Македонија ќе го легализира Канабисот за медицинска употреба

Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
МЗ: Канабисот за медицински цели ќе биде легален и во Македонија
СЛЕДЕТЕ НЕ НА:
Follow @zdravstvo24.mk


Канабисот за медицински цели ќе биде легален и во Македонија. Министерството за здравство ја почна постапката за легализација. Веќе е изготвен предлог закон кој деновиве ќе се најде на владина седница. Канабисот ќе може да се одгледува во Македонија и тоа само од правни субјекти кои ги исполнуваат строгите критериуми што ги предлагаат здравствените власти. Мора да има агроном и фармацевт што ќе го надгледува процесот на одгледување, 24 часовен надзор како и посебни услови за местото каде ќе расте канабисот. Тој не смее да се извезува, но за странскиот пазар ќе може да се нуди маслото односно екстрактот од канабис. Крајниот призвод ќе биде строго контролиран и точно ќе се знае кој може да го пропише а кој да го прима маслото. Предвиден е за болни од рак, ХИВ и други дијагнози кои ќе ги пропишува специјалист од болница и со рецепт ќе го подигнува од аптека.

Проценките на здравствените власти е дека целата постапка треба да заврши до март. За недела најавија јавна дебата на која очекуваат да ги слушнат и мислењата на јавноста.

http://zdravstvo24.mk/2015/12/16/mz-kanabisot-za-medicinski-celi-ke-bide-legalen-i-vo-makedonija/

Нема потреба веќе ваква тема да биде во „алтернативна медицина“, можеме слободно да свртиме нов лист и да споделиме лични или искуства на наши блиски и секако ставови по прашањево. Во прилог ќе ставам и две дебати по темава, емисијата Отворено и Топ Тема на Чомо.



 
D

Darko_ufo

Гостин
Abe glava neka krsat pomegju sebe partiive ama ova mora sto poskoro da se legalizira. Dosta gubevme zivoti od tie hemoterapii, eve go Kili so godini e podvizen bez niedna hemo-terapija so teska vrsta na rak, site drugi posle 5 meseci si otidoa.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Abe glava neka krsat pomegju sebe partiive ama ova mora sto poskoro da se legalizira. Dosta gubevme zivoti od tie hemoterapii, eve go Kili so godini e podvizen bez niedna hemo-terapija so teska vrsta na rak, site drugi posle 5 meseci si otidoa.
Не е толку едноставно, еве изгледај ги и емисииве погоре. Не може на своја рака, заболен човек од секаков рак да си носи одлуки и да се лекува со секаков вид на марихуана. Плус, многу пати е кажано дека има мнооооогу говна што заработуваат на туѓа мака и наместо да продадат тоа што треба, продаваат срања на „пациенти“. Затоа, како што напиша, ова мора да се легализира, да се донесе во ред, да се испитува и да се препишува на легален пат.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Леле сеа дечиштата коа ќе се попалат без да знаат шо значи ова :pos:

Мојот став е дека уште одамна требаше да се легализира ова, ама тогаш кај нас беа муабетите дека е лоша марихуаната и дека е увертира во наркоманија, башка се спомнуваше религијата (како и секогаш...).
Убава работа е ова, ама мислам дека и од тука некој јако ама баш јако ќе профитира, гарант лиценците за одгледување ќе паднат случајно кај случајни луѓе кои ќе имаат монопол во оваа сфера...[DOUBLEPOST=1450275393][/DOUBLEPOST]
Ако се користи само за да помогне при лечење на некоја болест, добро. Но чисто сумљам дека ќе остане употребата само во медицински цели.
Само со рецепт ќе се издава, за точно определени случаи наведени во закон.
Значи во аптека или на посебно место ќе се продава само со приложен рецепт од доктор. Е сеа да, докторот може да пишува рецепти ко за добро утро, ама верувам дека ќе има многу контроли од страна на Министерството за здравство.

Сите мислат дека ако се легализира марихуана за медицински цели, тоа значи дека марихуаната у трафики можеш да ја земеш, а далеку од тоа е.
 
Последно уредено:
D

Darko_ufo

Гостин
Не е толку едноставно, еве изгледај ги и емисииве погоре. Не може на своја рака, заболен човек од секаков рак да си носи одлуки и да се лекува со секаков вид на марихуана. Плус, многу пати е кажано дека има мнооооогу говна што заработуваат на туѓа мака и наместо да продадат тоа што треба, продаваат срања на „пациенти“. Затоа, како што напиша, ова мора да се легализира, да се донесе во ред, да се испитува и да се препишува на легален пат.
Да бе сите знаеме дека постојат луѓе што ти викаат донеси ти канабис и јас ќе ти направам масло и ќе ти земат големи пари а уствари може да те убие од концетратот што ќе ти го направи. И јас зборам за легализирање и правење под посебен надзор и се тоа да се препишува на лекар. Само од мое искуство само луд би прифатил хемо-терапија за каков и да е рак.

Инаку зашто ова толку наагло почна да се легализира односно скоро со брзина на светлината откако ''демо-христијанската'' партија беше против тоа ''оружје на ѓаволот'' според мене беше прашање на време. Односно собираа поени на Сител кај простиот народ дека никад не би дозволиле такви наркотични средства да бидат легализирани и демек соросидите сакаат нивните деца да се дрогираат легално (нели ова поминува само кај простиот народ и како што еден напиша претходно кај копиљаците кои сега ќе мислат дека ќе можат да пушат трева), е сега откако видоа дека не се толку сигурни удрија на другата варијанта у стил ''Па СДСМ секако ова ќе го легализира, зашто ние да не го леглаизираме и со батица Мјале и Камчев да си го фатиме милионскиов бизнис додека не е касно''. Нормално овој бизнис погодете кој ќе го води?

Но за мене сега тоа не е толку битно, побитно е луѓево веќе да не се трујат со тие хемотерапии и нормално да се лечат и од депресии и од милион други болести со помош на маслото од канабис.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.656
Поени од реакции
4.713
Некои добро ќе се збогатат од бизнисов, со оглед на екстремно скапата цена шо ја има тревава оваа година.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.571
Поени од реакции
17.970
Ех рецепти, ќе се најде аптека ко порано што им даваше трамадоли на робашиве на црно. Иначе до април да се очекува и легализација на проституција, набавка на алкохол 24/7, работа на локали 24/7 без лиценци и враќање на пушачката традиција во локалите?
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.945
Подобро некако одколку никако, ама кога го читам ова
Канабисот ќе може да се одгледува во Македонија и тоа само од правни субјекти кои ги исполнуваат строгите критериуми што ги предлагаат здравствените власти. Мора да има агроном и фармацевт што ќе го надгледува процесот на одгледување, 24 часовен надзор како и посебни услови за местото каде ќе расте канабисот.
не можам а да не ми испцуам се женско, до шесто колено, на воа паразитиве смрдени што сакаат се, ама баш се потполно да контролираат, и никој да не може да направи некое париче без нивни амин.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Подобро некако одколку никако, ама кога го читам ова

не можам а да не ми испцуам се женско, до шесто колено, на воа паразитиве смрдени што сакаат се, ама баш се потполно да контролираат, и никој да не може да направи некое париче без нивни амин.
Логично е ова и нема врска со тоа дали некој сака се да контролира или не. Ако нема контрола врз тие што ќе ја одгледуваат марихуаната тогаш се остава голем простор за злоупотреба.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Подобро некако одколку никако, ама кога го читам ова

не можам а да не ми испцуам се женско, до шесто колено, на воа паразитиве смрдени што сакаат се, ама баш се потполно да контролираат, и никој да не може да направи некое париче без нивни амин.
А ти од што ќе правеше пари инаку?
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.945
Логично е ова и нема врска со тоа дали некој сака се да контролира или не. Ако нема контрола врз тие што ќе ја одгледуваат марихуаната тогаш се остава голем простор за злоупотреба.
Каква злоупотреба бе друже? Како таа во Албанија, од тоа селото прави пари колку пола бдп на државата? Сега нема злоупотреба? Има и тоа како, ама и таа е строго контролирана од комуњарско-фашистичко-паразитскава секта.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Каква злоупотреба бе друже? Како таа во Албанија, од тоа селото прави пари колку пола бдп на државата? Сега нема злоупотреба? Има и тоа како, ама и таа е строго контролирана од комуњарско-фашистичко-паразитскава секта.
Да речеме злоупотреба од типот добива квалитетен семенски материјал, легално одгледува и на крајот дел го дава на преработка, а дел го продава на црниот пазар.
Мора строга контрола на се.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.509
Нè слушна Госпо. :cuc:

Сполај ти Боже, и Госпо здравје да ти даде.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.945
Да речеме злоупотреба од типот добива квалитетен семенски материјал, легално одгледува и на крајот дел го дава на преработка, а дел го продава на црниот пазар.
Мора строга контрола на се.
И? Каде е проблемот во примерот што си го опишал?

Тоа болдираното е посебна тема/проблем. И тоа голем. Мене фактот што доста луѓе го делат истото мислење( блодираното), посебно кога се работи за млади лица, кои би требало да бидат послободоумни и бунтовни од постарите, ми е многу загрижувачки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom