Незнам зошто гледате дневни индикатори

Да, имаше паника вчера поради сите лоши вести што се насобраа викендот и тргна неделата со све во црвено. Но дали нешто се смени во меѓувреме за да се врати реалниот зелен оптимизам?
Ќе не примат во Европа? Супер. Ќе се радуваме малку, ама фајде од Европа наскоро нема. COVID сеуште ги пустоши и Европските и сите останати светски економии. Сите земји се затворени. Паралелно се воведуваат нови мерки кои од една страна дополнително ја стегаат продуктивноста, од друга ветуваат бесконечно нови средства (пр. unlimited quantitative easing) што ќе го крене националниот долг на секоја земја за 30% во рок од неколку месеци.
По секој економска тренд треба да оди МСЕ надоле. Иако секогаш сме некоја хибридна аномалија
Има играчи кои може да ја држат берзата некое време, но прашање е колку.
Тоа што мене ме плаши е што поучени од 2008, кафе куварките* сега се јавуваат да инвестираат на берза. Луѓе кои досега не припариле на берза слушнале дека оди надоле и дека сега е време да се купува. Сличен профил на луѓе кои во октомври-ноември 2017 прашуваа за криптопазар.
кафе-куварка* - во мојот случај се работи за дресер на кучиња,човек кој (демек) работи во Топлификација, а всушност има клуб за боречки вештини и еден што претежно работи на билетара во Борис Трајковски.