Епа фала богу ти си се ослободил од сите стеги па еве се си сФатил.Не можеш да сватиш, ако не се ни потрудиш. За да сватиш прво треба да ги извадиш амовите, да погледнеш околу себе и да размислиш малку повеќе за тоа што си го напишал. Некои луѓе никогаш не успеваат да ги прошират видиците "надвор од кутијата", а некои не се ни обидуваат.
Да споредуваш марихуана, проституција и криумчарење на мигранти, со трговија со органи е многу, многу глупо.
Па тоа што го правеа криумчарите на мигранти, до пред некое време, и за што доста луѓе уште лежат во затвор, сега го прави државата. Тогаш не чинеше а сега е во ред?!?
За тој ли концепт зборуваш?
Тој концепт е жими куров.
Е сега ти можеш да го прифатиш, без разлика каков е, луѓе прифаќале и многу полоши концепти. Се уште прифаќаат, некои полесно, некои потешко. Ама не сите. Ако сите прифаќаа такви концепти, ќе имаше повеќе земји како Северна Кореја и Саудиска Арабија.
Околу економскиот дел, мислам дека не треба да се убедуваме колку би значело легализирање на мариуханата, не само за медицински цели, сега, додека се уште е забранета по околните држави. Примерот со селото Лазарат во Албанија е доволен.
Единствен начин, Македонија за брзо време, да пркне економски, се таквите, неконвенционални мерки.
Првата реченица ти е, кур се тресе у ладна вода..Епа фала богу ти си се ослободил од сите стеги па еве се си сФатил.
Ја ги споредив нив од финансиски аспект, зошто тебе ко шо глеам не ти е битно дали на некој ќе му олесни марихуаната во борбата против болест, туку ти сакаш да си напраиш паричка. Од таа теза ако тргаме тогаш и овие се супер начини за да напраиш паричка, па ако како аргумент за легализирањето на марихуаната го ставаме праењето паричка тогаш логично е и за овие да го користиме тоа како аргумент.
Не би се сложил дека држава = криумчарење на мигранти, ама друга тема е тоа.
Види вака, мене ме заболе за економскиот аспект, во ништо ја не ја гледам економската корист туку социјалната. Ако легализацијата на марихуаната му помогне на некој во борбата со болест или му го олесни животот во тие денови кои му се одбројани, ја со две раце ќе го потпишам тоа легализирање. Економската корист, профит и такви работи мене ми се небитни, ама зошто секогаш мотивацијата за се ја гледаме во економска оправданост и економска корист, затоа пропаѓа општеството (глобално гледано) и имаме голема класна раслоеност и (посебно во Македонија) голем јаз меѓу богатите и сиромашните.
За тебе е може нормално да гледаш бездоминици од една страна и богаташи што живеат во лускуз од друга страна, се додека има економска корист и оправданост во таквата состојба, ама мене тоа не ми е нормално.
Тука верувам идеолошки се разликуваме и никогаш нема да се согласиме на оваа тема.
Ленке, ти ли си мори?имаме голема класна раслоеност и (посебно во Македонија) голем јаз меѓу богатите и сиромашните.
За тебе е може нормално да гледаш бездоминици од една страна и богаташи што живеат во лускуз од друга страна, се додека има економска корист и оправданост во таквата состојба, ама мене тоа не ми е нормално.
Ја сакам на луѓето да им се помогне и мислам дека е нормално државата овој процес целосно да го надгледува и контролира, тоа мене ми е главната мотивација.Првата реченица ти е, кур се тресе у ладна вода..
Грешка си, никаде не реков дека не ми е битно дали на некој ќе му се олесни борбата против болест, се подразбира тоа, затоа и првиот пост го почнав со, подобро некако одколку никако.
Споредување на марихуана, проституција и криумчарење на мигранти, со трговија со луѓе за органи, не е воопшто ни логично, ни нормално. Ако за тоа треба да се објаснуваме, тогаш џабе правиме муабет.
Вториов дел, околу економскиот аспект, ти е доста интересен. Од една страна викаш дека не те интересира економската корист, профит и такви работи, ама те интересира, ти пречи класната раслоеност, бездомниците и јазот помеѓу богатите и сиромашните. Тогаш ти треба целосно да го поддржиш тоа што го пишувам/предлагам, пошто тоа ќе овозможи многу повеќе, многу поширок круг на луѓе да се офајдат од сето тоа. Вака, ќе се офајди само една мала група педери, како и со се друго.
Работите што ти сметаат, може да се променат, барем малку од малку, само ако им се овозможи на колку што е можно поголем број луѓе, сами, да заработат добра пара. Во денешново глобализирано општество, а во наши услови, тоа е можно само со неконвенционални методи. Друг начин нема.
За идеолошки разлики, незнам. Ако мислиш дека државата, власта е таа што треба да ги прераспределува средствата, па така да ги намалува класните разлики, тогаш во право си. Нема да се согласиме.
Не сме ние Скандинавци. Во наши услови, колку помалку држава, толку подобро.
Да се фиксаш у вена со џоинтот.И? Кои се начините да се злоупотреби?
Во тој случај, во право си. Не само што не се согласуваме, туку имаме сосема спротивни мислења. Тоа што ти го сакаш, за мене, не е ништо друго туку легализиран грабеж и диктатура. Колку повеќе, толку полошо.Ја сакам на луѓето да им се помогне и мислам дека е нормално државата овој процес целосно да го надгледува и контролира, тоа мене ми е главната мотивација.
Ова сега уште не е преточено во предлог закон, кога ќе го добиеме тоа ќе знаеме многу повеќе што е планот и тогаш може поубаво да збориме, ама тоа секој втор да расте дома марихуана и да зима пари од тоа без притоа да биде контролиран од државата никогаш нема да се случи.
А иначе за болдот, да баш тоа ја го сакам, и тоа државата и го прави во некоја мера, ама според мене недоволно.
Грабеж и диктатура е тоа што сакам во општеството да нема луѓе кои ќе живеат на улица и што нема да треба да питачат за леб ?Во тој случај, во право си. Не само што не се согласуваме, туку имаме сосема спротивни мислења. Тоа што ти го сакаш, за мене, не е ништо друго туку легализиран грабеж и диктатура. Колку повеќе, толку полошо.
Тие разлики што викаш дека ти сметаат, во најголем дел се створени баш од тоа што го посакуваш, од преголема моќ и мешање на државата/власта во економијата. Распределување на средствата, по желба на државата/власта.
Знаеш, кога ќе кажеш државата праведно да го прераспределува доходот, фино звучи, ама ако земеш да го разглобиш, да го соголиш тоа, да размислиш како тоа изгледа во пракса, ќе ти се крене косата. Инаку да, тоа го имаме и сега во некоја мера, и тоа многу личи на легализиран грабеж и диктатура.
Друг, многу важен момент е фактот што кај нас и нема што да се распределува, ние сме сиромашни као црквени глувци. За да имаш таков социјален систем, каков што посакуваш, треба да имаш богата држава и адекватен менталитет. Пред се богата држава, односно, да бидам попрецизен, богат народ. Теоријата и праксата, потполно се поклопуваат во тој дел. Ние го немаме ни едното ни другото.
Зошто би ти сметало тоа потцртаното?
На пример, Трајко произведува x кила марихуана, му ја продава на Лујзим, а Лујзим ја препродава во Грција. Од една реколта и двајцата заработуваат доволно за да живеат пристојно цела година, а сето тоа го прават со малку дополнителна работа во слободно време.
Како тоа тебе те загрозува, што има негативно во тоа? Подобро ли е Трајко и Лујзим да работат во некоја од странскиве инвестиции, и тоа да им биде единствен приход?
Што би било про, а што контра, за носење на закон што би гласел, дека секој државјанин на РМ има право, за каква сака цел, да одгледува марихуана на површина од пола декар? Од секаква гледна точка, на секое ниво. Што би можеле да добиеме, а што да изгубиме, од такво нешто?
За мене, нема дилеми тука. Има многу повеќе про-аргументи, отколку контра.
И сега, според тебе, треба да им ги земеме парите на богатите и да им ги дадеме на сиромашните? Тоа е нормално според тебе, а не е нормално државата да намали регулативи, да ги тргне пипците од економијата и да им овозможи шанса на сиромашните да станат богати?Грабеж и диктатура е тоа што сакам во општеството да нема луѓе кои ќе живеат на улица и што нема да треба да питачат за леб ?
А за муабетот дека немало богати луѓе кај нас
Има има богати луѓе, луѓе што живеат во вили, што имаат лични масери, што шетаат секаде по светот и си ги зимаат вработените со нив да ги масираат по тие одмори, шо возат јаки коли и шо јадат само по ресторани.