Адје после оној делириум од синока, сега со ладна глава (но сеуште не трезвена) и ја да пишам нешто!
Одлично прво полувреме, на почетокот од второто некако како да се шокирааа по оној првиот гол, па потоа следуваше и вториот па третиот, но за срека тука застана и се стабилизираа после измените!
Сакам нешто да кажам за навивањето.
КАТАСТРОФА!!!
Доста е ја мислам, се друго кажано ке биде излишно!
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)
Друго за химната, и сеуште се прашувам кај к*р ја најдеа Куролина, па мајка му стара па толку години професионализам, да не можешда ја пратиш публиката во пеењето на химната, па шо се замислуваше таа не ми е јасно ко на концерт да е, и ко да мислеше дека целиот народ таму да се отидени за неа да ја слушаме како ја пее химната! И СЕУШТЕ СЕ НЕРВИРАМ ЗА ТОА!
Инаку малку да се испразнам сега на МТВ, ебате телевизијата еббате па и одозгора да им плакам на тие шушумиги кои уште еднаш се покажа дека не знаат да нашрават сааал’м пренос!
Ајде сега за тимот!
Јане Николовски- Како и секогаш со сите досегашни голмани што сме ги имале, ке бранат цела утакмица, ама кога прават кикс прават и тоа на велико!
Томе Пачовски - Имаше добри одбрани и мислам дека тој е голманот кој ке ги замени Милошовски и Николовски!
Горан Попов - Ебате ЅВЕРО ебате, некој ја спомена Јаница Костелич, ама ја предлагам да го прекрстиме така, и исто така предлагам на секој натпревар понатаму Седло пред влез на терен 2-3 завратника и на терен! Со еден збор МИСТЕР ФАНТАСТИЧЕН!:smir:
Гоце Седловски - И ја не го оправдувам оној срамен потег ама КАПИТЕН си е капитен. Уште една покажа дека ТОЈ не треба да биде МАЈКА на тренинзите, туку ТАТКО на теренот, и го докажа тоа! Добро ја организираше цела одбрана и тоа на неговата стара позиција централен дефанзивец!
Игор Митревски - Според мене држи најстандардно играчко ниво на игра, никогаше не направил некоја енормна грешка, и секогаш на висина на задачата која му е поставена. (секако дека сето тоа не е секогаш перфектно, но пак е стандардно!
Николче Новевски - Одличен на за него новата позиција како десен бек, само што требаше да му се дозволи да се исфрла напред како Попов, но откога го префрлија во средината, некако како веке да го имаше изгубено здивот!
Владе Лазаревски - КАТАСТРОФА!!!
Даниел Мојсов - Е со ова дете мисе направи кеф шо конечно го пуштија да игра барем некоја минута, и иако немаше време да го покаже својот талент, сепак се гледа дека ке биде достојна замена за Седло!
Величе Шумуликовски - Уште еднаш покажа дека моментално е најдобриот играч за нас на таа позиција. Одлично разбивање од позади, иако воопшто ги немаше и оние препознатливи негови исфрлања со топка, сепак одигра за пофалба!
Филип Деспотовски - Мене ми се чинеше како да го немаше на терен ! Го немаше никаде ниту пак одпозади каде што можеше и требаше да делува! Многу слабо за разлика од претходните негови игри!
Славчо Георгиевски - Катастрофално организирање на играта, иако воопшто немавме таква тактика за организирање на некоја си акција, ама сепак човек на негова позиција треба и се знае што треба да работи!
Влатко Гроздановски - Влезе во веке потиштената атмосфера, но сепак внесе малку живост, но сепак ке си останам на мислењето што го имам за него мислам дека највеке би му одговарала позицијата Десен Страничен Напаѓач!
Дарко Тасевски - Според мене мислам дека требаше да игра од почеток на натпреварот на местото на Славчо, имаше одличен старт со оној слободниот удар, но сепак да го имавме на почетокот ке беше многу подобро.
Илчо Наумовски - Тепач бил, Нервозен бил ваков бил онаков....бла бла! Тоа му е работа бре луге, мора да има таков човек кој ке провоцира напред за грешки на противникот,и кој ке изнудува прекршоци од нив па макар било тоа и со глума. Според мене добро си ја заврши работата! (сепак ке му стои црна дамка за оној инцидент)
Ацо Стојков - Од авион се гледа човек кој не е стандарден играч во својот клуб, и за жал се одрази тоа на вчерашниот натпревар. Требаше Ивановски или Ибраими да го поченеа натпреварот. Одигра слабо!
Горан Пандев - Само едно ке кажам, САКАМ СЕГА ГИ ЧУЈАМ ОНИЕ КОИ СЕ ДРЗНАА ДА ПЛУКАТ ДО ВЧЕРА ПО НЕГОВОТО ИМЕ! Со еден збор МАЕСТРАЛНО!
Агим Ибраими - Премногу касно влезе за да му се даде секаков коментар, но сепак имам надежни мисли за ова дете!