Одиме со кирилица од дома
Значи Дарданија многу е добро што бараташ со статистика и тоа дава тежина на муабетот. Но секоја статистика има две страни а јас почитувам само статистика во која се земат повеќе параметри и се споредуват, значи повеќедимензионално гледање на работите , затоа погоре ти ја спомнав големината на семејствата и образованието.
Што се однесува до статистиката за вработеност тука како втора димензија би го ставил образованието и големината на населението (пример види просечна густина на населеност во Арачиново, Велешта, Чаир и тн.) но ете да кажеме оваа димензија и неигра толку голема улога. Она што е многу поважно е третата димензија за која нема статистика а се однесува на процнт на пријавени работници по вработен. Милион посто сум сигурен дека во Тетово и Гостивар има многу помалку пријавени ( и тоа проценти кои можеби се движат и до 90%) од на пример пријавените во Струмица каде што патем УЈП ги одра од контроли фирмите, нека одат така во Тетово и Гостивар ќе завршат како и денеска ЕВН во Велешта.
Нема кај албанците производство , не е наследено ништо од индустријата ...
Има неколку компании нови , отворени од луѓе со искуство од странство ... но да речеме сериозни компании нема.
Најчесто се работи за трговија , купувај-продавај.
Сам газда , сам работник.
Нема деловни субјекти со стотина вработени.
Дали има сива економија , епа има , заради тоа што работите што ги работат не можат да ги озаконат , привремена работа , можеби и од незнаење тоа го прават итн.
Ми се жалеше еден таксист , колку години работам нередовно како таксист , ми поминуваат годините , а немам ниеден ден стаж ... да можев негде да работам редовно да си обезбедам пензија.
Значи во иднина од цел Полог кога ќе остарат , дали 1/3 ќе земе пензија.
За разлика од нив цела источна Македонија ќе има пензии.
Зошто Македонецот е научен да плаќа (секако не сите но повеќето) и да молчи и меѓусебно да си ги вади очите додека Албанците (секако не сите но повеќето) ниту биле ниту пак имат намера да бидат лојални кон државата. А верувај се додека не ги пријавуват работниците секогаш ќе има статистика која ќе им оди во прилок на политиката на жалопојка.
Ајде по градовите има поголема економка активност ...ама по селата е катастрофа.
Тука ќе се сложам со тебе , заради густината на населението по селата ... тие распарчени ниви ... што ќе правиш со 1 хектар земја , нема ни наводнување ни ништо.
Затоа најдобро е некоја инвестиција која би вработела повеќе селани ... тоа недостасува.
Трета работа е викаш вработувањето во приватниот сектор притоа тука забораваш дека повеќето Албанци од поновата генерација не го говорат македонскиот јазик а за останати квалитети и да не зборуваме.
Тие што завршиле повисоко образование го знаат јазикот. А другите квалитети не знам кои се тие , но се снаоѓаат ... гледам во Тетово по овие банките и поштите што ги вработиле услужуваат на два јазика , тоа е предност.
Тоа се све предрасуди дека албанците немале квалитет, не знаеле итн... и за на Косово србите вака велеа , но денес во сите компании албанците се ем шефови ем работници , е како мајката сега ги бива да водат држава а до вчера не беа способни ни за во фабрики да работат.
Четврто додека Македонецот се задоволува со плата од 150 евра и со тоа преживува, Албанците едноставно не работат за тие пари и полесно им е на црно да шверцуват цигари отколку да шијат во текстилни фирми.
Нема више цигари , умре тој пазар. Само на Бит Пазар се останати со пакети што продаваат.
На црно моментално најмногу се работи во градежништво.
Немаш рачун за 150 евра да работиш , пошто како што реков нема за сите работа , и затоа тие што работаат мора да работат за повише.
А таму кај што се цело семејство вработени , се може и со 150 евра.
Како 5 кога сме веќе кај 150 евра и статистиката за вработеност, дали имаш статистика колава е просечната плата во истично а колкава во западна Македонија и дали е случајно што 90% од текстилните фабрики се токму во „богатиот„ источен крај???
Просечна нето плата 2011
Источен регион : 15.131 денари
Југоисточен : 16.169
Полошки : 19.784
Скопски : 24.693
Вистина дека малце се албанци што би дозволиле на жената да работи за 5000-7000 денари како роб. (ако навистина се толкави примањата).
Но ете тие од источниот дел имаат такви сваќања , па им се исплатува и така.
Нас ни се појеба работата и заради печалбата , поисплатливо за едно семејство им е да пратат еден син во странство ... него цело семејство да работи земјоделие во тој еден хектар земја.
Да не беше печалбата ... и да се потпревме на милоста на властите и земјоделието ... имаше да бидеме како ромските маала.
Јас повише ги сакам печалбарите него ли Ахмети или Груевски.
Па тие првите повише инвестираат во нашите региони него овие што им е обврска.