Да де, во последно време по светов се појавија еден куп ментални близнаци - квази научници кои се многу блиску со своите ставови, па интернетот им даде можност да се најдат по своите убедувања па и нас да не убедуваат во нешто што прочитале, а не го разбрале па се појавија еден куп Антиваксери, Анти 5G, Антифа, а еве и нов бран на анти - капитално пензиско осигурување.
Е од вакви професори како горенаведениот кој го цитираш, прочитал нешто и Трајко Славевски па се истрча пред некој месец со ултра глупави изјави за вториот столб. До душа тој таквите изјави ги имаше и од порано. Па сега како старо - нов економски гуру - советник го намести Мицковски да излези на прес-конференција и да предлага некои решенија - кои ниту имаа основа ниту пак беа длабински истражени и анализирани. Од како го увидоа фидбекот од јавноста, и неколкуте аргументирани критики на предлозите што ги нафрлија, наредната прес конференција го оставија сам Трајко да ги брани глупостите што претходно ги предлагаше. После вториот фидбек, изгледа застанаа малку, видоа што предлагаат - споредија со реалноста (во случајот со Естонија) и на крај резултатот е што ниту зуцнаа повеќе на оваа тема, а Трајко сам се закопа во лајната и ете од тогаш го нема никаде на пратеничките листи - а долго време пред тоа беше најавуван како човекот кој повторно ќе ја воскресне економијата но се испостави дека е квази научник (економист).
Искрено, иако ова треба да е форум, ти си го направи малско кафанче (од последните 100 постови на форумот/ 80 де твои), па во недостаток од надгледување на админите, си го сфати како дозвола за лечење на комплекси, и едно те исто да повторување 15-20 пати, со надеж дека повеќепати повторена глупост можеби ќе стане со време паметна идеја. Инаку текстов е од 2018 година и се вртеше по mojnovac во тоа време, па ете од каде можеби бил изворот на твоите генијални идеја. А зошто сега пак ти го постираш, изгледа ти само си знаеш.
Еве јас сум тука и се пријавувам доброволец за дискусија (за потреба од втор и трет столб - приватно капитално пензиско) но само под услов таа да е аргументирана, а не како досега со лечење на комплекси и јавно плукање и ширење на говор на омраза кон сите (Кхв, инвестивиски фондови, брокери, пензиски фондови...) .
Еве дали ти си ја прочитал целосната идеја за пензиската реформа? И пред тоа одговорими од каде настана воопшто потребата кај државите ширум светот за пензиска реформа и зошто престана да функционира дотогашниот пензиски систем кој се базираше на меѓугенерациска солидарност? Ако успееш да ги одговориш овие прашања можеби ќе ти кликне нешто во главата (нели паметен дечко си - член на Менса како што напиша), па ќе намалиш малку со спамирање на форумов.
Обвинуваш за говор на омраза, а еве велиш дека Трајко Славески се „истрчал со ултра глупави изјави“, „брани глупости“, „се закопал во лајната“, а јас „лечам комплекси“, „повторувам глупости“, и сл. Но, да не се замараме со вакви периферни работи пошо не сум снегулка за да ме тангираат, туку да преминеме на битното.
Точно е дека мои се 80 поста, ама од нив читателите можеле да научат повеќе за финансии, инвестирање и макроекономскиот амбиент него од други 17.000 на темава. Откако почнав да пишувам дури драстично се искачи и нивото на форумот пошо веќе нема оние едноредни латинични навивачки постови, па ваљда и Кајгана треба да ми даде некаква награда за заслуги. Колатерална штета е што луѓето почнуваат да се срамат да напишат било каква подолга анализа ваљда поради страв од негативна критика ако тропнат некаква глупост. Јас барем секогаш сум ги охрабрувал и не сум им ги критикувал постовите, а само ги чекам тие што мене ми јадат гомна да испишат и они волку материјал па јас да ги сецирам со скалпел да видат луѓето колку уствари ним им сечат црпките. Мора да се признае дека барем ти храбро пишуваш и се конфронтираш, а дефинитивно постовите ти се у топ 3 по придонес за квалитетот на содржината на форумот.
Што се однесува на искомплексираноста, обвинувањата се како некојмити Хетафе да го обвинува Реал Мадрид дека е искомплексиран затоа што секоја сезона бил пред нив на табелата. И тоа не за малку, туку споредливо за 25% годишно
![Шок! :shok2: :shok2:](/styles/default/xenforo/emot/shok.gif)
сум бил подобар од пензиските фондови конзистентно за период од над една деценија! И јас, а ваљда и они сме се труделе да оствариме што поголем принос, а резултатот е евидентен. Камо среќа да било обратно, јас да сум шлајфувал у место, а тие на пензионерите да им заработиле неколку стотици милиони евра повеќе.
Секаде во светот инвеститорите меѓусебно се мерат според просечниот годишен принос, а клиентите според тоа одлучуваат кој е најдобар за да му доверат да им го управува капиталот и да им обезбеди што поголема заработка. Човек би помислил дека при вакви катастрофални резултати фондовите барем би се покриле со уши додека си ќутат и дупат со рацете во медот од 1.200.000.000 евра дерејќи ги „клиентите“ со провизорни провизии. Единствениот фонд-менаџер што донекаде си ја заслужува огромната плата е тој од КБ Публикум пошо го вовел индексниот фонд, ама и така со плаќање 2+% годишни провизии „инвеститорите“ долгорочно нема да стигнат никаде.
Згодно за споредба е што и вториот столб и индексот МБИ10 стартувале во 2005. година. Фондовите сега се на 215%, а индексот на 410% и тоа БЕЗ вклучени дивиденди. Ова значи дека ако граѓанинот самостојно инвестирал во компании од составот на индексот без никакво размислување наместо да уплаќа у вториот столб, сега би имал 2,5 пати повеќе средства на сметката! Да сум му ги управувал јас, веројатно би имал 7-8 пати повеќе.
Едноставно е поразително кога ќе собереш колку вториот столб за овие 15 години наплатил „управувачки“ провизии од „клиентите“, а колкав бил неговиот номинален поврат у споредба со инфлацијата за периодот, сите други индекси - домашни и странски, каматата на обврзници, штедењето у банка или недај боже мојот годишен поврат. Понуда за соработка дадов: плата од 300.000 за најдобрите инвестициски идеи, којашто секако ќе ја донирам пошо не ми ни треба.
Просечниот македонски инвеститор у најголем број случаи е некој што наследил лукративно работно место или неколку илјади или десетина илјади евра од родителите. Не разбирајќи се во економија и финансии, тој „игра на берза“ како во кладилница или црвено-црно во казино, а совети за купување добива од медиуми, брокери и чаршиски зналци „инсајдери“. Главен е у друштво со муабети од брокери за дивиденди-милиони-камиони-авиони, профитот го дал на провизии, никогаш не подвлекол црта, а како лош кладилничар што никогаш не брои паднати ливчиња и он се јача само со акциите што му пораснале. Затоа ваљда е и у шок кога ќе му кажеш дека у задните 6-7 години и ќорава кокошка скоро трикратно ќе го зголемела капиталот на Македонската берза, а он тапка у место.
Ваквиот апсурд е можен само затоа што луѓето се затуцани и финансиски необразовани. Веројатно 90% се чуделе зошто воопшто се учи математика у школо кога тоа никогаш у животот нема да им затреба. Гарант 99% не би ни знаеле самостојно да пресметаат колку поврат им оствариле фондовите ниту пак се свесни колку тој е мизерен кога ќе се стави во макроекономски контекст. Најверојатно никој не извадил 15-ти корен ни у школо, а камоли па да знае сега. Медиумите секојдневно ги бомбардираат со секакви банални глупости без разрешница што не им дозволуваат да подзастанат и размислат малку за големата слика дека системот е уреден на нивна штета, а за корист на словенечките газди и вработените во пензиските фондови, како и за партиските паразити од агенцијата за надзор. Тие си лапаат огромни провизии и си исплаќаат плати што се 3-5 пати поголеми од просекот у населенава територија додека простата маса шлајфува во место со мизерни поврати.
Реформа на пензискиот систем и укинување на вториот столб би можел да изврши само некој со огромно знаење, политичка храброст и стратешка визија за иднината како Груевски. Сегашниве не ги интересира стратешка економска политика туку само мито, рекет и тендери. Фондовите цело време си лапаат провизии и не таласаат, а се попарија дури кога ВМРО спомна да се одземат средствата заради борба против корона-кризата наместо странско задолжување, па одма почнаа да плаќаат дефанзивни објави у медиумите
![Лолз :lolzz: :lolzz:](/styles/default/xenforo/emot/pos2.gif)
Меѓутоа, пак ќе дојдат на тапет пошо следниве десетина години ќе натежне долгот врз јавните финансии, такашто чисто статистички гледано скоро сигурно ќе дојде на власт некој визионер и патриот, па ќе го укине вториот столб.
Кога ќе размислам, многу повеќе би сакал некој како Груевски или Славески да ми даде советничка плата од 300.000 денари за да ја туркам реформата, него некој фонд да ме плаќа за управување со средства. Со тоа би прекинало правењето штети на пензионерите и државата од 20-30+ милиони евра годишно поради плаќањето високи провизии и лошото управување со средствата, коишто со годините само ќе растат. За триесетина години до пензија гарант би дочекал да видам како на сегашните и идните пензионери со укинувањето на вториот столб ќе им се заштедат барем милијарда евра! Какво само животно дело би било тоа, сигурно поголемо од било кое што некој го направил за народов у финансиската сфера.