Македонија и западната заедница

Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
По втор пат ја читам целава тема, една од посодржајните (за сега :wink:) со доста интересни работи постови во неа, ама се уште не сум сигурен за најважната работа: што е уствари темата, а и накаде води дискусијата:toe:- да се преиспита односот со западните земји?; да се дискутира за опасноста од Албанците (по 100-ти пат)?, да се преиспита националната свест?; да го покренеме на прашањето за избор на страна меѓу истокот и западот?... или од се по малку?. Ова болдираното ќе е најверојатно. А ако темата води натаму, моето мислење е copy/paste на постот од Bratot, од А до Ш.

И да не остане само на copy/paste, еве и нешто поопширна верзија:
Многу ќе ни се олесни работата (ако „работата„ ни е да си ја јакнеме државата, кој колку може) ако од старт расчистиме неколку работи:

Прво, односите во светот, илити меѓународната политика не се партија фудбал/кошарка, било кој натпревар во кој има две екипи со различни дресови (во случајов бели и црни) па да се бира страна и да се игра ( во нашиот случај да се навива, и тоа не на стадион туку пред ТВ). Стварно не ја разбирам потребата на луѓето да мораат да прават генерални поделби на добри/лоши (пазете, збориме за цели држави со милиони луѓе) - ако проба некој да ме убеди дека СИТЕ руси/амери се добри/лоши, дека СИТЕ кинези се ниски и знаат карате, дека СИТЕ албанци чуваат по 3 калаши под перница и 2 у резерва, спремни да погинат за „освојување„ на Струмица,... „узалуд вам труд свирачи„, нека не се мачи џабе :nenene:.
И второ, можеби и поважно:
- американецот НЕ Е добар американец ако се бори за доброто на Македонија, туку ако се бори за доброто на Америка, русинот НЕ Е добар русин ако се бори за доброто на Македонија,русинот е добар русин ако се бори за доброто на Русија ...продолжи ја низата. Аналогно на тоа, на нас е да гледаме што е доброто за Македонија. Е ако нашите интереси се поклопуваат со интересите на некој од нив -добро, ако не - пак добро, ќе си го бараме чарето на друго место - as simple as that :toe:.
 
S

smart ass

Гостин
Србите се воено силни...убивајќи деца и тоа пред очите на холандските педери кои имаа задача да ги ШТИТАТ цивилите...ццццц

Инаку она да од 3000 до 6000 борци се смета дека имаше,но не верувам сега да дојде до некој конфликт...Права,Права...нека не градат споменици,нека го средат судството,администрацијата,имотно правните механизми и се разбира политичка стабилност,па да видиш како ќе трчаат инвеститори....бидејќи има во Македонија неискористен потенцијал...но тоа е Глуп Народ-трпи и трпи,и трпи....

А на косово како прво и не му одговара конфликт,башка што српските служби работат активно(како бугарските овде)...а тачи...нема да излаже никој со закани и на крај краеви не ја исклучувам можноста за одредени инциденти,но нешто од поголем размер....тешко...многу тешко.

И види интересно оружје Ново,но и старо со Пластичен експлозив+ чувано од снајпер...јас мислам дека новото е добиено преку размена пари-оружје или пак дрога оружје,а цел најверојатно ќе да е продажба на истото-затоа и чувано...на пример казахстан е фиксен купувач,чеченците и.т.н

А хоџа не треба да ни кажува дека во секоја 4-та куќа има нелегално оружје:)
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ние анализираме однос на една држава Македонија и на западни заедници ЕУ и НАТО.
Имаме релевантни податоци од кои можеме да донесеме релевантни заклучоци.
Не е тоа емоција.
Во пракса под менторство на тие организации, веќе кажавме, се одвиваат процеси на дезинтеграција на земјата.
Еве да додадам уште нешто.
Се вее ли знаме на туѓа земја без притоа да го имаме знамето на државата Македонија ?
Се вее, да не ви објаснувам што значи тоа.
Се учи ли македонски јазик кој е државен јазик кај Албанците во првите одделениа ?
Не се учи, каков е тој процес ?
Зошто таа западна заедница целата се дигна кога се воведе со неколку часа македонскиот јазик за првооделенците албанци ?
А од друга страна секоја запирка од глава ни ја маваат од рамковниот.
Тоа е нешто што ни се случува денеска, тие процеси јасно се гледаат дека земјата ја водат кон поделба.
Ако за грото Македонци тоа е решение на проблемот, тогаш ние сме на прав пат и нема што тука Македонија да мрда лево или десно, арна си е таму каде што е.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Поштено Славјански :smir:. Околу последиците се согласуваме, да кажеме дека тоа што го постираше е горе-доле состојбата денес.
Прашањето околу кое веројатно се разијдуваме се ПРИЧИНИТЕ заради кои дојде до ова. Ако се утврдат точните причини, ќе се пронајде и решението. За жал, јас сум уверен дека причината сме НИЕ - сите од ред, Македонци, Албанци, Срби, новопечени Бугари плус Амди и компанија... и само ние може и да се извадиме од г.ната.
Тоа не е некое мазохистичко гледање и синдром на себеобвинување, тоа е вистината. Викаш односот на европа кон нас - односот пријателе се стекнува и се заслужува. Исто како јас/ти/тој во секојдневниот живот, со некој се заебаваш, со некој се однесуваш со почитување, со некого преговараш, на некого му наредуваш, некого избегнуваш...-се по заслуга (читај кој е, каков е, што работи, има ли двајца браќа боксери :pos2:). Е па нашата заслуга изминативе 20 години е таа - сме оставиле впечаток дека секој може да не д.пи како сака.
Еве за со јужниве цигани: Една стара мудра вика вака - имаш кило железо и кило памук, и не ги збира во вреќата, кого ќе го притиснеш за да ги собере? Никој не ни е крив што ние се доведовме во состојба на памук. Западот го прави тоа што би го направил секој нормален, го притиска памукот за да наполни вреќата и да заврши работа.

Еве и околу процесите што ги спомна во Македонија. Ситуацијата е таква каква што ја опиша, ама како што кажав и погоре и тоа е „заслуга„ на сите нас, нормално со мало „охрабрување„ од страна. 20 години се малце за држава, овој процес си има етапи кои мора да се поминат и не може работите едноставно да се „убрзаат„.
Ја спомнуваш 2001, ама тогаш загубија сите. Да, да, загубија и Албанците, некои од нив тоа го знаат и денес, некои ќе го дознаат подоцна во секојдневниот живот -кога ќе однесе некој роднина кај рамковен лекар, а овој место за температура ќе го накљука со апчиња за притисок и ќе го умре човекот само затоа што првите три букви на лекот се исти??!!(не е виц, се случува и почесто него што мислиме :kesa: ), кога на улица некоја фамилија ни крива ни должна ќе ја собере некој што полагал за возачка со калаш, кога на некој ќе му се сруши куќата градена од рамковен архитект...

Да не бидам погрешно сватен, не е тоа затоа што Албанците „не ги бива за ништо„. Напротив, во 90-тите а и пред тоа во секоја фирма и професија беа едни од подобрите (не за друго, затоа што на наша срамота мораа да бидат барем 2 пати подобри од другите за да успеат :kesa:). Зборот ми е дека за 1-2 години може човек да го научиш многу работи, ама не може за 1 година да направиш доктор, архитект, правник...

А заради тоа тек ќе патиме сите. Кругот се затвара, Албанските ученици знаат дека ќе поминат како што поминуваат, Македонците одат по принципот „ако можат тие можеме и ние„ додај една лажичка зачин - турбо фолк вредности и чудни „идоли„ од другите соседства и гледај што ќе стане кога денешниве основци/средношколци ќе станат носители во општеството.
Изгубени се моралните вредности пријателе и тешко нас (како држава) во следните години. Ама не заради западот, туку заради сите с.ања што ги зготвивме во изминативме 20-на години.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Секако, ние сме на прво место, но за тоа треба да се отвори посебна тема.

Ние си ги убивме Коста Рацин, Кузман Јосифовски Питу, Панко Брашнаров, Ченто, Карангелески, Мијалков, итн итн ...

Ние немаме храброст да се пресметаме со петтата колона внатре која па е идеална за пазар на тие од надвор.

За Албанците.
Они си имаат идеал, од првиот плач на детето тие го задојуваат прво со идеалот а после млеко му даваат.
Ако 1945 ги поразивме воено и ако ги амнестиравме да не се повтори тоа, зошто па ни се роди таа идеја.
Немој да ми кажете дека сосотјбата на малцинствата во Македонија е полоша од таа во Албанија или на друго место во светот.
Во Македонија луѓето беа гонети на идеолошка база а малцинствата уживаа во права во кои ниту во Европа ги немаше во тоа време.
Али да не ја шириме темата.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Гордон во Скопје - името итно да се реши

четврток, 13 мај 2010, 17:27

Со куса, недвосмислена и прецизна порака допатува денеска во Македонија помошникот на Хилари Клинтон задолжен за европски прашања Филип Гордон - крајно време е да се реши проблемот со името, кое е клучно за одблокирање на евроатлантските интеграции. А, Вашингтон е силно заинтересиран за политички и безбедносно стабилна Македонија, членка на НАТО и со почнати преговори за членство во ЕУ.

целата вест : http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=22243

Зошто САД ја подржува Грција во бришењето на Македонскиот народ ?
 
M

Mario Gómez

Гостин
Оружје нашле во тетовско вечерва, која е поентата на толкаво внесување оружје од Косово.

Има само една: Че го пукаат.:pishtoldz
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Нели САД ни се сојузници, со нив во Ирак, Авганистан.
Зарем кога ја даваа финансиската помош неможеа да ги условат Грците да попуштат.
Или полесно е ние да попушиме.
Незнам чудно ми е ова партнерство со САД.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14

Фактот што во јавноста помина незабележано резолуцијата на ЕУ од 2.4.2009 година, за европската свест и тоталитаризмот, која се повикува на Резолуцијата 1481 од 26.1.2006 година на Советот на Европа (за лустрацијата) ме наведува на заклучок дека комунистите во Македонија се неискрени кога велат дека се залагаат за Европа и европските вредности. Ова важи и за комунистите во десната влада.

За мене, најсилната причина за резолуцијата на ЕУ е содржана во точката К.:

„К. бидејќи Европа нема да биде здружена, доколку не е способна да обликува единствен поглед на својата историја, доколку не ги признае нацизмот, сталинизмот и фашистичките и комунистичките режими, како заеднички заоставштини и доколку не спроведе чесни и продлабочени расправи за нивните злосторства во минатиот век...“

Значи, ЕУ од комунистите бара да ја ослободат Македонија од својот бес. Не бара со резолуција да си го смениме името, туку со резолуција бара да расправаме и да ги осудиме комунистичките злосторства. Комунистите предлагаат трампа: ние вам име, а вие да не нé жигосувате за нашите злосторства.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498

Ми се допаѓа ова резонирање, искрено и да не е целосно точно, во најголем дел - да. Постојано се прават саботирања на лустрацијата и се избегнува давање отчет за минатото, само за да се задржат на власт.
 
S

smart ass

Гостин
Ама не е поентата во преиспитување на односите со Запад(и де дефинирајте запад-дали САД ил ЕУ).

Поентата е што Додека ние немам свое ЈАС додека кај нас ДРЖАВАТА не реагира како што треба....нема да не биде.

И САД и Германија и неќат крајно политички нестабилна држава и нерешителна по одредени прашања.
Поентата е едноставани...ЧУМУ ние сметаме дека сме инфериорни од ЕУ на домашен терен????
Понатаму КОЈ тврди дека албанците и за КОИ албанци станува збор а се инструмент на ЕУ????
Каде е ДБК,АРМ...мислам има служби нека организира Арм една "мала вежба" со добар психолошки бекграунд во полог или кумановско-нејсе имаме контрибјут во НАТО-оваа вежба е за војниците да бидат поспремни да одговорат на модерните предизвици согласно војната против тероризмот.

АКО НИЕ НЕ ПРЕВЗЕМЕМЕ НИШТО-НИКОЈ НЕ НИ Е ВИНОВЕН.

На крај краеви и ЕУ не ни е потребна...што само запнале ЕУ ЕУ ЕУ...

Кога станува збор за НАТО работите се други,но тоа не значи менување на името.Еве славјански нека објасни КАКО САД или која и да е нато членка можеа да го спречат ветото во букурешт кога НАТО е ТАКОВ КАКОВ ШТО Е.

Значи следно е Реорганизација на НАТО-па веќе видливи се конфликтите внатре помеѓу нато членки...Британија има 9500 војска во афган французите млитави околу 5000 мислам..жабарите знаеме...ТОА ЛИ Е СИЛАТА НАТО??????

Не тоа е ДОКАЗ дека нато мора да биде реформиран,а зацртано е Македонија да биде во НАТО-но од нас зависи под кое име....не од НИВ.

--- надополнето ---

Ми се допаѓа ова резонирање, искрено и да не е целосно точно, во најголем дел - да. Постојано се прават саботирања на лустрацијата и се избегнува давање отчет за минатото, само за да се задржат на власт.
Да ова е точно,што е уште поинтересно и мењаат бои,иако знаеме каде е главнината-МОРА ДА СЕ РЕШИ!!!

--- надополнето ---

Нели САД ни се сојузници, со нив во Ирак, Авганистан.
Зарем кога ја даваа финансиската помош неможеа да ги условат Грците да попуштат.
Или полесно е ние да попушиме.
Незнам чудно ми е ова партнерство со САД.
Славјански правно е така...и Албанија ако сака сега може да и шибне вето на Украина(ова пример).

--- надополнето ---

Боби[Мкд];3555094 напиша:
Оружје нашле во тетовско вечерва, која е поентата на толкаво внесување оружје од Косово.

Има само една: Че го пукаат.:pishtoldz
Кај се набавки на беспилотни летала,кај е гранична полиција,МИНИРАЊЕ на веќе познати рути,радари за детекција на движење,мобилни митралезки платформи....има во Израел.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ама не е поентата во преиспитување на односите со Запад(и де дефинирајте запад-дали САД ил ЕУ).
Западот олицетворен во НАТО и ЕУ.

Поентата е што Додека ние немам свое ЈАС додека кај нас ДРЖАВАТА не реагира како што треба....нема да не биде.

И САД и Германија и неќат крајно политички нестабилна држава и нерешителна по одредени прашања.
Поентата е едноставани...ЧУМУ ние сметаме дека сме инфериорни од ЕУ на домашен терен????
Понатаму КОЈ тврди дека албанците и за КОИ албанци станува збор а се инструмент на ЕУ????
Каде е ДБК,АРМ...мислам има служби нека организира Арм една "мала вежба" со добар психолошки бекграунд во полог или кумановско-нејсе имаме контрибјут во НАТО-оваа вежба е за војниците да бидат поспремни да одговорат на модерните предизвици согласно војната против тероризмот.

АКО НИЕ НЕ ПРЕВЗЕМЕМЕ НИШТО-НИКОЈ НЕ НИ Е ВИНОВЕН.
Како не сме преземале ништо ?
Акцијата во Арачиново, зошто само после 3 дена таа беше прекината и зошто беа потребни блиндирани автобуси?
На нашите во сон им дошло сето тоа ?
Кој ја испорача заканата ?

Кога станува збор за НАТО работите се други,но тоа не значи менување на името.Еве славјански нека објасни КАКО САД или која и да е нато членка можеа да го спречат ветото во букурешт кога НАТО е ТАКОВ КАКОВ ШТО Е.
Грција да беше сама во Букурешт немаше да даде така лесно вето.
Позади неа стојат големи сили од Европа, прашање е каков е односот на САД. Зошто тоа го велам ?
САД не призна под Уставното име и ако тоа беше искрено и пријателски истата САД која е светска сила ќе лобираше за нашите интереси. Но ние постојано слушаме закани од нивна страна и не притискаат да отстапиме.
Каков е притисокот врз Грција ?
125 милијарди евра.
А врз нас ?
Како во 2001, со секое писмо на меѓународната која всушност е западна заедница во Македонија, експресно се увезува воен арсенал како закана за дестабилизација.
Од далеку се гледа улогата на западот кон Македонија.
Западот на Балканот форсира две нации, албанскатта и грчката.
Кај нив можеш да имаш попис без малцинства, можеш да правиш воени вежби во селски атар, можеш да ангажираш специјални полициски сили за прекин на курс по македонски јазик, можеш да укинеш културно друштво итн...
Од друга страна, нашата држава од едно малцинство кое вештачки го надуваа ја блокира државата по сите покрупни прашања.

Славјански правно е така...и Албанија ако сака сега може да и шибне вето на Украина(ова пример).
Може секако, но тогаш НАТО од елитен клуб преминува во нешто сосема друго, прчвара.
 
Член од
9 февруари 2010
Мислења
300
Поени од реакции
11
Нели САД ни се сојузници, со нив во Ирак, Авганистан.
Зарем кога ја даваа финансиската помош неможеа да ги условат Грците да попуштат.
Или полесно е ние да попушиме.
Незнам чудно ми е ова партнерство со САД.

hahahahahahaha odete tamu bre serkovci edni,so 10-15 vojnici stanavte heroi vo Avganistan,,kako prvo kuznajt makedonskite vojnici vo koja dupka se krijat.. Kako moze site zemji clenki na NATO vo Avganstan da imat dadeno zrtvi,a od makedonskite vojnici nitu eden vojnik ne zagina,,imalo i edna statistika deka samo Makedonija nemala zrtvi vo Avganistan,,ova ne kazuva sposobnosta,tuku kuznajt kade se krijat koga ke pukne nekoj kursum.. le le majko da se krieme..
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.073
Поени од реакции
4.721
hahahahahahaha odete tamu bre serkovci edni,so 10-15 vojnici stanavte heroi vo Avganistan,,kako prvo kuznajt makedonskite vojnici vo koja dupka se krijat.. Kako moze site zemji clenki na NATO vo Avganstan da imat dadeno zrtvi,a od makedonskite vojnici nitu eden vojnik ne zagina,,imalo i edna statistika deka samo Makedonija nemala zrtvi vo Avganistan,,ova ne kazuva sposobnosta,tuku kuznajt kade se krijat koga ke pukne nekoj kursum.. le le majko da se krieme..
Не се пи*ки како Албанските војници да седат дома.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom