Македонија и западната заедница

Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
колку си површен и провокаторски настроен, простотилак на нивоу......банира на неодредено време или ја ке му и...м мамамта па ке мора мене да ме банирате, ај да видам шо чоеци се модератори,заштитници или
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
hahahahahahaha odete tamu bre serkovci edni,so 10-15 vojnici stanavte heroi vo Avganistan,,kako prvo kuznajt makedonskite vojnici vo koja dupka se krijat.. Kako moze site zemji clenki na NATO vo Avganstan da imat dadeno zrtvi,a od makedonskite vojnici nitu eden vojnik ne zagina,,imalo i edna statistika deka samo Makedonija nemala zrtvi vo Avganistan,,ova ne kazuva sposobnosta,tuku kuznajt kade se krijat koga ke pukne nekoj kursum.. le le majko da se krieme..
Вие Албанците знаете најдобро како војуваат Македонците, 2001... или пак треба да ти ја освежам меморијата?
 
Член од
1 август 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
37
Тие што се кријат во дупки ви ги направија попара изместените фаци
 
S

smart ass

Гостин
Западот олицетворен во НАТО и ЕУ.







Грција да беше сама во Букурешт немаше да даде така лесно вето.
Позади неа стојат големи сили од Европа, прашање е каков е односот на САД. Зошто тоа го велам ?
САД не призна под Уставното име и ако тоа беше искрено и пријателски истата САД која е светска сила ќе лобираше за нашите интереси. Но ние постојано слушаме закани од нивна страна и не притискаат да отстапиме.
Каков е притисокот врз Грција ?
125 милијарди евра.
А врз нас ?
Како во 2001, со секое писмо на меѓународната која всушност е западна заедница во Македонија, експресно се увезува воен арсенал како закана за дестабилизација.
Од далеку се гледа улогата на западот кон Македонија.
Западот на Балканот форсира две нации, албанскатта и грчката.
Кај нив можеш да имаш попис без малцинства, можеш да правиш воени вежби во селски атар, можеш да ангажираш специјални полициски сили за прекин на курс по македонски јазик, можеш да укинеш културно друштво итн...
Од друга страна, нашата држава од едно малцинство кое вештачки го надуваа ја блокира државата по сите покрупни прашања.



Може секако, но тогаш НАТО од елитен клуб преминува во нешто сосема друго, прчвара.
Како не сме преземале ништо ?
Акцијата во Арачиново, зошто само после 3 дена таа беше прекината и зошто беа потребни блиндирани автобуси?
На нашите во сон им дошло сето тоа ?
Кој ја испорача заканата ?
КОЈ БЕШЕ НА ВЛАСТ????

Акцијата ја прекинаа нашите(после веењето на бели знамиња...инаку кажими ајде зошто некој артилериски бараж "случајно" не ги погоди автобусите м?

Кој ги остави границите НЕБЕЗБЕДНИ(признавајќи го тајван)...па мајке му едно село да се прави дубара ќе се знае.

Јасни сме нели...телеком-от,ОКТА...па многу имаше де....за в ЏЕБ и пак немаше апсења(јако најавувани).

САД не призна под Уставното име и ако тоа беше искрено и пријателски истата САД која е светска сила ќе лобираше за нашите интереси. Но ние постојано слушаме закани од нивна страна и не притискаат да отстапиме.
Што не е јасно овде??

и овде

Каков е притисокот врз Грција ?
125 милијарди евра.
А врз нас ?
исто??
Како во 2001, со секое писмо на меѓународната која всушност е западна заедница во Македонија, експресно се увезува воен арсенал како закана за дестабилизација.
Од далеку се гледа улогата на западот кон Македонија.
Македонија тогаш славјански беше главна ЛОГИСТИКА на НАТО за косово и дај не продавајте прикаски демек НАТО ќе не бомбардирал бла бла...смешно е!!!!

Јас би рекол оддалеку се гледа КРИМИНАЛОТ во 2001-ва и фингирањето на војната.

Може секако, но тогаш НАТО од елитен клуб преминува во нешто сосема друго, прчвара.
Па НАТО и не е елитен клуб-правно е така и ГОСПОД не можеше ветото да го спречи.
ЕДИТ

Де ај некој нека ми каже кои се Интересите на Р.Македонија па потоа да видиме што и како,важи???
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.135
Поени од реакции
2.778
Aбе какви интереси бе smart ass? Ниту ние имаме интерес од Западот, а ниту тие имаат од нас.
Но нашите „ИЛЈАДНИЦИ НАЧИТАНИ КВАЗИ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ“ се способни да престанат да размислуваат за нешто само ако чујат еден збор кој е програмиран како стереотип во нивните глупави глави. На пример, такви зборови се ЕУ или НАТО или САД.
На некои луѓе споменете им ЕУ и тие знаат дека таму мед и млеко тече, убајни невидени, парите на дрво растат таму, спомнете им НАТО знаат дека НАТО ќе не брани во случај ако некој нас не нападнел итн...
џабе е било каков муабет со овие луѓе, џабе се аргументи, џабе се факти, џабе е логика, стереотипот си е врежан во нивните глави и нема спас.
 
S

smart ass

Гостин
Јас прашав КОНКРЕТНО-КОН ШТО и КАДЕ се гледа Република Македонија во 21 век,кои се нејзините интереси како планира да ги оствари??

Значи чекам одговор.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Се гледам како Македонец од Р.Македонија која е членка на моќна славјанска унија која ги штити интересите на сите славјански народи, без притоа да му го чешка на западот.
Солуне главен град на Р.Македонија во 21 век.

За Евреите ова би било нормално, за прозападните Македониц ова е ретроградна идеја.
 
S

smart ass

Гостин
Пикасо а Грција и Турција од добрососедски односи...си ебало мамата.

Инаку за Добрососедски односи Р.Македонија е пример кој треба да го следат останатите.

Се гледам како Македонец од Р.Македонија која е членка на моќна славјанска унија која ги штити интересите на сите славјански народи, без притоа да му го чешка на западот.
Солуне главен град на Р.Македонија во 21 век.

За Евреите ова би било нормално, за прозападните Македониц ова е ретроградна идеја.
Славјански....абе ништо не ми објасни:)


Ајде вака да почнеме од нешто што сите го знаеме,значи Р.Македонија и нејзината местоположба како и ресурсите биле мета на многу непријатели низ времето притоа заостварување на целите истите користеле методи и техники согласно тие услови(од антиката до самуил...па под византијци,Турци..татари па срби па пак татари).

Е сега имајќи го ова предвид повеќе од јасно е дека Р.Македонија е мета и денес!!!!
Но денес е мета на сосема различни асиметрични техники како што напоменав во зависност од времето,користени се со цел да се уништи јадрото на истата...и Славјански тоа НЕ е ЦИА,не е ШИК...туку Татарчета,тро србите и грците нашите таканаречени "браќа".

Ова е повеќе од јасно така да секоја држава а со тоа и нашата планира стратегија на среден и долг рок,како би успеала да ги преброди,одврати и обезбеди просперитет и сигурност на своите граѓани.

Во случајов со нашата држава славјански направена е концепција СТРАТЕГИСКА а истата врз основа на одредени претпоставјки и анализи од стручни лица,или во превод сите договори,меморандуми за соработка и сл алудираат на фактот дека Република Македонија во 21 век се наоѓа себеси во НАТО и ЕУ истото засновано на реалните претпоставки и показатели но и поткрепени со следново:

-партиципацијата на Р.М во меѓународни МИРОВНИ мисии е придобивка за Р.М на глобално ниво и ја зголемува нејзината моќ како и кредибилитет.

Горенаведеното е поткрепено со фактот што Р.М НЕМА ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ како и фактот што Одбранбениот потенцијал на Р.М е воглавно дефанзивен а истото базирано се разбира врз рационални показатели.

Понатаму-РЕШАВАЊЕ на СПОРОВИ по пат на ДИЈАЛОГ кое всушност и се практикува(Грција) а истото е согласно меѓународните правила.

Р.М е играч на меѓународната сцена кој планира и ТЕЖНЕЕ да се ИНТЕГРИРА во Евро-атлантските сојузи,истото е со следнава цел која патем е и Уставна.

Како прво ОДВРАЌАЊЕ на потенцијален агресор(асиметрични мерки нема да дадат ефект посакуван тогаш),а со ова и создавање на модерна Економија конкурентна и на крај краеви обезбедување на СИГУРНОСТ на нејзините ГРАЃАНИ но и Економски Просперитет.

Значи славјански јас или било кој...не ја бутка р.м НАСИЛА кон НАТО и ЕУ....туку истите за кои граѓаните гласаат.

Ако ти сметаш дека тоа е грешно поткрепи го со факти и аргументи.

П.С Имај предвид дека ДОДЕКА ние не сме членки на горенаведените-не сме должни да ги слушаме како да се БОГОВИ-значи алудирам на ФАКТОТ дека нашите политичари МНОГУ ПОГРЕШНО се претставија пред ЕУ посебно значи НЕ МОРАМЕ ДА ИГРАМЕ НИВНО ОРОнема закани и слични срања:)....единствено на што треба да се придржаваме се Правилата на ООН,Партнерство за мир како и промовирањето на добрососедски односи.

Се надевам дека сум јасен.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Убаво кажано од твоја страна, ќе пробам со куси одговори.

1. Кога се пењавам за Славјани и слично, идеалот мој е промена на свестаа кај сите славјански народи, вклучувајќи ги и Србите и Бугарите и Русите и Украинците и разбирање на славјанството како основа за економска, културна, воена и друга соработка.
Притоа кога зборам за Славјаните сигурно немислам на Милошевич, Туѓман, Димитров кај Бугарите, Глигоров и слични на нив кои за многу мала пара ги купуваш и ти работат за било која цел.
Кога говорам за Славјаните говорам за оние Славјани кои градеа , твореа беа препознатливи а не инфериорни како што се денеска.

2. За НАТО и ЕУ сум објаснувал има и посебна тема.
Тие се спонзори односно менаџери на процесите на Балканот.
Што значат тие процеси ?
Земи ги на пример Албанија и Грција.
Тие како членки на НАТО немаат имплеметирано основни човекови права.
Зошто ?
Еве ти како човек кој се залага за тој сојуз би сакал да ми дадеш објаснивања.

Јас како човек кој чита постојано и е со нови и нови сознанија и кој пред се е со отворен ум кон сите извори сум заклучил едно.
Сите земји кои можат да бидат идни сојузници на Русија мора да се разбиат затоа што крајната цел на апашите од НАТО не е Иран туку Русија која е неспоредлива најбогата земја со ресурси.
Во многу наврати од Олбрајтова до Кисинџер ќе слушнеш изјави како завидуваат како народ не толку броен држи толкава територија и ресурси.
Затоа беше Украина, затоа е цел Белорусија, затоа Грузија, Казагстан итн....

За мене НАТО е воен сојуз а не меѓународна организација од типот на ООН.
НАТО ги крши повелбите на ООН.
НАТО во Авганистан тргува со дрога и наркотици со цел добивање на црни пари кои се и те како потребни за субверзивни операции.
НАТО користи осримашен ураниум.
НАТО фрла бомби од 500 кгр во населен кварт.
НАТО ја брани Саудиска Арабија и нејзиниот екстемен ислам.
НАТО нападна земја спротивно на меѓународните норми.
итн итн ....

Кај мене НАТО нема респект, јас отворено ги кажувам неговите мани и нели беше демократија некој отворено да збори.
НАТО ги руши тие кои отворено зборат.
 
S

smart ass

Гостин
Во ред Факт е дека НАТО е воен сојуз кој неговата иднина ја гледа како воено крило на ООН(имај предвид акциите сега се легитимни...уствари авганистан беше легитимна 100% и САД и британија учествуваа-нелегитимна беше во екс југославија-се имам изјаснето..има тема за тоа),но види НАТО нема да успее да биде воено крило бидејќи толку е....Кина,Индија..Бразил...Мултиполарност-а Иран...треба тепање и те како-пролиферацијата на оружје за масовно уништување мора ПО СЕКОЈА ЦЕНА ДА СЕ СПРЕЧИ!!!!

Што се однесува до албанија....ги исполнува човековите права...на ХАРТИЈА...исто е и со ГРЦИЈА(но види извештаи.,.ќе видиш која е најфашистичка држава во ЕУ-Грција) и имај предвид зошто ГРЦИЈА и ТУРЦИЈА се НАТО членки....ПРИЧИНА-СССР=РУСИЈА...

Е сега планот за членство на Македонија во НАТО беше да се создаде НАТО контрола врз Коридор 8 како и тотална контрола на Босфорот(бугарија)...а албанија и хрватска..ќе праќаат само топовско месо.

Инаку ЕУ не е менаџер на некои си процеси или пак НАТО....ОД НАС ЗАВИСИ-види ја заканата славјански...истата е асиметрична,имаме психолошка војна константно а ЕДИНСТВЕН начин за уривање на Р.М е внатрешен конфликт за кој има ЕДНО РЕШЕНИЕ...да престанат да крадат политичарите и малце да ја средат економијата,судството и.т.н(патем ние ПАТИМЕ од тие браќа и нема СВЕСТА да се смени НИКОГАШ бидејќи за србите бошњаците се српски муслимани,хрватите католици,ние Вардарци ЦРКВАТА ни ја СПОРАТ-оружјето го СОБРАА за која НАШИ граѓани плаќаа 50 ГОДИНИ!!!!!!-КАКВИ БРАЌА..а Бугарите Историја Крадат НЕМАМЕ БРАЌА-тоа е ВИСТИНАТА)...каде беа еве Русите додека Југославија ја бомбардираа

Инаку НАТО НЕ ТРГУВА СО ДРОГА-не е нарко картел-туку илјадници тони уништува...со експлозив!!!!(има радикални решенија за употреба на био-хемиски оружја ама го нема буш...а шутраков обама нема муда да потпише такво нешто-истото важи и за хирушкото решение за Иран...нема да има конвенционална војна никако-само од воздух)

Осиромашениот Ураниум е и во Арсеналот на Русија-не само кај НАТО членките.

Во населено место ако треба и 1000 кг бомба ќе се фрли...си има сигнал за предупредување и скривници кои НЕ СЕ МЕТИ...ако некој насила држи цивили тогаш игра педерски.

Повторно за Иран...види не е русија цел-бидејќи веќе е ЗАОБИКОЛЕНА од кореја до европа со Американска војска,меѓудругото над 60% од Нафтата(Ирак) веќе е под НАТО...се разбира не НА НАТО туку на Ирачаните а за тоа свеочи економскиот раст.

НИКОГАШ НАТО нема да ја нападне РУСИЈА...оти ќе изгори.

Инаку јас те разбирам на што мислиш за интеграција на славјанството но ете ти го примерот со нашите Браќа...па омразата меѓу срби Хрвати...и на крај краеви АКО НЕКОЈ ТРЕБА да иницира нешто тогаш тоа Е РУСИЈА...бујрум нека иницира,ние не сме во НАТО,Србија не е,Украина Не Е...ама поентата е што нашите политичари се определија кон запад(и јас не го застапувам) јасно е дека не е чист но и истокот не е чист(Сан-стефанска бугарија на пример е РУСКО ДЕЛО),е сега ако нашите знаат убаво да изиграат политички ќе ОСТАНЕ и ИМЕ,И територија и СЕ...само треба малце.... ПРАВНА ДРЖАВА наместо ПАРТИСКА:)

ЕДИТ-и конечно укинување на партиите по НАЦИОНАЛЕН ОСНОВ бидејќи веќе нивното постоење е ШТЕТНО а и "борбата" за некои си права е бесцелно-бидејќи Рамковниот веќе е имплементиран(затоа и препорака добивме)....но треба првен ЕКОНОМИЈАТА да се крене...инаку се е џабе...барем додека сме ПАРТИСКО-Феудална држава...за жал.

Инаку причина за НАТО па на некој начин и негова иницијална каписла е СССР т.е 4милионската војска во источна германија која не планирала да се повлече-па Европјаниве побарале помош од САД и Би НАТО.

Кога говорам за Славјаните говорам за оние Славјани кои градеа , твореа беа препознатливи а не инфериорни како што се денеска.
Тие се ретки за жал,а и немаат власт,немаат поткрепа и секако Русија веќе се откажа од балканот...сега со Украина да ја наредат некако(+20% воена индустрија башка квалитет) но факт е дека Русија го Предаде балканот на НАТО и тоа е со ПРИЧИНА.......бидејќи Крахот на ЕУ е неоспорлив и иманентен,но НАТО мора да опстане и ќе опстане модифициран...но низа членки ќе излезат од сојузот.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Што се однесува до албанија....ги исполнува човековите права...на ХАРТИЈА...исто е и со ГРЦИЈА(но види извештаи.,.ќе видиш која е најфашистичка држава во ЕУ-Грција) и имај предвид зошто ГРЦИЈА и ТУРЦИЈА се НАТО членки....ПРИЧИНА-СССР=РУСИЈА...
Ама ова не се вклопува во прикаската за НАТО како сојуз на демократски земји. Во Албанија може тајната полиција да влезе на час по македонски јазик а во Македонија првачињата Албанци може да не го изучуваат државниот македонски јазик. Одредени такви активности кои ги има многу укажуваат на постоење на двојни стандарди.
Двојните стандардите значат повластица за одредени нации.
Ако погледнеш низ историјата ќе видиш дека тоа е поврзано и со минатото и со остварување на одредени геостратешки интереси на западните.

Е сега планот за членство на Македонија во НАТО беше да се создаде НАТО контрола врз Коридор 8 како и тотална контрола на Босфорот(бугарија)...а албанија и хрватска..ќе праќаат само топовско месо.
Планот за Македонија е федерализација како следен чекор и стварање на голема Албанија која и те како е верен сојузник на западните. Ние можеме 10 пати НАТО да го бацуваме во задникот детерминирани сме како закана поради нашиот код и ген и како такви не третираат.

Инаку ЕУ не е менаџер на некои си процеси или пак НАТО....ОД НАС ЗАВИСИ-види ја заканата славјански...истата е асиметрична,имаме психолошка војна константно а ЕДИНСТВЕН начин за уривање на Р.М е внатрешен конфликт за кој има ЕДНО РЕШЕНИЕ...да престанат да крадат политичарите и малце да ја средат економијата,судството и.т.н
Како ЕУ и НАТО не ги менаџираа процесите во Македонија ?
Дирекно се виновни за конфликтот 2001 ограничувајќи ги активностите на АРМ. Денеска иститие тие ти велат при последната акција каде се фаќа нелегално оружје, треба да се разговара, ѓоа книги фатија а не зољи, мини и снајпери. Јасно ми е мене зошто на секоја активност на оваа држава да воспотави ред и поредок се јавуваат душегризниците од запад. Се плашат да не оживее превише оваа држава, да заздрави, да успее да го отфрли инсталираниот вирус кој не јаде од внатре.
Па ние 2001 имавме состојба на човековите права многу подобра од тие во Албанија и Грција и дури добивме и пофалиби од истите тие.
Ние 2001 имавме раст на економијата од 5%.
И каде е грешката ?
Славјани сме, 1000 години не третираат како закана, НАТО и ЕУ треба да се променат по однос на тоа а не ние.

(патем ние ПАТИМЕ од тие браќа и нема СВЕСТА да се смени НИКОГАШ бидејќи за србите бошњаците се српски муслимани,хрватите католици,ние Вардарци ЦРКВАТА ни ја СПОРАТ-оружјето го СОБРАА за која НАШИ граѓани плаќаа 50 ГОДИНИ!!!!!!-КАКВИ БРАЌА..а Бугарите Историја Крадат НЕМАМЕ БРАЌА-тоа е ВИСТИНАТА)...каде беа еве Русите додека Југославија ја бомбардираа
Мислиш дека од таа омраза помеѓу Славјаните има некој бенефит по нив?
Сите славјански држави се претворени во вазалски.
Пред некој месец во емисијата латиница еден хрватски интелектуалец ќе каже, конфликтот помеѓу Хрватите и Србите е војна помеѓу два братски блиски народи, војна која ја изменаџираа од надвор. Ух не смее повеќе тој на ТВ, од надвор се загрижени на таквите вистини, мора постојано да има долевање на омраза на тој конфликт. Многу ретко ќе слушнеш такви мислење кои па кога ќе размислиш се единствената вистина.
Истотот е во споровите со Македонија.
Фрустрација ништо друго, не значи ако веруваш во славјанскта идеја дека треба да толерираш дебили кои предизвикаа процеси на Балканот каде заеднички именител им е десловенизација.

Инаку НАТО НЕ ТРГУВА СО ДРОГА-не е нарко картел-туку илјадници тони уништува...со експлозив!!!!(има радикални решенија за употреба на био-хемиски оружја ама го нема буш...а шутраков обама нема муда да потпише такво нешто-истото важи и за хирушкото решение за Иран...нема да има конвенционална војна никако-само од воздух)
Податоците говорат сосема нешто друго, имаш статистика каде со бројки се кажува за извозот на дрога за времето на талибанската власт и за време на НАТО. Русија исто така реагираше на симптоматичното големо производство на дрога и извоз во Русија од страна на Авганистан.
Имаат и одредени документарци како базата во Киргистан мислам беше ја користат за транспорт на истата.

Осиромашениот Ураниум е и во Арсеналот на Русија-не само кај НАТО членките.
Да, но НАТО ги загади и почвата и водите и воздухот на Балканот со екстремната употреба на тоа оружје.
Зошто како демократски сојуз не излезе со податоци за поселдиците од примена на истото и методи на заштита.
Ја бараме правдата кај НАТО како супер демократска сила

Повторно за Иран...види не е русија цел-бидејќи веќе е ЗАОБИКОЛЕНА од кореја до европа со Американска војска,меѓудругото над 60% од Нафтата(Ирак) веќе е под НАТО...се разбира не НА НАТО туку на Ирачаните а за тоа свеочи економскиот раст.

НИКОГАШ НАТО нема да ја нападне РУСИЈА...оти ќе изгори.
Сите процеси укажуваат на напад на Русија.
Ако Ал Каеда е компјутерски фајл на МИ6 за терористи кои се обучувани од тие служби за борба против СССР во Авганистан.
Ако Саудиска Арабија од каде доаѓа и Бин Ладен и од каде доаѓаат и вахабистите и ако истата таа е главен финансиер на тие радикални муслимани за Балканот и Европа е заштитувана дирекно од САД и од НАТО, зарем прегрупирањето на НАТО е токму поради нив ?
Зошто антиракетен штит во Полска, а не во Грција, Албанија, Македонија, Бугарија, каде се прв ред при закана од блискиот исток ,односно Иран?
Русите дојдоа до одредени планови по нивната иднина, каде Русија треба да биде поделена на 5 држави и во секоја од 5 држави ќе има различни влијанија од различни земји.
Русите нагло почнаа да инвестираат во модерна воена опрема, ја осовременија булава, развија и други убоити оружја и јасно дадоа до знаење дека западот е прочитан.
Почнаа и на терен да играат гео политички и резултатите ги гледаме.
Македонија пред многу векови помина низ истите процеси на разградување.
Е сега во таква сосојба улогата на Русија на Балканот е минимална затоа што силата ја губи на своите граници на кои овие и се доближија.
Но не значи дека неможе да се игра со нив, затоа што вакцината за вирусот западикус балистикус неможе да биде западот.

ЕДИТ-и конечно укинување на партиите по НАЦИОНАЛЕН ОСНОВ бидејќи веќе нивното постоење е ШТЕТНО а и "борбата" за некои си права е бесцелно-бидејќи Рамковниот веќе е имплементиран(затоа и препорака добивме)....но треба првен ЕКОНОМИЈАТА да се крене...инаку се е џабе...барем додека сме ПАРТИСКО-Феудална држава...за жал.
Рамковниот е имплементиран зошто имаме закани за војна и тоа од албанските политички субјекти, еве да ги тргнеме екстремните групи ?
Крајната цел не е рамковниот.
Ако не е крајната цел рамковниот тогаш што е ?
Федерализација и сецесија.
Ако е федерализација и сецесија ќе има воен конфликт.
Ако има воен конфликт каде е тука економијата, заборави на неа и на инвестиции ?
Со постојаните воени закани, Македонија се потешко ќе се демократизира.

Инаку причина за НАТО па на некој начин и негова иницијална каписла е СССР т.е 4милионската војска во источна германија која не планирала да се повлече-па Европјаниве побарале помош од САД и Би НАТО.
Еве не посоти СССР како закана, зошто постои НАТО со истиот концепт ?
Си измислуваат закани од минорни групи кои и самите ги финансираат и ги организираат.
НАТО почна да работи за големите нафтени компании, почнаа неговите бази да се користат за швер на дрога итн...
НАТО се повеќе преминува во тоталитарна организација.

Русија веќе се откажа од балканот...сега со Украина да ја наредат некако(+20% воена индустрија башка квалитет) но факт е дека Русија го Предаде балканот на НАТО и тоа е со ПРИЧИНА.......бидејќи Крахот на ЕУ е неоспорлив и иманентен,но НАТО мора да опстане и ќе опстане модифициран...но низа членки ќе излезат од сојузот.
Русија во времето кога НАТО напредување на Балканот неможеше самата со себе да се справи.
Путин е тој кој ја враќа Русија на меѓународна сцена, ја закајанува одвнатре и однадвор.
Тој ги врати бившите советски републики во орбитата на русија.
Ја врати Украина.
Русите имаат одлични врски и инсталации во република српска која па е ред поредок и развој во однос на остатокот од босна.
На Србите им дадоа енергетска независност со јужниот поток.
Од Србите сега зависи дали и понатаму ќе се колнат во Русите а ќе соработуваат со НАТО.
За нас ќе повторам, имаме превише адути во ракав за да ја држиме Русија настрана од нас. Таа ја има вакцината за вирусот во комбинација со нашата желба за оздравување, морално, духовно, национално.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.135
Поени од реакции
2.778
Во потопот од 1991 година Ние си се одлучивме за влез во ЕУ и НАТО, иако сум убеден дека и денес мнозинството политичари и јавност кај нас не е свесна кои се обврските за влез во овие организации. Така, овие 19 години ги поминавме во војни, криминална распродажба на општествената сопственост, убиства, прислушкувања, кич-култура и турбо-фолк музика... и разно-разни други атрибути на држава која не знае што сака за себе!Поради тоа денес ни се појавува последицата ШТО ПОНАТАМУ, наместо членство во ЕУ. И така доаѓам до заклучок дека не само што не сме влезени, а и нема да влеземе во ЕУ и НАТО во наредните неколку години, туку Македонија нема никаква стратегија за да се свртеме кон Истокот.
Македонија веќе 19 години глуми самостојна, суверена и независна држава, а на дело сме протекторат, и тоа од врстата на најдолна лепешка во системот на агресивниот неоимперијализам на Американците. Во целиов невкус, кич и транзиција во која се наоѓаме енормно долго, треба да се определиме за тоа каде понатаму.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Славјански, нема славјанска заедница на народите (од типот на ЕУ) затоа што словенските народи имаат поголеми меѓунационални проблеми, затоа што владее омраза меѓу нив, затоа што сите живеат во XIX век, сите страдаат од болестите на национализмот и шовинизмот, сите имаат проблеми со историјата, со потеклото, со "заедничката иднина". Мене како Македонец полесно ми е да склопам заедница со Германец отколку со Грк, Бугарин, Србин. Германецот ми признава се (иако не ме знае колку соседите, ама ме признава за човек!).
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Славјански, нема славјанска заедница на народите (од типот на ЕУ) затоа што словенските народи имаат поголеми меѓунационални проблеми, затоа што владее омраза меѓу нив, затоа што сите живеат во XIX век, сите страдаат од болестите на национализмот и шовинизмот, сите имаат проблеми со историјата, со потеклото, со "заедничката иднина". Мене како Македонец полесно ми е да склопам заедница со Германец отколку со Грк, Бугарин, Србин. Германецот ми признава се (иако не ме знае колку соседите, ама ме признава за човек!).
Само не разбрав, зашто зборуваш за грците како словени,ама аjде...
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Само не разбрав, зашто зборуваш за грците како словени,ама аjде...
Лапсус, сум ги смешал како соседни. Инаку мислев на "словенските ни браќа". :tv:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom