Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
S

Shaman

Гостин
Сега експресно ќе се јави СПЦ и Гејската Црква дека во Македонија се врши притисок врз српскиот егзарх Јован, дека му се препишуваат дела за кои дотичниот не е виновен, дека е во затвор само затоа што е поддржуван од СПЦ И ГПЦ:rolleyes:
А тој кутриот ништо не чул и ништо не знае - ‘‘није одавде‘‘;)
тој „кутриот“ под итно треба да се избричи и ишиша.
и сите околу него „попови“ и „монаси“.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Изгледа еден од вработените поети во МВР зема плата само за да смислува имиња на операциите.
“Планинска бура“... ах...
Во догледно време се очекуваат и “Барок“, “Скопје 2014“ “Цунами“ и слични, доколку остане на работа дотичниот.
Иво Котевски од МВР пред извесно време изјави дека во МВР нема лице задолжено за давање имиња на акциите, туку имињата се даваат во текот на подготовките и извршувањето на акциите од страна на оперативните тимови задолжени за тие акции.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
На канал 5 има најава за седум деца повредени, некој информација што се случило?
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Камион удри во школско комбе кај Делчево – 7 деца се повредени

Седум деца се повредени при судир на школско комбе со камион натоварен со руда на 7 километри од Делчево. Несреќата се случила околу 14 часот кај месноста Баткова Чешма. Учениците се враќале од настава, а школското комбе ги носело до домовите во селата Бигла, Драмче, Турија и Илиово.

Сканијата удрила во комбето при што од ударот децата се здобиле со исекотини од искршеното стакло и со контузии по главата од ударот, а освен учениците, кои се од 5 – 8 одделение во ОУ „Ванчо Прке“ во Делчево, во комбето имало и двајца возрасни, кои исто така се здобиле со повреди.
- Децата поминаа со полесни повреди, возачот на комбето има повреди на раката, инаку јас бев на лице место со екипата од брза помош и навистина децата имале среќа. Комбето беше многу оштетено, вели д-р Гоце Стоименовски, лекар во итната помош во Делчево.
Како дошло до несреќата засега од полицијата не информираат. Се шпекулира дека возачот на камионот, натоварен со руда од рудникот Саса, избегал од местото на несреќата, полицијата го нашла во Делчево доцна попладнето. Од полицијата повеќе детали за сообраќајката најавуваат за утре.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Па како најавуваат срце да го удри човек. Се надевам малите ќе бидат добро.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
На канал 5 има најава за седум деца повредени, некој информација што се случило?
Тешко да добиеш одговор одма, сите гледаат Евровизија мислам.

Знаеш што е најлошо? Што кога те прочитав, прво што ми се ссврте низ глава е дека пиша "повредени", а не "мртви" и на некој начин како да ми олесна. Почнавме најлошото да го очекуваме (или барем јас), од настаниве какви ни се сервираат во последно време, така што дури и сериозна работа како оваа се тешам што не е полоша.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Вторник, 22 Мај 2012 11:05
Сподели
746
Споделете ја веста со Вашите пријатели
На фудбалските терени се случува се и сешто, може да се видат разни националистички транспаренти, пеење националистички песни, но овој транспарент се чини ги помина сите граници.


Имено, на првенствениот натпревар помеѓу второлигашките екипи Гостивар и Пелистер, од страна на домашните навивачи, беше истакнат транспарент на кој пишуваше: „Кој сака да умре, нека проба да даде гол“.
Според она што се случува на нашите терени, овој транспарент и не треба да не чуди, но сепак зачудува фактот што никој од службените лица на овој меч не реагираше за да го тргне овој натпис.
Инаку, овој натпревар се одигра на 19-ти мај и дали поради овој транспарент или не, сепак Пелистер загуби со 1:0.

Само мене не ми е чудно зошто не го тргнале натписот?
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Вторник, 22 Мај 2012 11:05
Сподели
746
Споделете ја веста со Вашите пријатели
На фудбалските терени се случува се и сешто, може да се видат разни националистички транспаренти, пеење националистички песни, но овој транспарент се чини ги помина сите граници.


Имено, на првенствениот натпревар помеѓу второлигашките екипи Гостивар и Пелистер, од страна на домашните навивачи, беше истакнат транспарент на кој пишуваше: „Кој сака да умре, нека проба да даде гол“.
Според она што се случува на нашите терени, овој транспарент и не треба да не чуди, но сепак зачудува фактот што никој од службените лица на овој меч не реагираше за да го тргне овој натпис.
Инаку, овој натпревар се одигра на 19-ти мај и дали поради овој транспарент или не, сепак Пелистер загуби со 1:0.

Само мене не ми е чудно зошто не го тргнале натписот?
Кај смеат да го тргнат ке ги навредат рамковните после ке протестираат дека им се загрозени нивните елементарни права да ја уништуваат оваа држава итн. Одамна ни се качија на глава ова рамковните ама тоа е си кутиме си кутиме , и на крај да не се чудиме зошто е можно во иднина да ни пропадне држата. Ама како ние македонците се понашаме спрема македонија прашање е дали стварно ја заслужуваме оваа држава кога некој талибанци кој не се ни 20% во државата прават што сакаат во оваа држава секој понатака збор искажан е сувишен и непотребен........
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Знаат да хакнат веб страна, не знаат англиски за зборат? :facepalm::facepalm::facepalm:

Алах не им дал многу мозок у тоа тимбите изгледа ....
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Епа сега ке им ги факнат web страниците циции се од тие градови не се како Скопје да дозволуваат да кршат јавни објекти, да скандираат UCK инт. и да каменуваат џандари затоа на на страницата на град Скопје си стои читава, Заклучок нека ви го искршат градот и нека ви го направат двојазичен градот и нема да ве хакираат. Со кое племе си имаме ние македонците работа:facepalm:
 
Член од
28 јануари 2012
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.715
Китка ќе оди курбан за хотел и фарми

Скопски бизнисмен најавува елитен туризам на планината, викендашите негодуваат што се става прст на природата

На планината Китка, која со својата дивина му пркоси на градскиот метеж, ќе никнат луксузен хотел, фарми, оранжерии, органска храна, па дури и скијачки патеки. Инвеститор е бизнисменот Адем Абдулаи, сопственик на маркетите „Принц“, кој најавува дека, всушност, ќе развива летен и зимски туризам. Жителите на селата што гравитираат околу Китка, како и сопствениците на куќи и викендички во ова популарно градско место за одмор и рекреација, се поделени во размислувањата. Едни се задоволни што, пред се', некој конечно ќе го среди патот преполн со кратери, други, пак, негодуваат што и Китка ќе стане достапна за сите, а не само за вљубениците во природата.

До Китка се стигнува преку Драчево, по што патот долг триесетина километри води преку селата Долно и Горно Количани. До тука патот и не е толку лош, но потоа престанува асфалтот, се налетува на дупка до дупка и освен џип, тешко дека може да мине друго превозно средство, особено ако е врнежливо. Сега таму работи градежна механизација. Инвеститорот го тампонира патот, а за асфалтирање се очекува помош од Општина Студеничани, но таа засега изостанува.

Бизнисменот Абдулаи има големи планови на планината. Го купи рибникот, се одгледува органска храна, во фармите ќе има добиток и стока што ќе се храни без конзерванси. Здравата храна ќе им се служи на гостите во елитниот хотел што се гради до рибникот.

„Во првата фаза, хотелот ќе има 30 соби, а на крајот, околу 150 соби“, најавува Абдулаи. Тој вели дека важно е да се гради квалитетно без да се брза, иако, доколку се' биде во ред, хотелот би можел да проработи и до крајот на годината. Проблем претставува што во месноста околу рибникот, се' уште нема струја, но се очекува и тој проблем да биде решен. Во следните планови е изградба на скијачки патеки зад планинарскиот дом Караџица.
Дел од граѓаните, пак, се лути што планината ќе биде узурпирана.

„На Водно се изгради жичарница, се исекоа дрвјата, а сега истото ќе се случи и со Китка. Тука доаѓаа само луѓе што ја сакаат природата, оти поголем дел нема струја. Единствено патот што е за никаде, ама подобро тоа отколку Китка да стане место за елитен туризам“, негодуваат дел од викендашите на планината.

Абдулаи вели дека ги има добиени сите потребни дозволи за градење. Во Општина Студеничани не сакаа да коментираат околу градежниот бум на Китка.

ИЗВОР
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
?
Ниеден од напаѓачите кај Кисела Вода не доби затворска казна.
Само двајца добија условна казна (ех) , а другите 5 невини.
Во овој напад беа нападнати 15 ученици , 5 завршија со тешки повреди на болница.
Иако според тепаните , во групата напаѓачи биле над 15 лица , се идентификуваа 7мина , за на крај сите да бидат ослободени дома , без ниеден ден притвор или затвор.


--
!
Од друга страна , досега : - Со 10 месеци затвор е казнет 23 годишник за нападот врз старецот во Ѓорче.

А денеска беа изречени казните и за напаѓачите кај Ентернет , кога беше нападнат еден дечко. Тројца од напаѓачите добија 3 месечна затворска казна , а еден условна.
=
Сега мене не ми е јасно , како тоа за напад над едно лице се добива 10 месечна затворска казна ... а за напад над 15 лица , од кои 5 со тешки повреди ... ниеден од напаѓачите не добива затворска казна.
Не и се верува на оваа држава дефинитивно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom