Македонија тотално блокирана

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Очигледно е дека противниците на протестиве не ја сфаќаат суштината на демократијата и на уставно загарантираните права меќу кои спаѓа и ова што се случува моментално по државата.Ова е демократијата во својот изворен облик.Епа како што реков вчера,кога ке ни ја покачат струјата ке кукаме сите.Пак бидете против за да не си ја нарушите вашата комоција-тоа е ваше право.
 
SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Da a takvi gi ima daleku poveke od tie sto imaat "epten vazna rabota vo periodot od 13 do 16 casot". I namesto da se raspravame za privatizacijata na ESM i da gi obvinime tie sto dovedoa voopsto do ovoj protest nie se raspravame za samiot protest. Odlicno! Znaci lugeto sto se nevraboteni treba da kutat ili da protestiraat na specijalno propisani mesta i da ne precat na vrabotenite od 13 do 16 casot? Toa sto odreden del od lugeto se nezainteresirani za se sto se slucuva okolu niv ne treba da gi sprecuva drugi luge koi se svesni i imaat dovolno hrabrost da izlezat na ulica da protestiraat.
 
Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
SLaCk напиша:

Според постов твој треба се заклучи дека има 30 невработени во Скопје? Реков, немам ништо против да протестира голема маса луѓе. Нека излезат бе сите невработени на протест, зашто нели тие би биле најзагрозени со евентуалното покачување на струјата (а денес кажаа дека нема да има), па после да ви држат вода мислењата.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Нема да има до крајот на февруари,а после?А шо кога ке го продадат?нема да остават странците така.Струјата ке биде изгор.Суровата економска логика вели дека профитот треба да се максимизира,а во Македонија струјата е сеуште социјална категорија.
 
SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
OK de, kako sakas. Znaci ti si od vrabotenite a te nerviraat nevrabotenite sega sfativ:) Vi rekov idete tepajte gi vo petok pak ke ima protest a moze ke dojdat i tutunarite pa ke ima poveke od iljada luge. Ej ako ima iljada luge na protestot moze da go blokiraat gradot? Ili kolku treba spored tvoi standardi kazi? 2000? 5000? 100000? Kazi kolku treba zosto vo petok ke odam na protest pa za da ne te nerviram za dzabe da ne blokiram...
 
Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
SLaCk напиша:
OK de, kako sakas. Znaci ti si od vrabotenite a te nerviraat nevrabotenite sega sfativ:) Vi rekov idete tepajte gi vo petok pak ke ima protest a moze ke dojdat i tutunarite pa ke ima poveke od iljada luge. Ej ako ima iljada luge na protestot moze da go blokiraat gradot? Ili kolku treba spored tvoi standardi kazi? 2000? 5000? 100000? Kazi kolku treba zosto vo petok ke odam na protest pa za da ne te nerviram za dzabe da ne blokiram...
Восхитен сум од твојата способност за изведување грешни заклучоци.
Да, како ти ќе кажеш, од вработените сум.. full-time student.
Успеа да станеш и психоаналитичар, па да заклучиш дека ме нервираат невработените, дека, нели, јас сум вработен. Туку, зашто не ти е јасно дека тие малкумина што "протестираат" не прават ништо добро? Дека се' додека се толку малку ништо нема да направат, освен што ќе изнервираат неколку стотици илјади луѓе? Значи, не само што не прават добро, туку и постигнуваат сосема спротивен ефект од оној, посакуваниот.
Наголемо кружат гласини (најверојатно од есдеес, што не значи по дифолт дека се грешни) дека "штрајкувачите" се поддржувачи/членови на некоја од ВМРО (толку ги има денес, не можам да се снајдам). И ајде, како некој од страна да не поверува во тоа? Застанале неколку луѓе, блокираат со 10-20 коли цел град, никој не им се приклучува.
Размисли надвор од партиските рамки..

И не ми е гајле дали некој ќе ме стави во таборот на едните или другите.. не се замарам, зашто сум рекол/напишал многу пати до сега дека за мене сите се исти гомна.
 
Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Е Slack стварно како да те плаќаат за да вршиш пропаганда и очи да си вадиш ако некој каже нешто лошо за штрајков. Па ние логично дојдовме до заклучок дека има 200-300 луѓе вкупно и нели беше доволно 5-6 дена блокади на сите раскрсници ? Сега ред е да се префрлат пред влада, а таму и уште 5 месеци нека штрајкуваат, барем ќе бидат пред вратата на власта. Како што кажавме, постигнуваат дури и негативен ефект. А мене дури ми мириса дека опозициониве партии нешто мутат, излеа сакаат да поминат избори па они да го лапнат колачот од ЕСМ, а дека ќе се продава тоа е јасно, дали сега или за 2 години сеедно. Јас како неутрален апсолутно ми е сеедно дали СДСМовците или ВМРОвците ќе го лапнат ќарот од ЕСМ. Абе висока политика е у игра, тоа е сигурно, немој да се лажеш дека баш тие 200 души 2 недели се заебаваат по раскрсници бидејќи толку се загрижиле за струјата :wink:

Btw, видов во еден претходен пост дека некој од членовиве го забележал ова, а и јас го имам приметено, само им закачуваш на луѓево епитети ”комуњар” или ”ес-де-есовец” ако барем во нешто застанат на страната на власта. Јас па би ти залепил епитет : претседател на младината на Вмро :) :wink:
 
Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
Само една работа-знаете зошто има само 200-300 луѓе на протестот? Погледнете ја темава повторно од почеток до крај и заклучете сами. Заради тоа што за жал повеќето луѓе размислуваат ко вас. Револуција нема без луѓе....државава ќе пропаѓа у гомна само затоа што народот го мрзи да го дигне гзот и да протестира за тоа што го мачи...епа нека пропадне скроз-да ја снема-па тогаш да ве видам колку фино ќе си зборите на форум за вакви ствари...

Уште нешто-незнам кој кажа дека со протести ништо не се постигнувало.Епа ајде кажете просветлете не нас неуките како да се добие тоа што се сака?Со дома седење пред компјутер?Со мрчење?Како? Anyone?

P.S.Френки зелено
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Dani^^^ напиша:
Уште нешто-незнам кој кажа дека со протести ништо не се постигнувало.Епа ајде кажете просветлете не нас неуките како да се добие тоа што се сака?Со дома седење пред компјутер?Со мрчење?Како? Anyone?

P.S.Френки зелено
Не сакате да разберете што сака некој да каже или навистина не можете?

Протестите се повеќе од оправдани, начинот на кој се организирани и на кој што се спроведуваат е ф'тнат. Нека се соберат во што поголем број, нека биде народ, и мене би ми било мило. Ама, нека се соберат на вистинското место, нека има кулминација, а не курац блокирале низ центар и голем стап. И треба да сфатите дека некој можеби сака и повеќе од вас да излезе на протест, ама едноставно - нема можност за тоа бидејќи не зависи од него, што автоматски не го прави "мрчач од пред комјутер кој седи дома".
 
Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
Мистичен напиша:

Не зборував јас за тие што поддржуваат било каков протест или не се во можност-јас ги разбираМ тие,зборувам за оние што зборат против протести бидејќи као со нив ништо не се постигнувало-а знаат од дома само да мрчат на компјутер и да не праат ништо околу тоа што е срање у државава.
 
Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
А зошто да протестираат 200 души со денови, да блокираат сообраќај ?
Нели е поедноставно да има еден голем протест (барем со неколку илјади луѓе, а не со 200) како што кажа Мистичен, на право место - пред влада. Многу фино, петок, тој и тој датум, од 20:00 голем протест пред Владата против продажба на ЕСМ, ем и луѓе од внатрешноста може да дојдат.
Начинот на кој сега се одвиваат протестиве не е ок.
 
Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
Batistuta напиша:
А зошто да протестираат 200 души со денови, да блокираат сообраќај ?
Нели е поедноставно да има еден голем протест (барем со неколку илјади луѓе, а не со 200) како што кажа Мистичен, на право место - пред влада. Многу фино, петок, тој и тој датум, од 20:00 голем протест пред Владата против продажба на ЕСМ, ем и луѓе од внатрешноста може да дојдат.
Начинот на кој сега се одвиваат протестиве не е ок.
Точно тоа треба да има.Ама се покажало дека еднодневните протести не носат промени.Луѓето се очајни,се наоѓаат во финансиска криза,знаат дека такви протести не успеваат и пробуваат нешто друго..неможеш да ги обвиниш
 
NikolaP

Команданат Флик
Член од
30 октомври 2005
Мислења
1.095
Поени од реакции
16
Dani^^^ напиша:
Само една работа-знаете зошто има само 200-300 луѓе на протестот? Погледнете ја темава повторно од почеток до крај и заклучете сами. Заради тоа што за жал повеќето луѓе размислуваат ко вас. Револуција нема без луѓе....државава ќе пропаѓа у гомна само затоа што народот го мрзи да го дигне гзот и да протестира за тоа што го мачи...епа нека пропадне скроз-да ја снема-па тогаш да ве видам колку фино ќе си зборите на форум за вакви ствари...
Не ги мрзи луѓето, само не гледаат голема корист од блокирање на цел град. Ко што кажа Мистико, да е малце поорганизирано, можда и би дошле на протест. Ок, јас не лично, пошто не сум по масовни собирања и лупање со стап у канта, али ќе се собере народ, ако знаеш да го собереш. Ебаве ВМРОвците, ни поштен бунт не знаете да направите. Најсмешно ми беше кога една тетка на ТВ која стоеше таму изјави, не смее сега, пред изборите... А после е ОК?
Уште нешто-незнам кој кажа дека со протести ништо не се постигнувало.Епа ајде кажете просветлете не нас неуките како да се добие тоа што се сака?Со дома седење пред компјутер?Со мрчење?Како? Anyone?
Ја сум лошкото, а можда и уште некој кој тоа го кажа...
Да постигнеш нешто со протест, кај нашиве влади(а и кај било која друга), тој протест треба да е МАСОВЕН! Да им се заљуљаат фотељите под нив, па да размислат. Вака не му чуе. Ако он си го продаде, пуна капа пари испод маса. Ја мислам дека луѓето кои викаат дека на опозицијата највеќе страв и е да не се продаде пред они да си седнат во фотељите е ептен у право.
Единствена паметна работа, како што спомнав и претходно, е РЕФЕРЕНДУМ. Така не смеат да го продадат ЕСМ до референдумот, а и ако се изгласа против продавање, обврзувачки е, и НЕ СМЕЕ да се продаде. Така ќе се заебат и оние кои сакаат да го одложат за нивна корист. Ама не е тоа у интерес... Боље да се мрзнат 200 изманипулирани јадници и целиот град да губи живци.
 
Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
“Македонска“ работа

SLaCk напиша:
Rekov deka od voobicaenoto mesto sto treba da stignam zadocniv 10 minuti posto si meram jas vreme kolku mi treba za do grad. Ne znam sto ne ti e jasno? Prikaznite na tvoite plavi drugari ne sum gi cul mozat da zboruvaat sto sakaat sto im ostanuva drugo? Jas veruvam i deka nekoi luge nesvesno navreduvajki gi tie sto protestiraat vleguvaat vo semata na plavite neli? I jas edvaj cekam da dojde noviot zakon za da go prekrsam. Prvo ne mi odgovorivte cie rabotno vreme pocnuva od 1 saat? Vtoro toa nema da se sluci zosto sum prostestiral i so blokadi pred 2002 za vreme na VMRO ama razbira se togas mediumite(del od niv) bea poblagonakloni kon togasnata opozicija i gi nemase onie montirovki so demek naluteni gragani. Jas poprvo bi rekol deka takvi luge gi plaka esdes za da praat problemi ama toa druga tema. A najnakraj edvaj cekam da se prodade ESM za da ne morate da trpite vakvi "nasilnici" kako tie sto protestiraat i da uzivate vo blagodetite na noviot investitor. Da vidam toa vreme izgubeno kako ke go nadomestite so novite ceni za strujata. T.E. moze vie ste bogatasi site pa ne vi e gajle. Samo imajte gi predvid i 70% od naselenieto na Makedonija koe voopsto ne bilo na internet pred da zboruvate vakvi raboti.
Со секој нареден пост ми се потврдува првичниот сомнеж, а тоа е дека овде има луѓе кои имаат улога да настапуваат како најзагреани опозиционери, а единствената цел им е да ги навлечат другите на муабет и после тоа да ги соберат потребните информации и правац Бихаќка 8 на отчет. Љубчо мал, ш`о друго да се каже во вакви моменти. А она што најмногу ми е криво е што на крај муабетов се завршува со “нека го продадат па да видите што е мака, сте си заслужиле“. Значи галамата не била да се одбрани некој став или некоја вредност, него била да се види кој за што е и после тоа, “цркнете педери така ви треба“
Ако се продаде ЕСМ и за мене и за тебе и за сите во МК струјата ќе биде скапа или ефтина. И мене и тебе и Јонузи од Арачиново кога нема да платиме струја ќе не исклучуваат(не од бандера него од централата у Скопје). И за мене и за тебе ќе важат истит повластени или неповластени цени. Единствената разлика ќе биде во тоа што едните пак ке седат на раскрсници и ќе викаат “Е зашто бе сега ви скокнал профитот за 200% а кога беше државно беше у минус. Вратете ни го да ги земеме ние парите што тогаш не знаевме како се прават“, а другите ...другите не се битни додека ги имаме првите. :)
 
Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Револуција па револуција. Знаете како се дига револуција. Знаете како и кога почнуваат граѓански немири кои прераснуваат во безредија и судири со власта и од кои се раѓа револуцијата. Знаете кој слој од населението која улога ја игра во револуционерните настани. Уствари што тртљам, знаете што е револуција воопшто. Ако мислите на она кога Топката врти околу Сонцето не е тоа, друго е....
И туку трапајте работи кои не ги знаете. 300 луѓе ќе направат револуција. Револуција не прави бројката прави нешто друго....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom