- Член од
- 8 декември 2009
- Мислења
- 702
- Поени од реакции
- 528
По втор пат ја читам целава тема, една од посодржајните (за сега :wink со доста интересни работи постови во неа, ама се уште не сум сигурен за најважната работа: што е уствари темата, а и накаде води дискусијата- да се преиспита односот со западните земји?; да се дискутира за опасноста од Албанците (по 100-ти пат)?, да се преиспита националната свест?; да го покренеме на прашањето за избор на страна меѓу истокот и западот?... или од се по малку?. Ова болдираното ќе е најверојатно. А ако темата води натаму, моето мислење е copy/paste на постот од Bratot, од А до Ш.
И да не остане само на copy/paste, еве и нешто поопширна верзија:
Многу ќе ни се олесни работата (ако „работата„ ни е да си ја јакнеме државата, кој колку може) ако од старт расчистиме неколку работи:
Прво, односите во светот, илити меѓународната политика не се партија фудбал/кошарка, било кој натпревар во кој има две екипи со различни дресови (во случајов бели и црни) па да се бира страна и да се игра ( во нашиот случај да се навива, и тоа не на стадион туку пред ТВ). Стварно не ја разбирам потребата на луѓето да мораат да прават генерални поделби на добри/лоши (пазете, збориме за цели држави со милиони луѓе) - ако проба некој да ме убеди дека СИТЕ руси/амери се добри/лоши, дека СИТЕ кинези се ниски и знаат карате, дека СИТЕ албанци чуваат по 3 калаши под перница и 2 у резерва, спремни да погинат за „освојување„ на Струмица,... „узалуд вам труд свирачи„, нека не се мачи џабе :nenene:.
И второ, можеби и поважно:
- американецот НЕ Е добар американец ако се бори за доброто на Македонија, туку ако се бори за доброто на Америка, русинот НЕ Е добар русин ако се бори за доброто на Македонија,русинот е добар русин ако се бори за доброто на Русија ...продолжи ја низата. Аналогно на тоа, на нас е да гледаме што е доброто за Македонија. Е ако нашите интереси се поклопуваат со интересите на некој од нив -добро, ако не - пак добро, ќе си го бараме чарето на друго место - as simple as that .