Македонија - Чешка [ 14.01.2014 - 18:15 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата olaf
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?


  • Вкупно гласачи
    191
Статус
Затворена за нови мислења.
Бодов е исто како победа, али многу ми е криво што не знаеме да победиме, се мачиме и на крај примаме голови од 10 м а ќе промашиме зицери за победа. Ајде Австрија по секако мора да падне!!
 
Лузерски менталитет. Бод ни одговарал :tapp:
 
Манасков тешко дрво...ама Борко :facepalm:
Па у пичку матер само 3-4 фана...
 
Контрата на Манасков+двете промашувања на Гоце од 6 метри кога немаше играч на 2 метри од него=лесна победа од 3 разлика.. :) Иначе ако не те испотресат до крај,не се живи...мора секоа утакмица вака.
 
Пази сеа ваму:

TeamsStats
Шутеви: 51- 36
Технички грешки: 6-14
Петнаесет повеќе шутеви и осум помалку технички грешки... и замисли ИЗГУБИВМЕ !!! :cuc:
 
Кире :cuc: :cuc: :cuc: Ваков ракометар кај нас еднаш мајка раѓа. Замислете тој да беше повреден место Мојсо, тамам ќе губевме и од Бурикина Фасо со 4-5 разлика.

За Манасков имав едно позитивно мислење пред две години, тамам си реков дека го имаме лидерот на наредната генерација с ми замина во вода :place:
Па и Обрван единствена разлика во однос на Шундо ти се на време побараните тајм-аути, мада Шундо знаеше да го стави и Диви во игра место нашиот такозвани „министер за одбрана“ :pos:, како само стигна до бундес лига и тоа е една од нерешливите мистерии на денешницава.
 
Слабо...

Туку овој Митков што бара да игра, демек добар дефанзивец.
 
Два подароци од судиите. Прво неосудено пробивање при голот на Георгиевски, сега пенал наместо пробивање од Миркуловски.
И баш сега Лазаров најде да утне :unsure:

Не не, пенал беше. И ја од прво гледање така ми се виде али После на забавена снимка се гледа дека Миркуловски е во воздух а Собол му влегува во траекторија :) добра одлука тука
 
Кога сме во напад Македонија игра со 2ца играчи Лазаров и Миркуловски. Манасков дрво невидено, има брзина нема мозок, Ојлевски е 100 пати подобар ама па во одбрана е катастрофален не дека и Манасков е добар.. Ангеловски поима нема од ракомет. Георгиевски се труди во одбрана ама во нападот го заборават а покажа дека може. Пецаковски само на моменти блеснува тоа е ваљда од неискуство. Пикерите се добри ама пикерот секогаш зависи од поставеноста на противничката одбрана, а денеска немаа никакви шанси. И требаше кога видоа дека не иде со нашиот голман да им дадат шанса и на другите. За мене играч на натпреварот кај нас Миркуловски. Сите пенали и исклучувања беа заради неговата борбеност.
 
Бод како победа :)

На дуелот помеѓу двете екипи што играат најстаромоден ракомет, извадивме нерешено после кое ако не се случи некое чудо можеме да кажеме дека ќе одиме понатаму.
Чешка со ваква игра сигурно ќе изгуби од Данска со повеќе разлика, а ние вајда нема да си дозволиме толкав луксуз да загубиме како магариња од Австрија.

Можеме да се радуваме на пласман понатаму, а во исто време со победа над Австрија ќе завршиме како втори и во втора фаза ќе влеземе со 2 бода, Данска со 4, Австрија со 0.

Сепак со ваква игра прашање е колку можеме да им парираме на Австријците.
Не сфатливи грешки на Обрван одново.
Борко имаше одвај 5-6 одбрани или нешто под 17-8%. Мизерна претстава имаше на голот, можеби и најслаба партија во дресот на репрезентацијата...
И Обрван не го смени ниту еднаш. Без разлика кој е резерва, не смееш да оставиш голманот да ти го полнат цела утакмица. Ем му паѓа мотивот, ем со ништо нема да допринесе во играта.
Срамот беше ниедна топка да не фати од шуитевите на Хорак.
Последните 6-7 гола за Чешка он ги даде :eek:
А и Митков и Марковски слабо во одбрана. Јоноски се држи, ама Марковски многу слабо игра.
Е сега да го имавме Темелков ќе бевме многу поцврсти на таа страна, ама тоа е.
Подобро Митков ќе го става на крило, ама нема да го земе Темелков, само за бате да биде во составот и да лапне некој денар премија...
Бод освоен благодарение на триото кое вреди највеќе во нашиот тим, Лазаров-Миркуловски-Столе.
Миркуловски постигна два важни голови во клучни моменти, може ја поеба последната акција, но затоа изнуди едно 5-6 пенали, и неколку исклучувања. Судијата одлично судеше, барем од наша перспектива :D
Кире сигурен реализатор во пеналите, со една несреќна утка во стативата и еден промашен при крајот. Плус имаше и 6 гола од игра, за бкупно 12. Тоа е лидерот во екипата, и многу искусно ја прекина една нивна брза акција, кога после голот се пожали на наводна повреда :)
Стоилов во рововска битка, асистираше до Кире за еден многу важен гол, правеше простор, даде два гола, но што е поважно изнуди и 2-3 пенали и исклучувања.

Се друго само со периодични блесоци. Стојчевски уште еднаш покажа сдека врска нема, и дека само тера нанапред без никаква финта да направи што е лесен таргет за правење пробивања. Се повреди брзо, така да тешко дека ќе го видиме понатаму, што во ситуација кога имаме малце бекови е многу лоша вест.
Пецаковски со клучен гол, кога собра храброст да шутне во важни моменти. Но одново само повремен блесок, во другите напади не се ни осеќаше дека имаме лев бек во екипата. Слично и за Бранче...

За Манасков не знам што да кажам... Очаен во одбрана, утна неколку зицери, украде топка па ја поеба акцијата, направи смешно и непотребно исклучување во ситуација кога имавме +2 ракометари на теренот, и даде гол од бек :pos: Дефинитивно Ојлески треба да биде првиот избор на теренот. Манасков многу ја тупи, не е сигурен во реализација при позициони напади.
Георгиевски беше океј од крило, онолку колку што доби шанса.
Но затоа кога втрчува на пикер и искача во зицери е како загубен. Ги утна и двете ситуации, мора да се увежба за вакви моменти...


Ние барем имавме смислени акции на пикер. Чесите имаа ли пикер воопшто? :pos:
Мизерија жива, дали одвај 2-3 смислени акции изведоа во текот на мечот. Сите голови дело на индивидуалци. И тоа воглавно ради нашата лоша одбрана... Не очекував толку очајни да бидат, прво само Јиха ги држеше, во второ Хорак. Со Данска ги очекува масакр.
 
:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm: Каква нација сме ние не ми се верува, сите плукаат, сите ги ругаат, свашта мајке ми... Ало бре, што има везе што сме извадиле нерешено, веќе сме во втората фаза, освен ако не скршат нозе 7 наши првотимци па да не тепа Австрија со 20 гола разлика. Мене ми е најбитно што гинеа на терен, видете Миркуловски што направи во последниот напад, у нозе му се фрли на тој, цело време изнудуваше пробивања, се бореше ко лав. Истото важи и за останатите. Едино замерка имам кај Манасков затоа што многу ноншалантно пристапува кога се во прашање контрите и исто така замерка имам за неговиот глуп и аматерски фаул на почетокот од второто полувреме кога имавме двајца играчи повеќе.

Не кур плукајте по Борко, не е и он крив, крив е тренерот што не го извади барем 5 минути за да се стабилизира колку толку. И пак на крај му фати клучна топка на Јиха при нерешен резултат. Значи завчера го величевте, министер за одбрана, дрн дрн јариња, а денес Борко ваков Борко онаков. Аман, преку Тасета од вакви коментари, олабевете се и ценете го тоа што го прават овие момци за Македонија.
 
Пази сеа ваму:

TeamsStats
Шутеви: 51- 36
Технички грешки: 6-14
Петнаесет повеќе шутеви и осум помалку технички грешки... и замисли ИЗГУБИВМЕ !!! :cuc:

8 повеќе одбрани на голманот на Чешка, и не изгубивме. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom