B
Borg_Drone
Гостин
Навистина убава вест, но некои членови веќе напишаа дека треба да се превземат мерки за да не се загуби и она што го имаме и после тоа да паднеме од дваесет и првото на сто дваесет и првото место.Тоа е реалноста нема зошто некои членови да се лутат или лупаат во гради.Дали некогаш ќе превземеме нешто е тука веќе......... Македонија како земја може нема море, но има доста интересни локалитети, места каде што се воделе доста познати битки и.т.н. кои се вредни за посетување и од кои може доста да се заработи, веќе тука некои ја спомнаа и мегалитската опсерваторија Кокино која беше рангирана на листата на НАСА на четвртото место, тука би ги споменал и Стоби, Хераклеа, Маркови кули, Струмица и.т.н. , и.т.н. (да не набројувам на сите ни е познато).Низ државава поминуваат доста туристи кои се упатуваат на море во Грција, ако не од странство од Балканот ги има доста кои ја преминуваат нашава држава и одат во Грција, дали на море, дали по бизнис, дали на шопинг тоа не е важно, важно е дека ја поминуваат доста луѓе и само од нивното "Stop By" можеме да заработиме доста, од нивните посети на овие места.Ама Македонија и нејзината популација се доста уникатно нешто, повеќе сме заинтересирани за јадење бурек „уз тањир шопску и чашу шливовача“ кај Миле Чаталот и Жабарот него ли за нашата држава.
И вистинското прашање е:Дали некогаш ќе се освести оваа држава?
Јас не би рекол.
Жално, но вистинито!