Македонија-Хрватска 21.01. (26-29)

Како ќе заврши двобојот на Балканските велесили?

  • победа на Македонија

    Гласови: 74 58,7%
  • нерешено

    Гласови: 19 15,1%
  • победа на Хрватска

    Гласови: 33 26,2%

  • Вкупно гласачи
    126
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Го отековте веќе со тој менталитет. Никаква врска немаше курајберскиот менталитет со денешната утакмица. Разликата во квалитет е лесно видлива. Ни Борко, ни Петко е крив.
Остави ги, толку разбираат. Ова ти се аматерски гледачи на мундијали, за разлика од тебе, кој си професинален гледач на мундијали.

Ѕверска титула, професионален гледач на мундијал.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Па реално изгубивме бидејќи Хрватска изигра одлична одбрана во второто полувреме каде тотално ги неутрализираа Мојсовски и Лазаров и со тоа и крилата беа непродуктивни и Стоилов беше во сенка...тука Борко го отеравте упичку матер а заборавате дека Копљар,Дувњак и Чупич се играчи од светска класа каде во отворени ситуации не промашуваат..

Тука премногу субјективно се гледа од страна на нашата репрезентација но не ја гледаме целосната слика а тоа е дека Хрватска е поквалитетна и заслужено не победи,на пример кога немаа идеа Дувњак играше сам против сите и беше незадржлив кон голот.....Ние изигравме добра одбрана генерално бидејќи Копљар и Дувњак ги задржавме двата со по 4 гола ,Штрлек постигна само два од наши индивидуални грешки а Вори исто така не се изнаигра премногу..проблемот беше Чупич, но ете Манасков е премногу неискусен и незрел за вакви тешки натпревари
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
@Чичко Кумплунг следна навреда, казнени поени. Сметај го ова за опомена. Ако си имате лични недоразбирања, тоа на ПП, а не тука.

Инаку, тоа е тоа, можевме да ги победиме, ама се случи тоа што се случи, штета што не се повтори првото полувреме. Да се живи и здрави.

Само мислам дека требаше да му се даде шанса и на Диви, во таква ситуација кога веќе губиш, не шкоди да испробаш друга опција, можеби ќе упали, а можеби не. И онака секако си во минус.

И стојам на тоа дека немаше потреба во тој дел Маркоски да игра на местото на Столе, што ли си мислеше Обрван, не ми е јасно. Тие два утнати зицери ми ги потопија нервите.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Промашените зицери, моментот кога игравме со 2ца играчи помалце и нормално разликата во класа го реши натпреваров. Да не се залажуваме ама Хрватите се класа играчи сите до еден, безразлика што некои не се во препознатлива форма. Како и да е одличен натпревар изигравме, егал скоро 45 минути против една Хрватска.Пред 2-3 години мислам дека незамисливо беше такво нешто за нас. Она што е доста воочливо е што имаме низок, и прилично некоординиран блок. Џабе се плука по Борко, било кој голман тешко дека ќе сопреше некои од ударите на Копљар, Бичанич или Дувњак, посебно тие у второ полувреме. Башка што Ацо и Велко играат ко да им е прво првенство заедно.
Мирко скина некои важни зицери, ударите на Кире најголем дел ги прочита, што не е баш тешко со таков ѕид од 2 метраши пред себе. И то је то. Одиме понатаму, со оваква игра нека му ја мислат Австријците.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.919
Поени од реакции
16.189
  • Пропуштените зицери од пивот, тука мислам највеќе на Никола
  • Бегањето на чисти топки од раце на Борко во второ полувреме, каде имаше големи шанси да одбрани
  • Ситуацијата која беше исклучен Лазаров, две минути со двајца играчи помалце
  • Предолгите напади на Хрватите, за разлика од нашите во кои судиите многу брзо креваа рака за пасивен
  • Одличната одбрана на Хрватска на чело со Алиловиќ во второто полувреме
Мислам дека тоа се клучните моменти на натпеварот, башка да не се залетуваме премногу, побитен е натпреварот со Австрија, е сеа не знам дали е попаметно да се игра со Катар или Словенија, ја би више со Катар, па макар играле и против судиите, за квалитет мислам дека Словенците се по квалитетни од нив, безразлика што го изгубија меѓусебниот дуел.
 
Член од
13 декември 2014
Мислења
422
Поени од реакции
337
Mentalitetot nema blaga veza so porazot. Hrvatska ne pobedi na ist nacin kako sto nie gi dobivme Bosnacite i Irancite. KOga Makedonija vodese protiv bosna 6:1 a taa ne stigna za na kraj edvaj da pobedime mi bese jasno deka samo e prasanje na vreme koga ke go kazni toa nekoj toj ist film nemase da go gledame so hrvatska koja e premudra. Se na se moram da kazam deka sme edno nivo pogore od SP Spanija 2013 i EP Danska 2014 i toa e dobro sepak mislam deka tuka nekade e kraj na moznostite i nema vise sto da ponudime za da napravime nekoj izcekor. Na Ova reprezentacija i falat dve pozicii za da bide vo vrvot a toa se Golman ala Sterbik/Stanic i Lev bek koj razbiva. Sega nekoj ke kaze a sto e so Odbranata aka Aco i Velko izgubenite. Taa Odbrana so Stanic vo golot bese lani nezapirliva i duri giganti kako PSG i Barcelona ne uspea da se iznaigrat protiv niv ama toa e koga imas asolen golman a ne toplo ladno borko. Ama da ne ja tupam so Metalurg sega, deka Hrvatite se pokvalitetni toa e jasno ali nie pak od druga strana so glupi potezi i od igraci i od Obrvan im davame municija za da ne pobedat bez problemi. Filip Lazarov trebase da sedi doma i da se zemese ili Neloski ili Talevski barem ke imavme eden dvometras vo odbranata da ni igra blok kako sto treba. Vo 1/8finale protiv Slovenija koja e se samo ne slaba ostavite toa sto izgubile od katar ke imame teska zadaca i toa e se samo ne povolna zdrepka. Se nadevam na Happy End


AH DA celo vreme mi se vrtese ova koga go gledav kako promasuase Nikola Markoski

https://www.youtube.com/watch?v=_pztG9GpzTU

:D:D:D:D
 
Последно уредено:

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.560
Човек колку што судите не оштетија на натпреварот толку и селекторот е крив , па каде по ѓаволите на меч со Хрватска се решаваш во игра да го ставиш Филип Лазаров место Наумче? Борко очајно брани и не го менува? Се разочарав многу мислам дека нејмногу се изгубивме по спорната одлука за исклучување на наши двајца ракометари и исти ситуации на различна страна беа судени различно нема правда!
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Дечки, Столе игра напред назад постојано, 110 кила има на него, неможе да игра 60 минути без престан, разберете.
Мислите дека Обрван не сака да има некој поквалитетен пикер за ротација?
Сигурно дека да, али Маркоски е моментално најдобро што го имаме, едноставно колку и да не сакаме да го гледаме мора да го одмара Столе по малку.

@Dracevograd Неможам да те пингам од моб :D
Во право си дека катастрофа беше одбраната, али кажи дали немаше барем 5 топки што му поминаа на Борко буквално низ раце? Или па доле спора топка паѓа од земја овој незнае дали со раце дали со нозе да ја брани, на крај у гол си ја пикна...
Си има и Борко свој удел во поразов, дали намалена концентрација, дали толку му е квалитетот...
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Утакмицава со Хрватска е доказ за она што го пишав уште пред почетокот на првенствово,а тоа е дека нашиот максимум е 1/4 финале.Можеме ние да се удираме во гради до сабајле и да викаме дека имаме силна репрезентација која што може со секој да се надигрува,но во реалноста сме далеку од тоа.Имаме премногу недостатоци за да бидеме и минимална закана за оние топ 8 репрезентации,а за нешто повеќе од тоа нема смисла ни да се зборува.Малку ме изнервира денес поразов од Хрватска затоа што имавме простор да ги изненадиме,но со самиот почеток на второто полувреме одма ми стана јасно дека заостануваме најмалку за класа позади Хрватска која што денес со исклучок на 10-15 минути играше со 70% од своите сили.Најголем дел од нашата репрезентација (да не речам 90% од играчите) нема концентрација за да изигра ракомет на врвно ниво цели 60 минути,а под огромен знак прашалник треба да се стави и физичката подготвеност на 90% од нашите репрезентативци.Овие две работи јасно доаѓаат до израз на четири од четирите натпревари на ова првенство кога се појавува онаа ‘‘црна дупка‘‘ во која што ние не можеме да постигнеме гол некои 10 минути.Во тие моменти нашите играчи буквално кажано се мртви на терен и не можат да се движат...движењето на терен е побавно од движењето на желка.Со самото тоа на виделина излегува и другиот проблем,а тоа е немањето на квалитетни замени на клупата за резерви (со исклучок на максимум 2 или 3 играчи).Во едно вакво турнирско натпреварување на кое што се играат исцрпувачки утакмици на 2 дена без јака клупа пласман во 1/4 финалето за нас ќе треба да биде еднакво на освоено светско првенство.Нареден недостаток е оној без кој што не може буквално никако да се биде во самиот врв на ракометот,а тоа е недостатокот на класа голман.Ниту Борко,ниту Диви и уште помалку Митревски се голмани од рангот на Штербик,Ландин,Омејер итн. и тука е еден од најголемите проблеми за нас.Денес Алиловиќ кој што е во тиња форма покажа што значи да се има класата во себе со тоа што во најважните моменти фати неколку шутеви од бек и зицери од пикер кои Борко на пример ни во сон не би ги фатил.Но,за да се префрли целата вина на голманите потребно е нешто што ние одново го немаме а тоа е асална одбрана.На сите 4 натпревари одбраната започнува одлично и некои 10 минути позади комплетната одбрана наликува на кинески ѕид,но потоа во наредните 50 минути нашиве играат без сила и концентрација што доведува до чисти удари од пикер (кој што се шета низ нашата одбрана како турист) и чисти шутеви од бек кои што се неодбранливи.Иако клучните играчи во одбраната (Велко и Ацо) играат само во еден правец некако делуваат премногу неспремни за да го изнесат товарот на свој грб,а тоа можеби е последица од се она што се случуваше во нивниот клуб.Во играта во напад исто така се јавуваат големи недостатоци,а најголем недостаток според мене се јавува на левата бековска позиција.Можеби добивме солидна замена за Кире во Вугриниец и одлична замена за Миркуловски во Прибак,но на лев бек има огромна празнина која што нема кој да ја пополни.Наумче е во очајна форма и на светсково до сега повеќе сме во зијан него ли во ќар од него,а неговата замена Филип Лазаров нема што многу да се коментира иако на денешниов меч јас би му дал далеку поголема минутажа на Филип пред Наум од едноставна причина што вториов денес потроши еден купа топки,а Филип е играч кој што навистина многу ретко се решава да шутне без врска од неизградена позиција + има далеку поголем осет за асистенција до пикер или крило.Со самото тоа што на лев бек немаме играч се отсекува и левото крило,а тоа автоматски значи 2 играчи помалку во нападот и можност за противничката одбрана целосно да се насочи кон целосно затварање на Кире и пикерот кои што се наше најсилно оружје во нападот.На моменти дури и чудно ми е како успеваме да постигнеме 30 или близу 30 голови на натпревар кога целата наша игра се врти околу Кире и неговите шутеви и асистенции за пикер + некој индивидуален потег на Миркуловски или Прибак.Се на се после денешниов натпревар со репрезентација која што може да се пофали дека е во топ 5те репрезентации мислам дека јасно ни е на сите која е реалната сила на нашата репрезентација и јасно ни е на сите дека со еден класа играч (Кире) и головите на Столе од пикер + индивидуалните потези на Миркуловски и Прибак не можеме да се надеваме на меч за медал.Дај боже да грешам и да се протнеме некако до 1/2финале,но шансите за тоа моментално се помали од 1%.
 
Член од
13 декември 2014
Мислења
422
Поени од реакции
337
Polufinale igraese Slovenija pred dve godini mnogu zavisi od zdrepkata. A ova godina Germanija najvervatno ke bide tamu. Za takvo nesto trebas da bides prv vo grupata za da gi izbegnes teskite vo 1/4finale. Taa sansa ja ispustivme protiv Hrvatska. Za nasa Srekja Francija kiksna protiv Island i ke treba da ja pobedi svedska za da bide prva vo grupata. A svegjanite i so neresno ostanuvat prvi. Spored mene nie daleku podobro ke se snajdeme so Svegjanite nego so Francuzite taka da tie sto se molat za polufinale toa treba da go imat vo predvid i da se molat na svegjanite tie da ne izgubat.
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.565
Поени од реакции
6.219
Со овај фонд на играчи максимум е да му дишеме во врат на репрезентациите од светскиот крем а за да ги добиеме треба да ни се поклопат коцките и во одбрана и во напад.
На почеток ги изненадивме со полуконтри и контри и тоа се одрази и на резултатот и во тој момент Хрватите почнаја да се коцкаат.Значи нашите ги неутрализираа нивните бекови и тогаш се отвори простор за Чупич.Обично ударите од крило се 50-50 ама Борко не знаеше кај тера на влезовите од крило од Чупич.Во утакмици каде што не можеме да се надируваме со позициони напади мечот треба да го реши одбраната.
А Цревото до утре сабајле нека прај анализи и приказни како требало да сме разбивале на Хрватите 6-0.И да помини со Мојсо да фака пошироко на влез + блок од пикер тоа се 2-3 акции и толку ќе те прочитат.Значи Хрватите не победија искористувајќи ја нашата слабост односно што единствен човек што можи да шутира преку блок и тоа со помош од пикер е само Лазаров.А ние на место да се обидеме на позиционен напад преку крило некако да му ја рашириме зоната упорно се одеше или Мојсо и Жути да пробијат на 6 метри (однапред изгубени дуели) или пак Лазаров со удари од неизградени позиции.Незнам мене ми се чини некако без многу труд посебно во вториот дел ги бранеа нашите напади.Ги оставаа на шут од 9 и ги чекаа на блок,од кој една страна покриваат одбранбените нашите не можат преку блок да шутираат и мора на слободната страна од блокот а таму си ги чека Алилович. А кога не оди ништо фрли на пикер ,кој и така душа нема шо се бори со овие двометрашите простор да му отвори за влез,па ако ја фати арно ако не никому ништо.Е не се овие Иран или Босна.Помина 2-3 пати се згреши 10.

Е на почеток од тоа што се плашевме ние уствари го искористивме ,ги изненадивме со брза транзиција и контри. Е во тој мал хаос ја стварно неможам да го разберам она Боркото , па кај се видело на одбранет напад да трга голман во полуконтра и тоа не еднаш туку 3-4 пати :facepalm:.Јас незнам што сака да постигне чоекот и во кој филм е влезен ама дефинитивно е некој со спасвање на светот.Незнам Чиле ги немам гледано па можи и нивниот голман трга во контра.:pos:

Е сега за тоа олку лесно ни ја пробиваа зоната jaс незнам очекував Обрван поќе да им обрни внимание.Е сега кај Копљар го пратам тоа створење подолго време и е таков антиталент напад играч страшна работа.Тој според мене е наједноставен за чување.Само малце поблиска игра со почести излези кај него и готово не знај кај тера,само асистира максумум 2-3 пати ќе шутни и толку.Арно ама нашите ептен буквално сватиле и ептен длабоко му излегваја колку да му се отвори простор на Дувњак да не бомбардира. И Бичаниќ лесно не пробиваше а на Борко ептен не му беше денот.Одбране 2-3 зицери на Хрватите ама приме и едно 10 гола кога ја имаше топкава враце.
А најпоќе и мене ме нервира како и Цревото :D кога изледват длабоко на нивни бек и не му прават фаул.Уште малку ќе се пензионират и пак ништо нема да научат.Цревото вечно ќе му префрла:pos:

Се види колку се јака репрезентација Хрватите одкога презедоа водство не дозволија ни да помислиме да му се приближиме.

Е сега за судиите , навистина на почетокот му дозволија подолги напади некако како да му помагаја кога се одлепивме ,ама па и нас нешто пасивни не ни креваа-таков му беше стилот на судење. Ама мислам и да му се одлепевме на 10-2 првите 15 минути се си мислам дека ќе ја стабилизираа играта и повторно ќе не добиеја.Ние не смисливме ништо ново во нападот , а веќе сме прочитана приказна посебно од балканците.

Тоа е тоа јас се надевам да ги добиеме Словенија во 1/8 финале односно да не изгубиме од Австрија оти ако ни падни Катар ќе биди држ недај според мене само ради Шариќ , јас не се сеќавам да сме добиле репрезентација која има вонсериски голман.

п.с. Мора малце и подлабоко ко ќе размислам ,ако за победа на катарците му даваат 100.000 долари на играч ништо не ме чуди и да му акнат на нашите 300.000 на играч да изгубат и една странска инвестиција на Грујо и свршена приказна.:jeeee:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.367
Поени од реакции
6.866
Натпревар во рамки на очекувањата. Не е срамота воопшто да изгубиш од Хрватска, ама останува мала горчина, бидејќи не бвме толку далеку од изненадување. Реално и не одигравме лош натпревар ама за против топ 4 екипа треба повеќе, ова не е доволно. Неколку коментари:

1. На меч против ваква екипа најдобро се гледаат 2те позиции кои вистински чкрипат во екипата: лев бек и голман. На другите позиции колку толку се држиме и имаме доволно добри играчи за да се носиме со врвните екипи. Ама на овие две немаме (особено не по повредата на Наумче - веќе не е истиот од порано) и можеме да се надеваме на изненадување само ако им тргне.

2. Немаше воопшто да ми биди жал за поразот ако не бевме реално толку блиску до победа. Текот на натпреварот и резултатот и не ми се толку битни. Реално примивме премногу наивни голови, а таман помислив дека можеби ги излечивме овие бубачки а згора на тоа и промашивме неколку зицери. Натпреварот според мене го изгубивме во првото полувреме кога дозволивме со неколку полуконтри прелесно го изгубивме водството. Наместо да ги дотолчиме тогаш изгубените хрвати, ние им дозволивме да се вратат во игра пред се затоа што малку ни падна концентрацијата и се одиграа 2-3 последователни недисциплинирани напади. Позитивното и она кое ветува во целата ситуација е дека реално не одигравме максимално, можеме и подобро.

3. Некои гледам се жалат дека тоа што ни фали е полуконтра. Во голема мера се согласувам, ама тоа е пред се бидејќи ни фалат играчи за два правци. Не може да имаме полуконтра која Миркуловски сам треба да ја организира. Фактот што ги менуваме Велко и Ацо за Кире и Наумче ја убива во старт секоја можност за полуконтра. А не дека не пробуваме. Тука барем сме подобрени во однос на минатото кога бевме катастрофа во транзиција.

4. Го плукате Маркоски, требало Димовски место него да се земе :facepalm:. Ако го игравме Димовски место Маркоски, 10 разлика ќе изгубевме на овој натпревар. И вака пола голови Хрватите ги дадоа во транзиција, така којзнае колку ќе примевме. Тотално бесмислено е кога веќе и онака имаш двајца кои мора да ги менуваш напад-одбрана да играш уште еден против екипа која има убиствена полуконтра. На Маркоски може уште 10 зицери да му одбранат и пак да биде покорисен од Димовски. А за промашените зицери, јбг се дешава. Се на се јас сум задоволен од него и треба да се посвети повеќе внимание имаме пикер за два правци во него само треба да се доизбруси. Не велам дека ќе биде добар колку Столе, ама и не мора. Неговото повикување и играње е еден од најдобрите потези на Обрван на ова првенство, а не да го пцуете за тоа.

5. Да се надеваме дека Борко ќе има ден во осминафиналето. Бидејќи вака, како и да играме нема да можеме никогаш да се одлепиме од противникот. Реално знае да фати по некој зицер и да одбрани тешки удари од време на време, ама претерува со проценки при шутеви од надвор од бековска позиција. Имаше неколку гола кои и тоа како одат на негова сметка, мораше да биде пофокусиран и да има подобра реакција во тие случаи.

6. Има забелешки гледам за уфрлањето на Ф.Лазаров, ама да не се лажеме тоа беше повеќе очајнички обид отколку си некаква глупава стратегија. Наумче беше тотално изгубен против високата зона на хрватите, па Обрван реши да проба со доста повисок играч кој можеби е и подобар проигрувач кон пикер и крило (кога ја нема изгубено самодовербата). Не успеа, ама не би кревал премногу прашина околу тоа.

Следно Словенија или Катар. И едните и другите не ги сакав за противници, ама ако играме како против Тунис или Хрватска имаме реални шанси да поминеме...

П.С. Credit where credit's due: Хрватите ја кренаа на многу повисоко ниво играта, особено во одбрана, во однос на претходните нтпревари. Вака може да се надеваат на медал.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ме мрзи 30 страни да читам ама ако има сериозни коментари како оној (верувам саркастичен) на @Nino Manchester , не ме смејте...
Овој Кире е пиче невидено, ако сериозно мисли дека судиите имале којзнае каков удел во поразов. Демек ние сме толку силна земја во сите области (мада еве више у економија лом почнавме да праиме...) па сите ни се љубоморни и за инат ги поткупуваат судиите да судат против нас...
Овие муабети ми беа ок порано, сеа се смешни...
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Ме мрзи 30 страни да читам ама ако има сериозни коментари како оној (верувам саркастичен) на @Nino Manchester , не ме смејте...
Овој Кире е пиче невидено, ако сериозно мисли дека судиите имале којзнае каков удел во поразов. Демек ние сме толку силна земја во сите области (мада еве више у економија лом почнавме да праиме...) па сите ни се љубоморни и за инат ги поткупуваат судиите да судат против нас...
Овие муабети ми беа ок порано, сеа се смешни...
Веројатно мислиш на тоа за изјавата на Кире?значи јасно кажа за времетраењето на нападите.а и сите видовме до која граница идеа.не реков дека сме изгубиле ради судиите,ама ова секако си имаше свој удел.Гледај сеа,играш добра одбрана се тепаш се бориш,очекуваш дека судиите кај и да е ќе подигнат рака и оп нема.Играа со 5 играчи у после јасно е дека цел им да задржуваат време,се додаваат ко да се на ливада,а од пасивен абер нема.што секако не беше случај на спротивната страна.Па сеа ти види дали е за смеење.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom