Македонска берза

Член од
26 март 2021
Мислења
69
Поени од реакции
102
Ваквите вложувања во Република Македонија , на МБ , се погубни и со многу мал процент на успешност. Фрли рипче и ќе остане фрлено и рипчето , т.е парите што ти требаат ги фрлаш за да освоиш поголеми пари кои всушност и не ти требаат. Кога се мерат ризици повеќе важи народната : БОЉЕ ВРАБАЦ У РУЦИ НЕГО ГОЛУБ НА ГРАНИ . Сака да каже дека гулабот најчесто ќе летне , а додека инвеститорот се сети, лета и животот во надеж дека ќе се фати гулабот... Има и во Македонија примери не е да нема но со многу мал процент и во таа 2011та до 2014 година вложувањата во КМВ , SТB , ТNB , UNI , MPT , ALK ... од овој аспект се одличен пример за т.н. асиметрично инвестирање, но TPLF , MZT , GODEL , OHIS , Popova Kula , Eurostandard Banka , RZ и уште многу други за жал останаа за Ворен Бафет утопии. Да потсетам од спомените : TPLF беше член на СУПЕР КОТАЦИЈА на Македонската Берза како една од вкупно 2те членки заедно со КМВ во историјата на МБ. Супер котација дава посебна сигурност и секој не може да котира на супер котација на берзата ! И тука да се запрашаме дали вложувањето во TPLF кај инвеститорите предизвикало никогаш повеќе да не се занимаваат со берза ??? Најчесто ДА ! Исто да потсетам дека по КОЦКАРНИЦИТЕ и КЛАДИЛНИЦИТЕ за 10 коефициент може да направиш колку сакаш асиметрични вложувања. И не треба да чекаш за остварување на инвестицијата , туку за 1 до 2 часа се остварува. Во атлетиката пример во трчање на 100 метри инвестицијата ти се враќа за 10 секунди. Во тие 10 секунди си БОГ ! Но да се вратиме во реалноста. Има и пример на асиметрично вложување во Македонија , пример инвеститорка ги купи акциите што Фершпед ги поседуваше во РЖ Услуги. После некое време ги продаде со неколкукратна капитална добивка.
Асиметричните вложувања се погубни и кај криптовалутите поготово кај т.н. шит коини а тоа се 99 % од коините . Асиметричните вложувања можат да капитализираат добра добивка само на Американските Берзи. Елон Маск , Ворен Бафет и Бил Гејтс , и такви некои ликови , јас ги нарекувам НЕРДОВИ се државни проекти и дворски будали , со никаков живот заробен во материјализмот. Еднаш пола од богатството сите набројани го подарија , оттуѓија. И нека им стои таму све. Не ги земајте како пример за Македонските инвестиции. Тука е друг Господ , други ризици , други маалски правила , други дојави и затоа ПАМЕТ во глава. Никогаш не вложувајте во некоја инвестиција повеќе од 1 / 10 од капиталот што го поседувате и бидете спремни и на варијанта да го изгубите. Секогаш КАПИТАЛИЗИРАЈТЕ ја добивката според вашите лични цели и планови . Пресметувајте и диверзифицирајте ги сите ризици. Кога ќе прочитате за Ворен Бафет класифицирајте го како бајка од Ханс Кристијан Андерсен. Имајте на ум дека тука живееме во т.н. фалш капитализам каде успешноста на една фирма или поединец за жал зависи од политичките врски што ги поседува. Пример GRNT се надева дека ДПМНЕ ќе им дава повеќе проекти.

Не се плашете и играјте , и на берза и на кладилница и на свадби , со ум и само за арно , за убаво !
Токму така.
Освен примерите што си ги посочил, тука се примерите и со двата градежни гиганта, Бетон од Скопје и од Штип. Едниот отиде во стечај (во голем дел не по своја вина) а само неколку месеци пред тоа излегува ценовно чувствителни информации дека се е во ред... Имаше и Бизнис планови во кои се пишуваше дека ќе тече мед и млеко...Се доведува во заблуда потенцијални инвеститори... Не прочитав дека некој кривично одговара за тоа. Би го додал овде и "транспарентното" превземање на МТУР, РЕПЛЕК итн...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom