Пишува дека акцијата МТУР у првата половина од годината паднала цирка 20%, ама тоа е мачкина кашлица во однос на тоа колку ќе направат загуба поради коронавирусот и какви последици ќе има зголемената конкуренција врз нивниот бизнис у иднина. Исто така, тие поседуваат многу акции од други компании што изгубиле од вредноста во првиот квартал:
Меѓутоа, тие не ги прокнижиле овие нереализирани капитални загуби според книговодствените стандарди во сеопфатната добивка, а со тоа погрешно претставување на резултатите веројатно извршиле и кривично дело измама спрема јавноста и малите акционери:
Вредноста на портфолиото во предметниот период веројатно паднала за околу 30%, што би значело дека сеопфатната загуба не би била 14.000.000 денари, туку веројатно поблиску до 100.000.000!
Инаку, задолжителниот фонд Сава (т.е. идните пензионери) поседуваат 8,67% од Македонијатурист, а изгледа просечните плати на вработените од 100.000 денари не им биле доволна мотивација да си ја извршат фидуцијарната должност спрема своите клиенти идни пензионери, па да покренат постапки пред берзата, КХВ, финансовата полиција или обвинителството за санкционирање на менаџментот на МТУР поради несоодветно претставување на тримесечните резултати.
Ете таа е траорната реалност: не таласаат и си ќутат и си дупат со прстите у медот остварувајќи мизерен реален поврат од цирка 2% за идните пензионери!