однесува на искомплексираноста, обвинувањата се како некојмити Хетафе да го обвинува Реал Мадрид дека е искомплексиран затоа што секоја сезона бил пред нив на табелата. И тоа не за малку, туку споредливо за 25% годишно :shok2: :shok2: :shok2: сум бил подобар од пензиските фондови конзистентно за период од над една деценија! И јас, а ваљда и они сме се труделе да оствариме што поголем принос, а резултатот е евидентен. Камо среќа да било обратно, јас да сум шлајфувал у место, а тие на пензионерите да им заработиле неколку стотици милиони евра повеќе.

Секаде во светот инвеститорите меѓусебно се мерат според просечниот годишен принос, а клиентите според тоа одлучуваат кој е најдобар за да му доверат да им го управува капиталот и да им обезбеди што поголема заработка. Човек би помислил дека при вакви катастрофални резултати фондовите барем би се покриле со уши додека си ќутат и дупат со рацете во медот од 1.200.000.000 евра дерејќи ги „клиентите“ со провизорни провизии. Единствениот фонд-менаџер што донекаде си ја заслужува огромната плата е тој од КБ Публикум пошо го вовел индексниот фонд, ама и така со плаќање 2+% годишни провизии „инвеститорите“ долгорочно нема да стигнат никаде.

Згодно за споредба е што и вториот столб и индексот МБИ10 стартувале во 2005. година. Фондовите сега се на 215%, а индексот на 410% и тоа БЕЗ вклучени дивиденди. Ова значи дека ако граѓанинот самостојно инвестирал во компании од составот на индексот без никакво размислување наместо да уплаќа у вториот столб, сега би имал 2,5 пати повеќе средства на сметката! Да сум му ги управувал јас, веројатно би имал 7-8 пати повеќе.

Едноставно е поразително кога ќе собереш колку вториот столб за овие 15 години наплатил „управувачки“ провизии од „клиентите“, а колкав бил неговиот номинален поврат у споредба со инфлацијата за периодот, сите други индекси - домашни и странски, каматата на обврзници, штедењето у банка или недај боже мојот годишен поврат. Понуда за соработка дадов: плата од 300.000 за најдобрите инвестициски идеи, којашто секако ќе ја донирам пошо не ми ни треба.

Просечниот македонски инвеститор у најголем број случаи е некој што наследил лукративно работно место или неколку илјади или десетина илјади евра од родителите. Не разбирајќи се во економија и финансии, тој „игра на берза“ како во кладилница или црвено-црно во казино, а совети за купување добива од медиуми, брокери и чаршиски зналци „инсајдери“. Главен е у друштво со муабети од брокери за дивиденди-милиони-камиони-авиони, профитот го дал на провизии, никогаш не подвлекол црта, а како лош кладилничар што никогаш не брои паднати ливчиња и он се јача само со акциите што му пораснале. Затоа ваљда е и у шок кога ќе му кажеш дека у задните 6-7 години и ќорава кокошка скоро трикратно ќе го зголемела капиталот на Македонската берза, а он тапка у место.

Ваквиот апсурд е можен само затоа што луѓето се затуцани и финансиски необразовани. Веројатно 90% се чуделе зошто воопшто се учи математика у школо кога тоа никогаш у животот нема да им затреба. Гарант 99% не би ни знаеле самостојно да пресметаат колку поврат им оствариле фондовите ниту пак се свесни колку тој е мизерен кога ќе се стави во макроекономски контекст. Најверојатно никој не извадил 15-ти корен ни у школо, а камоли па да знае сега. Медиумите секојдневно ги бомбардираат со секакви банални глупости без разрешница што не им дозволуваат да подзастанат и размислат малку за големата слика дека системот е уреден на нивна штета, а за корист на словенечките газди и вработените во пензиските фондови, како и за партиските паразити од агенцијата за надзор. Тие си лапаат огромни провизии и си исплаќаат плати што се 3-5 пати поголеми од просекот у населенава територија додека простата маса шлајфува во место со мизерни поврати.

Реформа на пензискиот систем и укинување на вториот столб би можел да изврши само некој со огромно знаење, политичка храброст и стратешка визија за иднината како Груевски. Сегашниве не ги интересира стратешка економска политика туку само мито, рекет и тендери. Фондовите цело време си лапаат провизии и не таласаат, а се попарија дури кога ВМРО спомна да се одземат средствата заради борба против корона-кризата наместо странско задолжување, па одма почнаа да плаќаат дефанзивни објави у медиумите :lolzz: Меѓутоа, пак ќе дојдат на тапет пошо следниве десетина години ќе натежне долгот врз јавните финансии, такашто чисто статистички гледано скоро сигурно ќе дојде на власт некој визионер и патриот, па ќе го укине вториот столб.

Кога ќе размислам, многу повеќе би сакал некој како Груевски или Славески да ми даде советничка плата од 300.000 денари за да ја туркам реформата, него некој фонд да ме плаќа за управување со средства. Со тоа би прекинало правењето штети на пензионерите и државата од 20-30+ милиони евра годишно поради плаќањето високи провизии и лошото управување со средствата, коишто со годините само ќе растат. За триесетина години до пензија гарант би дочекал да видам како на сегашните и идните пензионери со укинувањето на вториот столб ќе им се заштедат барем милијарда евра! Какво само животно дело би било тоа, сигурно поголемо од било кое што некој го направил за народов у финансиската сфера.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Ме интересира дали некој друг на форумов гледа каде е мешањето на баби и жаби во претходниот пост?

Згодно за споредба е што и вториот столб и индексот МБИ10 стартувале во 2005. година. Фондовите сега се на 215%, а индексот на 410% и тоа БЕЗ вклучени дивиденди. Ова значи дека ако граѓанинот самостојно инвестирал во компании од составот на индексот без никакво размислување наместо да уплаќа у вториот столб, сега би имал 2,5 пати повеќе средства на сметката! Да сум му ги управувал јас, веројатно би имал 7-8 пати повеќе.
Наместо да се мешаат баби и жаби и да се прави едноставен збир помеѓу нив, како почеток на аргументирана дискусија јас поставив две - три прашања на кои очекувам да добијам одговор за да имаме добра основа за понатамошна дискусија:

Како настана воопшто потребата кај државите ширум светот за пензиска реформа и зошто престана да функционира дотогашниот пензиски систем кој се базираше на меѓугенерациска солидарност?
Зошто дупката во ПИОМ секоја година станува се поголема и поголема?
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Ме интересира дали некој друг на форумов гледа каде е мешањето на баби и жаби во претходниот пост?

Наместо да се мешаат баби и жаби и да се прави едноставен збир помеѓу нив, како почеток на аргументирана дискусија јас поставив две - три прашања на кои очекувам да добијам одговор за да имаме добра основа за понатамошна дискусија:

Како настана воопшто потребата кај државите ширум светот за пензиска реформа и зошто престана да функционира дотогашниот пензиски систем кој се базираше на меѓугенерациска солидарност?
Зошто дупката во ПИОМ секоја година станува се поголема и поголема?
Какви и да се проблемите во пензискиот систем, тие само се влошуваат со дополнително плаќање стотици милиони евра провизии за вториот столб пошо он не ствара апсолутно никаква вредност туку само го собира кајмакот и паразитира во економијата
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
https://www.mse.mk/Objavi/Repository/Announcement166/Макпетрол Теас АД Скопје - Финансиски податоци 201920200703140837.pdf
Ова не ми е јасно....
а зошто НЕ КОТИРААТ на берза а има дивиденда 1480,00 по акција??
патем имаше и друга фирма, ги бришаа од МСЕ не поради стечај туку немале финансов извештај...
Kotiraat kako ne. Ako sakas cico da ti prodade nesto?

Kolku nudis?
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Какви и да се проблемите во пензискиот систем, тие само се влошуваат со дополнително плаќање стотици милиони евра провизии за вториот столб пошо он не ствара апсолутно никаква вредност туку само го собира кајмакот и паразитира во економијата
Како што и си мислев. Простор за подлабинска дискусија не постои и нема ниту интерес за тоа.
Ќе те оставам слободно во иднина да си ја тераш својата агенда.

Искрено ме интересира другите дали можат да препознаат разлика помеѓу индивидуален и институционален инвеститор?
Општо во инвестирањето треба да има соодветен бенчмарк за да може да се мерат остварените резултати. Секако тој бенчмарк треба да е соодветен. Индексот MSE никако не може да биде бенчмарк за пензиските фондови. Од едноставна причина - што и да купат до законски дозволените 10% од компаниите, тоа би било само 5% од нивните средства.

Од друга страна очекуваниот принос општо во целата пензиска индустрија е 5% во нормално сленарио и 6% во оптимистичко сценарио. За 2020 година очекуваниот принос во нормалното сценарио се намали на 4.5% поради историски најниските каматни стапки од обврзниците и покавата на негативни каматни стапки во главно во Европа.

Со датум 31.12.2019 година остварениот принос од основањето кај КБ е 5.73%, додека кај Сава е 5,57%.
Кај доброволните фондови со оглед на повисокиот преземен ризик остварени се и повисоки приноси: Кај КБ е 6.11%, а кај Сава изнесува 6.24%. Што би се заклучило дека остварените приноси до сега влегуваат во оптимистичкото сценарио.

Реформата е голема работа и на неа се работеше скоро 20 години. Лани имаше евалуација од страна на актуари од Светската Банка, кој после спроведените анализи, направија пресметки дека македонскиот пензионер во просек ќе добива повисока пензија на овој начин, отколку да се останеше само на системот на меѓугенерациска солидарност. Единствено проблем може да имаат лица кои со „итар-пејовски“ финти сакаат да го заебат системот па уплаќаат минималец, и може во иднина да се изненадат кога ќе им се пресмета дека ќе добиваат минимална пензија.

Искрено не ни очекувам од тебе да го разбереш цел систем и начинот на кој функционира.
Мојата реакција се должи на тоа што политичарите за ситни дневно-политички поени даваат неодмерени изјави кои прават голема репутациска штета на системот и реформата. Пред година дена Мила Царовска поради нарушени односи меѓу СДСМ и ДУИ ги обвини директорите од ПИОМ на ДУИ дека краделе од идните пензионери. Се вмеша обвинителство се истражи случајот и на крај нешто сосема друго испадна. Вакви шарлатански изјави иако делуваат наивно, но прават големи репутациски штети - затоа што како што напиша @therealgrim поголемиот дел од населението е финансиски неписмено и без да провери верува во изјави кои имаат сосема поинаква намера.

Има доста информации на интернет за пензиската реформа. Ако некој е навистина заинтересиран може да истражи и да ги прочита како на сајтот на Мапас, исто и на веб страницата на фондовите. Исто можите да се јавите на броевите од фондовите каде што сте член, па некои од вработените детално да ви го објаснат целиот процес: од земањето на делот од бруто плата, до процесот на капитализирање и начините како во иднина ќе биде спроведена исплатата на пензиите.

Мојот придонес на оваа тема завршува тука. Идентификуван е проблемот кај стариот систем од поодамна, особено со влошувањето на демогравските фактори, па затоа секоја земја направи некоја реформа за тој систем да го направи што поодржлив. Во иднина кога ќе чуете пред избори дека некој планира дополнително да зголемува пензии (повеќе од нормалното зголемување усогласено со зголемувањето на трошоците за живот) тогаш можете да гледате на него како на некој со динамит кој пробува да го крене во воздух целиот систем. Досега измени во пензиската реформа направиле само Полска и Бугарија поради потреба да се задоволат популистичките планови на своите авторитарни водачи.

Мене прашањето ми е друго: Зошто не се направи и Здравствено капитално осигурување? Зошто она што се одделува од мојата бруто плата оди 100% во државниот здравствен фонд од кој јас не користам никаква услуга, па сум приморан да уплаќам и приватно здравствено осигурување. Поинаку ќе беше ако на некоја сметка ми се собираа пари кои ако некогаш затребаа ќе можам да ги искористам за користење на здравствени услуги.
 
Шознам, ваљда и тенијата смета дека му користи на организмот што го цица :lolzz:

Еве крајно поедноставено, за сите да сфатат: вториот столб треба да се укине и да се штедат тие десетина милиони евра „управувачки“ провизии што му се исплаќаат секоја година. Од придонесите, 70% треба да идат директно во првиот столб за исплата на сегашните пензии, а 30% да идат у С&П индексен фонд. На тој начин ќе се избегне хранењето на паразитот преку камати на обврзници и депозити што секако завршуваат за субвенционирање на сегашните пензии, а преку директното индексирање без провизија ќе се добие за десетина милиони евра поголем годишен принос него што вториот столб моментално го остварува.

Значи, секоја година ќе има десетина миљони евра повеќе за старите пензионери, а ќе се заработуваат и десетина миљони евра повеќе за новите. Не е потребен буквално ниеден вработен за управување со ваквиот систем и сите преплатени крлежи од вториот столб и агенцијата за надзор можат да се отпуштат.
Автоматски споено мислење:

12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Kotiraat kako ne. Ako sakas cico da ti prodade nesto?

Kolku nudis?
тие кога котираа и се тргуваше акциите не беа повеќе од 200-300мкд ???
Друго ми е зборот, бидејќи сега не котираат што значи ова ??
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
тие кога котираа и се тргуваше акциите не беа повеќе од 200-300мкд ???
Друго ми е зборот, бидејќи сега не котираат што значи ова ??
Pa tie se na sloboden pazar. Nemaat obvrski za redovni izvestuvanja, ama moze da se trguvaat. Jas si gi kupiv fer and skver od PIOM na berza.

Ke lupnam edno nalogce kaj i da e pa ko voli nek izvoli
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Pa tie se na sloboden pazar. Nemaat obvrski za redovni izvestuvanja, ama moze da se trguvaat. Jas si gi kupiv fer and skver od PIOM na berza.

Ke lupnam edno nalogce kaj i da e pa ko voli nek izvoli
пак не ми е јасно, зошто не котираат ??знам за МПТТ нив ги тргнаа од берза немаа финансиски извештаи 3 години па од централен регистер ги бришале, а овие ако се салам денда 1480 е високо...
Туку има и други работи со тие полудиви фирми, па на времето знам тетовска некоја фирма ли беше, некој високи денди објави, ама луѓе морале да си ги бараат дендите со тужење, не ги исплаќале...
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Малце да се позанимаваме и со „супервизорот“ на вториот столб во пензиското осигурување. Уште на прва ми влева екстремна недоверба кога ќе прочитам вакви „експертски“ имиња како потписници за „институцијата“ што контролира како се управува со 1.200.000.000 евра средства на идните пензионери, пошо одма знам дека никогаш нема да би пронајдена ниедна неправилност у работењето :lolzz:

Screen Shot 2020-07-06 at 09.43.59.png

Инаку, 29-мината вработени во оваа институција минатата година земале просечни нето плати од 53.000 денари. Меѓутоа, тоа не е сѐ, затоа што имаат примања и под контата дневници за службени патувања, интелектуални услуги и најверојатно за организација на маркетиншкиот настан, такашто не би ме зачудило реалните примања да им се и накај 70.000 денари, плус службени возила, телефони, патувања, репрезентација и сл. Ич да не зборувам за огромните милионски трошоци за некаковси софтвер и негово одржување.

Screen Shot 2020-07-06 at 09.40.04.png

И ова е уште една ќути-си-дупи-си „институција“ за којашто гарантирам дека доколку се дозволи уште многукратно ќе си ги зголеми трошоците и бројот на „вработени“. Се разбира, целиот втор столб е тенија во желудникот на македонската економија што ем цица провизии ем ствара пониска вредност преку лошо управување со средствата. Со негово укинување, непродуктивните трошоци што ги цица оваа „институција“ би ишле во поголеми пензии!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: TGo

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.077
Поени од реакции
3.234
пак не ми е јасно, зошто не котираат ??
Сите АД котираат на берзата (освен оние што пропаднале или во стечај),
си има неколку категории во зависност од тоа колку акционери има и колкав е капиталот, ги имам читано точните услови ама поради тоа што не се којзнае колку битни работи ги заборавив,
ама на пример ако има 50 акционери и 1 милион евра каптал е во да речеме во делот берзанска котација, ако има 1000 акционери и 10 милиони капитал иде во друга, ако има 10 акционери и 100 милиони капитал ќе иде во слободниот пазар, значи не се баш точни поделбите ама чисто да знаеш отприлика како оди поделбата.
 
Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164

Прашање: како може да се тргува со акциите на тие компании? Каков е начинот? Еве на пр. на кој начин би можел да купам акции од Скопска пивара?
 
Член од
23 февруари 2019
Мислења
287
Поени од реакции
271
Прашање: како може да се тргува со акциите на тие компании? Каков е начинот? Еве на пр. на кој начин би можел да купам акции од Скопска пивара?
Како и секоја друга акција што би ја купил. Даваш налог на брокерот. Е сега кај СКП треба да понудиш и многу добра цена за да некој ти продаде. Гледам во последниве 365 дена имало само 2 трансакции.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom