Крајно популистички закон донесен пред избори. Но ајде да не испаднам ругач, бидејќи нашиве влади се научени да прават нешто строго пред избори кога им фуфка, ништо ново.
Добро е што ќе се легализира, има луѓе на кои што им е потребен лекот. Има огромен број луѓе од регионов кој се оневозможени да го добијат овој лек на легален пат, па така можеби ќе се овозможи некакво минимално задвижување во економијата, рачунајте за луѓе од албанија,србија,бугарија,грција чиј живот е у опасност можат тука да се лечат тотално легално, или барем да купуваат сертифицирани и делотворни лекови на легален начин на наша територија.
Но проблемот лежи во тоа што реално во Македонија сеуште медицината и фармакологијата е закоравена на ова поле, како преку факултетите каде што ефектите на ова растение максимално се маргинализирани и отфрлени, така и преку праксата, знаеме дека ако му кажеш на психијатар дека ганџата што си ја купил на улица ти отвара апетит и ти дава многу мирен сон и те опушта од секојдневните стресови, анксиозности депресии... ЌЕ ТЕ НАПРАВИ УДРЕН И ШЛАКНАТ у паметот, ама затоа се препишуваат милиони и милиони депрозели,хелекси,диазепами лексилиуми, лекови кои според таа фела "се најдброто нешто што човекот го измислил" . Тука се отвара друг проблем, што и покрај тоа што ќе си биде легална, нашата медицинска и фармаколошка пракса од што е корумпирана и затуцана ќе ги отфрли овие СВЕТСКИ практики, пошто сите се у еден синџир (доктори-производители на лекови - аптеки). многумина од нас еве рекреативните корисници на канабис се 100 пати поинформирани за дејствата на канабисот, отколку некои фармацевти па и доктори кои ни учеле ни пробале некад канабис у живот (немора да значи дека ако си пробал ќе знаеш, далеку од тоа). Но, земајќи у обзир што истиве доктори/фармацевти наши и сегашни студенти по медицина/фамација учат од комунистички книги кои ја поистоветуваат билката со "ѓаволска трева" и "дрога", или пак учат од книги/професори кои немаат никаква инфомација околу поволното дејство на канабис врз некои болести. Така да не ретко, доктор или студент по медицина нема врска за тоа какви ефекти има или може да има ова растение врз некои влошени здравствени состојби.
Значи, една од добрите работи кај оваа билка е што за да направиш лек од неа ти требаат само пишани информации и неколку јутјуб клипови, ништо повеќе. Луѓе насекаде низ светот у домашни крајно импровизирани услови прават многу делотворен лек без никаков надзор или без никакви совети од агрономи или фармацевти. Не им верувам на алкалоид и сличните на нив. Едноставно повеќе верувам у лек кој самиот дома ќе го направам од свој канабис него ли кој знае што нивно ѓубре.
Друг проблем, незнам кој член(од законот) беше, вика - Само правно лице може да одгледува канабис(океј, се согласувам), под строг надзор на агенција за лекови,министерство за здравство тн (се согласувам), и доколку има вработено еден агроном и фармацевт. Еден од бенефитите при легализацијата на канабисот мора да биде фактот што тоа е одлична шанса за обични луѓе да почнат со бизнис, бидејќи инвестициите се многу мали, а профитот е релативно голем. Но диктаториве уште од старт те сечат, бидејќи за да вработиш некој фармацевт или агроном ти требаат многу пари, а дур првата сеидба да успее ќе поминат 3-4 месеци. Плус основните трошоци, семенски материјал кој вака од интернет нарачан и не е многу ефтин, струја, вода, земја, ѓубриво. Значи уште од старт го прават невозможно да некој обичен граѓанин без подлабок џеб се бави со овој бизнис. Уште одма треба да имаш капитал за да отвориш фирма и да се бавиш со овој бизнис, а не се знае колкава ќе биде цената на висококвалитетен канабис. Плус, има една ставка каде што кажува дека ако тргнуваш нешто за себе или недај боже препродаваш на нелегален пазар, можеш да лежиш 3-10 години затвор. Тука може многу местенки да има. Ако обична трговска фирма у државава може жута трака на врата да добие и 500-1000 евра казна, некој што би се бавел со одгледување канабис може затвор да лежи(и тоа баеги), се разбира ако е политички опонент на партијата на власт. Како што би рекол George Carlin - They've got you by the balls..
Еве избори идат, мора алкалоид(и сличните фирми) да донираат кешче у партија претпоставувам, ем за да си имаат монопол у еден потенцијално РЕГИОНАЛЕН бизнис, ем да си победи вмро . Чиста сметка долг живот.