Македонската кошарка!

Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
ФЕРШПЕД Р. - ПЕЛИСТЕР 86:59

(22-13; 18-18; 28-14; 18-14)

Сала " Градски парк" - Скопје. Гледачи: 200. Судии: Мицевски, Митровски, Терзиевски. Делегат: Угринов - сите од Скопје


Требаше да биде дерби, но не испадна ништо од тоа. За такво нешто беа потребани две силни екипи, во "Градски Парк" играше само домашната.

Иако "преполовени" со само една "петорка" кошаркарите на Фершпед Работнички,поточно оние "работоспособните" сиот свој бес за поразот во претходнот коло "го истурија" врз Пелистер.

Конечните (86:59) не чудат, затоа што едноставно битолчани не беа ривал достоен за дерби. И ако во копјер дојдоа растеретени од резултатски императив, дома си заминуваа со горкиот впечаток, дека беа далеку од рамноправни на екипата во која оправдано, нели, ги немаше Самарџиев,м Веселиновски, Ѓуров, а Димитровски немаше потреба да влезе на теренот. Екипа во која за а не плаќа казна, мораше да "се облечат" и младинците. Миновски и Марковски.

Добра работа, особено во одбраната завршија Симиќ и Павловски во битрката со Голубовиќ. Центрите на Фершпед Работнички го "расчистија" рекетот, а ако се знае дека кај гостите бековската линија практично и ја немаше, резултатот брзо дојде. По неполни 13.минуто од играта и серијата од десет поени по ред, Фетршпед Работнички поведе со двојни (32:16). Оттука почна да ја снемува онаа неизвесност околу конечниот епилог.И тоа не беше чудно ако се знае дека гостите од Битола ниту еднаш во текто на натпреварот не поведоа.

Иако доста грешеше во додавањата, младиот Стојановски добро ја "намести"раката.Реализираше високи шест тројки, а покрај добрата одбрана, Симиќ сн снаоѓапе и во офанзивата, посебно во првите 20. минути од играта.

Ако требаше да биде неговот "враќање" Павловски ги искористи своите минути (дури 35).

Кај разбиените битолчани, вреден за спомен е само дабл-дабл ефектот на Голубовиќ изразен со 17 поени и 11 скока, премалку за Пелистер да му се закани на "ваков" состав во кој истрча шампионот.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
"Вардарци" како на "федери"

ВАРДАР ОСИГУРУВАЊЕ - ВЕЛЕС 2000 71:59

(20-15; 16-9; 23-16; 12-16)

Сала " Јане Сандански". Гледачи: 100. Судии: Милојевиќ, Ристовски, Цветановски. Делегат: Кнежевиќ - сите од Скопје


Кошаркарите на Вардар Осигурување ја продолжија победничката серија. Ја совладаа екипата на Велес 2000 (71:59). Оваа победа ги врати "вардарци " во живот со која ја продолжија битката за третата поиција на табелаа.

Натпреварот започна со водство на велешани, кои успеаја да го задржат само три минути. Потоа дојде шоуто на "црвено-црните",кои со добра организација во нападот и одбраната, успеаја да се одлепат и да создадат предност. Разликата во квалитетот дојде најмногу во израз во втората четвртина кога повлече добро познатата тројка на "вардарци" Аврамовски, Кралевски и Соколов.Кошаркарите на Вардар на одморот заминаа со дванаесет поени предност (36:24).

Во вториот дел од натпреварот "вардарци" продолжија со исто темпо. Од минута во минута домашните играа се посигурно казнувајќи ги грешките на гостите во одбраната. Велешани се обидуваа да направат нешто повеќе, но немаа доволно сили. каков беше распоредот на силите доволно покажува и статистиката која вели дека вардар Осигрување имаше двојно повеше скокови од противникот (47-24). Затоа, шефот на стручниот штаб на "црвено-црните" Марјан Лазовски, последната четвртина ја почна со сосема изменет состав. По комотната разлика им даде предност на играчите од клупата, што добро го искористија "жолто-зелените", ублажувајќи го поразот (71:59). Во таборот на домашната екипа стандардни Аврамовски 12 п, Соколов 11 п и Кралевски кој на своите 10 поени додаде 16 скока. Единствена светла точка во екипата на Велес беше Слободан Михајловски кој реализираше14 поени и 3 скока.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Совковски за шок-шоу

СТРУМИЦА 2005 - ТОА СУМ ЈАС 59:60

(15-9; 21-16; 9-21; 14-14)

Спортска сала "Парк" - Струмица. Гледачи 400. Судии: Диковски, Павлов и Бошковски. Делегат: Макревски - сите од Скопје


Во слаб и неквалитетен натпревар со многу грешки, непрецизни шутеви и слаба реализација и малку кошеви, екипата на Тоа сум јас со тројката на Совковски на 13 секунди пред крајот на средбата, оствари минимална победа (60:59) над Струмица 2005.

Домашните на два пати направија од готово вересија, кога прво имаа предност од 15 поени на почетокот на третата четвртина и на крајот кога во последната минута водеа со четири поени а го имаа и последниот напад. Со тоа во многу му помогнаа на противникот да дојде до минимална победа. Дека тоа ќе биде слаб натпревар со малку кошеви го најави почеток на натпреварот, кога за 6 мин. игра резултатот беше 6:6. По шест минути игра во вториот период, струмичани предводени од капитенот Христов кој реализираше 11 поени во овој дел дојдоа до двоцифрена предност (30:18) и на одмор се замина со водство на Струмица 2005 со 36:25.

Клучен период кој го реши натпреварот беше третата четвртина, во која по првите две минути со поените на Силс, Струмица дојде до највисокото водство од 15 поени (40:25). На повидок беше убедлива победа на домашните. Но, струмичките кошаркари застанаа, никако не успеваа да ја пробијат зоната 2-3 на гостите. Во меѓувреме, тројките на Србиновски (две) и на Совковски, ја вратија во живот екипата на Тоа сум јас. Нив им се придодаде Ѓоревски, кој беше фактор на изненадување како во нападот така и во одбраната на гостите. Со серија од 15:0, во 27. минута израмнија на 40:40, дури и прејдоа во водство. На почетокот на последната четвртина беше и 45:48. Домашните кошаркари некако се соземаа, со серија (8:0) го свртија резултатот. Во последната минута влегоа со водство од 59:55. Намали Тасевски, во следниот напад промаши Христов, за на 13 секунди до крајот на натпреварот Совковски со тројка ги доведува гостите во водство од 59:60. Во последниот напад за домаќините, прво Христов а потоа и американецот Силс не успееја да погодат за победа, која остана за гостите.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Стружани силни како колектив

ЦРН ДРИМ - ЦЕНТАР 97:90

Сала "Јане Сандански". Гледачи: 100. Судии: Сарџовски, Димовски (Битола), Клинчаров (Кавадарци). Делегат: Божиновски (Битола)

Уште од самито старт на натпреварот кошаркарите на Црн Дрим одлично се адаптираа на "домашниот терен" во"Јане Сандански". Создадоа стружани солидна предност која и успеваа да ја одржуваат во текот на целото прво полувреме.

Од друга страна "центарсци" делуваа некако нервозно, сето тоа манифестираше со грешки во додавањата, брзоплети реакции и непрецизни шутеви од неизградени ситуации.Кошаркарите на Црн Дрим знаеја да го казнуваат тоа па до одморот создадоа сосема солидна позитива (52:44).

Истата слика " се појави" и во продолжението.Стружани не може да прејдат во некое поголемо двоцифрено водство и да стават крја на дилемите, противникот пак да се доближи до достижна разлика.

Такво нешто беше најавено дури во последната четвртина по тројките на Трајковски Серафимовски. Но до пресврт не дојде.

Останува впечатокот дека креирањето на победата на Црн Дрим беше повеќе дело на добро организираната тимска игра (шестмина играчи имаа двоен број на поени), а не на поединци за која придонесоа сите кошаркари, момент кој го немаше на спротивната страна.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Една четвртина реши се

Маврово- МЗТ Скопје 81:96

(25-26; 10-32; 17-23; 29-21)

Сала"Младост"- Гостивар. Гледачи: 150. Судии: Денковски, Теофилоски и Николовски. Делегат: Тодоровски - сите од Скопје

МАВРОВО: Селими 2, Исески, Ангелов, Арсески 2, Ѓорѓески 2, Гегоски 9, Андријески, Б. Јанески 3, М. Ѓуроски 33, М. Јанески 10, Д. Ѓуроски, Михајловски 20;

МЗТ СКОПЈЕ: Рамадан 3, Петровски 4, Миленковиќ 17, Караколев 2, Босиљанов 7, Гаштарски 14, Деспотовиќ 17, Атанасовски, Јакимовски 2, Талевски 17, Симовски 14;

На кошаркарите на МЗТ Скопје им требаше само една добро одиграна четвртина втората, која ја добија со убедливи (32-10) за да слават победа во Гостивар, против нејакото Маврово (96:81).

На стартот од пресметката, двете екипи влегоа со голем ентузијазам за игра. Прват четвртина помина во изедначеност, водството неизменично се менувашена двете страни. Слабата игра во одбраната на Маврово придонесе гостинските кошаркари да погодуваат од повеќе позиции. Почетната серија од 7:0 во вториот период беше најава за она што подоцна се случуваше. "Металците" од минута во минута го зголемуваа водството, дојдоа до дотогаш највисоките 23 кошеви (35:58).

Во третиод период домашните прават серија 9:2 и во 24 минута намалија на 16 поени (44:60). Набрзо гостите возвраќаат со потполно иста серија по која, во 30. минута поведоа со највисоки 25 поени предност (75:50).

Во редовите на Маврово само Слободан Михајловски и Младен Ѓуроски со своето залагање и борбена игра го намалија водството. Михајловски во финишот играше по своја "шема" и направи серија од 10 поени едноподруго. Од друга страна, тренерот Александар Петровиќ на теренот ја стави "втората" петорка, односно играчи кои само ќе го "дотуркаат" натпреварот.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Не отстапуваме од концептот

"И понатаму ќе бидеме отворени за сите млади играчи желни за афирмација бидејќи е тоа дел од нашите планови за наредните неколку сезони"- вели спортскиот директор на "металците".

Доаѓањето на пробна работа на младиот српски интернационалец Радосав Драговиќ во редовите на МЗТ Скопје не означи и некоја посебна еуфорија во "Јане Сандански". По седумдневен престој и тренирање со "металците", а со оглед на недостиг на време за "проверка" на можностите на младиот кошаркар, раководстото на МЗТ Скопје донесе една помалку очекувана одлука, тоа да го направи во првата наредна пригода.

"Со оглед на тоа дека нема доволно време, ниту, пак, простор, се договоривме со Драговиќ да се видиме некаде на почетокот на зимските подготовки за вториот дел од сезоната"- вели спортскиот директор на МЗТ Скопје, Драган Панковски. "Се работи за едно талентирано и перспективно момче на 21-годишна возраст кој со своите 207 сантиметри сигурно може да прерасне во квалитетен кошаркар. Се вклопува во нашата концепција за која се одлучивме на почетокот во оваа сезона. Сме заинтересирани за подолгорочна соработка, но не само со Драговиќ, туку и со сите други млади кошаркари кои сакаат афирмација"- дополнува Панковски.

Дали тоа значи дека МЗТ Скопје нема да биде толку "активен" во претстојната зимска пауза, посебно кога се однесува за засилувањата?

"Не отстапуваме од нашиот концепт, ќе го туркаме до крајот. Едноставно сакаме да правиме екипа за подолгорочен период, а не нешто што се нарекува 'инстант'. МЗТ Скопје не е за методите од типот да се донесат 'искористени' странци кои можеби ќе помогнат во одредени ситуации, да се потрошат средства. Но сигурно е дека ќе го немаме оној основен двигател на активностите, перспективноста, како што е на пример случајот со Драговиќ. Штом почнеме со зимските активности, тој ќе биде проверен, доколку го задоволи стручниот штаб, ќе потпишеме договор, но не со краток рок. Истото важи и за сите домашни кошаркари, не правиме исклучоци"- вели првиот оперативец на екипата од "Јане Сандански", која котира одлично во оваа прва фаза од првенството.

Б. Радуловиќ
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
ПРВА ЛИГА - МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 17. КОЛО

ЦРН ДРИМ - ЦЕНТАР 97:90
МАВРОВО - МЗТ СКОПЈЕ 81:96
СТРУМИЦА 2005 - ТОА СУМ ЈАС 59:60
ВАРДАР ОСИГ. - ВЕЛЕС 2000 71:59
ФЕРШПЕД Р. - ПЕЛИСТЕР 86:59

ТАБЕЛА



ИДНО КОЛО (17/18.12.)

ВЕЛС 2000 - МАВРОВО
МЗТ СКОПЈЕ - ЦРН ДРИМ
ЦЕНТАР - СТРУМИЦА 2005
ТОА СУМ ЈАС - ФЕРШПЕД Р.
ПЕЛИСТЕР -ВАРДАР ОСИГ.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
И сега кога ќе биди плејофот.И како ќе се игра кој со кој.


Пелистер btw го тепа Вардар Осигурување во Битола.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
"Металците" со најголем ќар, стружани со најголем зијан

И тоа бидна, завршија оние задолжителни 18 кола по кои нашата Прва лига се дели на два.

Оние шест екипи кои имаа знаење и среќа си обезбедија пласман во Супер-лигата, останатите четири ќе се борат за опстанокот.

Би се рекло, пласманот е горе-доле очекуван. Изненадувања секогаш имало, има и сега, веројатно ќе ги има и во иднина.

Од она највуваното, речиси с$ се покажа како точно. Но и тоа е делумно, дека Фершпед Работнички ќе биде доминантен и во ова првенство. Секако дека оние два порази од директните конкуренти, МЗТ Скопје и Вардар Осигурување (за малку ќе имаше и трет и четврт, на пример во средбите со Струмица 2005 и Тоа сум јас кои ги добија по продолженија) опоменуваат и тоа како. Но и овие два чекори со кои шампионот е пред другите, треба да се гаранција дека таму ќе остане и по десет кола од Супер-лигата.

ДОБИТНИЦИ

Сигурно е дека најголем добиник по овие 18 круга е екипата на МЗТ Скопје. Зошто, од причина што "металците" оваа сезона решија " да фураат" но фазон, да играат, да победуваат, а притоа да промовираат неколку млади играчи кои би биле залог за иднината. Втората висока позиција на табелата, уште подобрите игри (освен оние последните) се потврда на правилноста на работата на "сино-белите" од "Јане Сандански". "Надградба" на овој млад состав би значела и дефинитивно многу потешкотии за Фершпед Работнички и другите кандидати за плеј-офот.

Многумина одамна изразуваа еден преголем скептицизиам, веројатно некои од нив и сега го мислат истото. Но четвртото место на табелата (поточно делба на третото) ја промовира екипата на Тоа сум јас како една од пријатностите во нашата кошарка.

Ниту смената на тренерската позиција не ги поколеба "шоумените" да отстапат од желбата за пласман во првите шест. "Извадија" неколку победи на гостински терен кои ба доволни за остварување на амбициите.

Во овој круг секако може да се смести и екипата на Пелистер. Идејата на битолчани, на второлигашкиот состав да му се придодадат тројца добри странци се покажа добитна. "Пелистерци" формираа екипа, но извесно е дека ќе треба многу подобро да играат на страна ако сакаат 'да допрат' до самиот врв. 'Тенката клупа' си го зема своето, но и третото место е над сите очекувања.



ГУБИТНИЦИ

Во прв ред и тоа како најголем секако составот на Црн Дрим (екс ФОН). Трите коша помалку во дуелите со струмичани го однесоа ланскиот полуфиналист на плеј-офот во плеј-аутот. Премалку од стружани кои имаа квалитет, но според с$ дека им недостигаше една екипираност тоа да го преточат во реалност - читај ново доигрување за титулата.

Без оглед на тоа што се пласираа таму каде што посакуваа, и струмичани би можеле да влезат во оваа категорија. Премногу "шетаа" во изборот на еден вистински тренер (сменија дури тројца), донесоа за првпат во својата историја и тројца Американци, и повторно без оглед на тоа што се шести, се далеку од шансите да заиграат во плеј-офот (три победи зад противниците).

Вардар Осигурувње е петти во моментов, можеше да биде и погоре, но и едно-две места подолу. Имаа "вардарците" најголема играчка загуба меѓу двете првенства, што и тоа како се почувствува во оваа. Една "петорка" и во буквална смисла на зборот е загуба која "црвено-црните" тешко ја надоместија со изборот на неколку млади и недоволно афирмирани играчи во составот.

ОСТАНАТИ

Стандардно и за очекување беше дека екипите на Центар, Велес 2000 и Маврово ќе бидат во долниот дел од табелата. Ако за велешани може да оправдување што се нови кај прволигашите, делумно и за Центар, кој доби шанса преку ред да влезе кај прволигашите, за гостиварци се малку оние три победи (две од нив над Црн Дрим). Но и кај нив имаше промени, но излгеда не на подобро.. .
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
КОШАРКА
Диме Тасовски и Тодор Гечевски - кошаркари во годината

Диме Тасовски од Фершпед Работнички е прогласен за најдобар македонски кошаркар во 2005 година. Во гласањето учествуваа 12 електронски и печатени медиуми, а за крилото на "шпедитерите" и македонската репрезентација гласаа 11.

- Им благодарам на довербата на сите што гласаа за мене. Оваа награда многу ми значи и претставува поттик и за во иднина. Се надевам дека ќе продолжам со добри игри и можеби в година повторно да ја добијам наградата - изјави Тасовски на вчерашното прогласување на најдобрите во мак-кошарката. Кандидати за признанието беа уште Димитар Мираковски, Ѓорѓи Талевски, Тони Симиќ и Слободан Михајловски.

Тренер на годината е Јорданчо Давитков. Во оваа категорија немаше гласање, затоа што во КФМ сметале дека е непотребно со оглед на тоа што Давитков годинава освои двојна круна со Фершпед Работнички на домашна сцена, а како селектор со успех го водеше македонскиот национален тим.

Плејмејкерот на струшки Кимико, Анета Јовановска, е најдобра меѓу жените. До титулата најдобра македонска кошаркарка во 2005, Јовановска стигна со повеќе гласови од Моника Гаврилоска, Славица Димовска, Инес Колариќ и Јелена Антиќ.

За најдобар младинец, едногласно победи Дарко Соколов, бекот на Вардар Осигурување. Номинирани беа уште Николчо Караколев од МЗТ 2000 и Панче Кечев од Струмица 2005.

Меѓу интернационалците што се наши кошаркарски амбасадори низ европските земји, неприкосновен во 2005 е репрезентативниот центар Тодор Гечевски. Гечевски е член на хрватскиот шампион Задар. Тој наградата ја доби во конкуренција на Врбица Стефанов (Монтепаски Сиена и Улкер), Ѓорѓи Чековски (Лукоил Академик), Рајан Стак (Арис) и Мирза Куртовиќ (Јоникос и Ираклис).

Александар Милоевиќ е нај-судија во избор на новинарите. Тој наградата ја доби со седум гласа, два повеќе од Петар Денковски. На кандидатската листа беше и Зоран Златевски. Сите тројца се интернационалци.

КФМ им додели признанија на поединци и на фирми што годинава помогнале за развојот на кошарката. (З.Ј.)
 

Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Aleksandar Dimitrovski Macka (citaj pederce) ne saka veke da nastapuva za Fersped Rabotnicki (citaj pedercina,pickici zaedno so nivnite navijaci).
Imeno Dimitrovski bil na proba u polskata ekipa vroclav tamu mu bil ponuden dogovor no rabotnicki ne go pusta poradi dolznosta od 1 i pol godina sto mu e preostanata od dogovorot. I sega Dimitrovski place moli i kuka da go pustat u polska pederive od "gradski park".
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
абе кој се у плеј оф кај се нашите струмичани
 

Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
mislam deka vlegoa vo prvite 6 ekipi zaedno so mzt, rabotnicki-site se picki,pelister, toa sum jas , strumica i crn drim
 

dajdo

The OuTLaW
Член од
17 октомври 2005
Мислења
5.139
Поени од реакции
19
Dzver напиша:
Aleksandar Dimitrovski Macka (citaj pederce) ne saka veke da nastapuva za Fersped Rabotnicki (citaj pedercina,pickici zaedno so nivnite navijaci).
Imeno Dimitrovski bil na proba u polskata ekipa vroclav tamu mu bil ponuden dogovor no rabotnicki ne go pusta poradi dolznosta od 1 i pol godina sto mu e preostanata od dogovorot. I sega Dimitrovski place moli i kuka da go pustat u polska pederive od "gradski park".
e mamata gnasna ne go pushtaaat da si odi ej c c c kako ne im e sram be idiotishta klasichni be 2 tituli vi donese choekot be ej sea saka da igra u evropa ne so selski ekipi ko MZT:pos: :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom