Економистите на Морган Стенли и Голдман Сакс оценуваат дека пандемијата на коронавирусот ќе им нанесе поголема економска штета на САД отколку што претходно се очекуваше.
Економистите предупредуваат на потенцијалниот катастрофален пад на американското производството во вториот квартал и подлабока глобална рецесија.
Тимот економисти на Морган Стенли, предводени од Елен Зентнер, во извештајот упатен до клиентите наведува дека сега предвидува пат на американскиот бруто национален производ (БДП) од дури 30,1 отсто во тромесечјето април-јуни,
пренесува Блумберг.
Тоа ќе ја крене стапката на невработеност на просечно 12,8 отсто во тој период, се додава во извештајот.
Аналитичарите на Голдман Сакс, предводени од Јан Хациус, објавија дека сега предвидуваат пад на светската економија за околу 1,0 отсто оваа година, што би било дури повеќе и од оној во 2009 година за време на глобалната финансиска криза.
Тие од претходно проектираа пад на американското производство од 24 отсто во следниот квартал.
Овие катастрофални прогнози на двете најголеми банки на Волстрит го засилуваат стравот од економска депресија.
Иначе се додека не зацрташ стриктен тајмфрејм, ќе се остварат подолу наведените посакувани индексни поени...евентуали
Па убаво си напишал човекот дека се надева. Некој се надева дека ќе се вратат цените од 2007. година. Јас се надевам дека МБИ ќе достигне 20.000. Или 50.000, шо?