ај да пишам еден подолг пост, кој сигурно ќе се изгуби у навалава на емотивни постови, али ајде...
Прво и основно !!!
НЕМАВМЕ ОДБРАНА !!! Немавме никаква одбрана еј !!! Еден блок не направивме, ЕДЕН !!! Кај е таа 6-0/5-1 одбрана од Србија бе !? Темелков е мноооооогу значаен, ама ова е премногу, и без него мораше подобро. Не ми е верно дека од еден играч толку зависевме...
Тактични НЕ УНИШТИЈА !!! Си играа далеку од нашата одбрана, и после со 3-4 брзи додавања ни шетаа низ зоната у прво полувреме. У второ, тоа што се деси со Андерсон е НЕДОЗВОЛИВО !!! Ајде со Хансен барем му правеа блок... овде сега никој не креваше раце бе !!! Го гледам Бранче тргнува да крене раце, Андерсон шутира овој ги спушта рацете и се трга... буквално се трга од таму !!! Како бе така !? Тоа со Ханесн го прифатив како негово здивување и меч на сезоната, али ова денеска НЕ !!! За ова денеска крива е одбраната !!!
Во ниту еден момент не поставивме компактна одбрана, во ниту еден !!!
Борко... Ти еам флегмата, мисли отишол у Германија сега ќе ми се влече. Катастрофа беше, ни Б од тој Борко од ЕП !!!
Во нападот ужасни како и вчера... ајде грешките настрана, ама да му е*ам стопанката бе... па еднаш да сменеа акција ЕДНАШ !!! Овие постојано истото, па и обичен гледач ќе го проучи тоа а не Иги Поп... Ниту една резервна тактика, све едно исто па исто !!! КАТАСТРОФА !!!
На ЕП им бевме изненадување, не знаеја како играме, али сега не пијат нафта, убаво ја проучиле нашата игра. Точно, тимот што победува не се менува, ама мораше нашиве да имаат џокер у ракав, мораше резервна опција...
Кире... Кире бе... Ајде океј, го чуваа СТРАШНО !!! Значи перфектна одбрана му изиграа, но оние почетнички грешки у чекори и додавања... Повторно шутираше НЕПОТРЕБНО !!! Кога гледаш дека не иде, НЕ ШУТИРАЈ ОД НЕИЗГРАДЕНА ПОЗИЦИЈА !!! Едноставно е, играч од негов калибар мора да го сфати тоа. Му ја разбирам желбата, ама кога не иде, не иде, не удирај со глава у ѕид !!!
Крилата воопшто не ги употребувавме !!! Ако се сеќавате на ЕП со Шведска, тогаш Стевче беше најефикасен даде 7-8 гола. И тогаш одеа они на Кире, ама тогаш ги вработивме крилата. Денеска и вчера ко без крила да игравме...
За Шундо, нема потреба да се трошат зборови, не е и тој крив, толку може...
Треба еден убав ремонт, ако сакаме да задржиме континуитет на големиве настани, за медали можеби не, ама за постојаност имаме квалитет. Треба само добро реновирање на репрезентацијата !!!
а и да... Миркуловски

Свака част дечко... од тотален пад у формата за Металург до врвна игра овие два дена... никогаш не ја изневерил репрезентацијата!