Македонија-Хрватска 21.01. (26-29)

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши двобојот на Балканските велесили?

  • победа на Македонија

    Гласови: 74 58,7%
  • нерешено

    Гласови: 19 15,1%
  • победа на Хрватска

    Гласови: 33 26,2%

  • Вкупно гласачи
    126
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Мечот го загубивме во тие 6-7 минути кога Кире и Јоноски (мислам) добија исклучувања, не фати за нас стандардна нервоза. Инаку, задоволен сум од остатокот на мечот, но не смеевме да го разбраниме Алиловиќ. Пред се сум задоволен од тоа како ја затворивме нивната контра и полуконтра, и вака без да ја видам статистиката, мислам дека дури и повеќе голови од контри имавме. Но во второ се разигра Дувњак, се разбрани Алиловиќ, и нам не фати непотребна паника и нервоза (или барем така изгледаше) на 20 минути до крајот.

Како и да е, ништо не е загубено, одиме по второ место против Австрија, па на крајот од денот да ги оствариме очекувањата кои ги имавме уште од почетокот на групната фаза.
 
Не би филозофирал многу, а како што гледам и се сте кажале и тоа очигледно некој кој разбира повеќе ракомет од мене :D Иако веќе неколку години многу го гледам, а штом гледам некој спорт пробувам да научам и разберам повеќе работи. Само би додал :

Мразам кога се потценуваат голмани и општо играчи од класата на Мирко, мислите дека случајно Голужа му дава толку шанса иако не брани како што треба? Не тоа воопшто не е случајно, туку знае дека само со добар Мирко може да се бори за највисок пласман, а се под тоа е неуспех за нив. И доста го кобите, дека осеќам ќе се повампири против нас, а и да гледав против Тунис и тој фати некој многу важни топки, што знае да биде многу важно некогаш во ракометот, а не само бројката на одбранети удари.

Победуваме во тешки мечеви, во мечеви кој 90% ги губевме на минативе првенства. А тоа е само ради тоа што имаме искуство, што 90% од репрезентативците играат ЛШ, а и ради тоа што ги имаме сега и Прибак и Вугринец, замислете дебилот Бране да беше сега у тим :shok2::shok2:

Сепак реалноста во моментот е друга, квалитетот не може да се мери во %, но по слободна проценка онака исрено подобри се од нас за некој 40%, играчки зборам. Тоа се искусни играчи, од типот на Мирко, Дувњак, Чупич, Штрлек, Хорват, Вори, Муса, Гојун кој имаат толку натпревари во своите нозе. Се надевам на добар резултат, но би излажал ако не би кажал искрено дека мислам дека ќе изгубиме.

Напред момци!!
Баш како што мислев, но не бевме лоши денес, покажавме заби. И јас би искрено против Катар, отколку против Словенија.
 
Се покажа оној наш типичен менталитет и тоа е тоа сепак треба да гледаме напред кон мечот со Австрија кој што нема да биде лесен
 
Не знам за вас ама јас се му спеав на Алиловиќ, мамицата негова денес најде да се разбрани.
 
Столе ако е слаб пикер одете и убијте се негде.Има други 2 играча кој не им е место али Столе е пикер ипол нз која будала го нападнале не ми се читат сега сите страни.И тие што го сакат Катар а не Словенија у 1/8 финале слабо пратат ракомет да не кажам ич не пратат ракомет ама баш ич името им звучи послабо и право ај ќе ги тепаме нив полесно.
 
Стварно одбрана денес беше подобра од нападот, имаше некои моменти кога и одбраната чкрипеше, ама генерално нападот беше без идеја, особено во 2ро полувреме имавме 9 минути без гол, а првите два гола у второ ни беа од пенал. Незнам некако треба да се рашири нападот и да се навлече на една страна одбраната на противникот за што е можно повеќе простор на крило да се остави. Тоа ваљгда е можно со побрз проток на топка и и во случај кога некој бек иде на шут или на влез па мора да биде удвоен. Имавме некои такви добри акции со крила до сеа на првенствово али тоа беа блесоци повеќе отколку константна игра. Незнам се некако мислам дека оваа Хрватска за некој 20 - 30 посто послаба од таа од пред 7 - 8 години а ние па сме за некој 30 - 40 посто појаки од Македонија тогаш. Значи сеа Хрвативе се само 10 проценти појаки од нас :)
 
Се стручњаци брееееее, малку на форумов се познавачи на ракометов за другите немам коментар имам само да појаснам да голманите ја решаваат, но да не се лажеме пола нивна работа ја врши одбраната, нашите наивци се и троми, сите централни одбранбени, немат многу Ај-Кју иако искуство имат доволно. Јоноски повеќе лута по топката како првоодделенец кога ке му пуштиш топка да брка, а не прави никакви поствавувања во олдбрана такоѓере е и Велко за жал, хрвативе тепаа залужено, да на мускули ама и на рутина, толку ни е силата со ниски бекови немаме шутер од 9-10 метри што ке ги разбие најдобрите светски репрезентации. Кречмар беше реален и добро рече за мала земја осмина финале е екстра, која надеж ја имаме, видовте што им направија на младите во Островјец, Полска
Јас ќе бидам задоволен и со квалификации за олимпијада и се се чудам кој противник е подобар за осминафинале домакинот или Словенија, мислам дека е добра тактика да се испробува нешто со австријците па поодморени да влеземе во недела во клучниот меч за 1/4 финале
 
Едноставно неможиш да победиш пата пата утакмица кога чисти зицери се љуфкат, пособено 4 зицери.
 
Колку и да бевме катастрофа во напад у второ полувреме, исто толку( па и повеќе) ја засравме работата во одбрана.
Ништо посебно не ни изиграа, све беа некои индивидуални потези на бековите, по сто пати им избегаа на Јоновски и Маркоски.
Незнам колку приметивте на последниот тајмаут Обрван крајно изнервиран го опцу Јоновски и стил да му ебам мајката па цел живот играте заедно.
Претпоставувам дека тоа идеше на негова сметка и на Маркоски.
Тотално ван форма и двајцата и никаква концентрација во клучни моменти на комплетната одбрана.

Друга работа јас уште неможам да сфатам како изминативе години се создаде толкав мит за Борко како да е којзнае каков голман, да не испадне дека плукам после лоша утакмица, ама јас најозбилно се ЧУДАМ како он успева да фати повеќе од 10 топки на некои натпревари. :eek:
Тромо невиден, денеска минимум 5 топку му поминаа буквално кроз раце.

Сума сумарум, сами си ја изгубивме утакмицата, сметам дека можеше да ги добиеме.
Без концентрација во одбрана во клучни минути, глупави исклучувања, немање резервни опции во напад илош голман.
Со вакви репрезентации такви работи решаваат, а не дека се малку и тие.

супер анализа, точна до точка,
 
Се моли МТВ да не испраќаат глупи коментатори да ги коментираат натпреварите на македонската репрезентација при што ги нервираат македонските навивачи пред малите екрани или ќе биде хавуз.
Фала, пријатно.
 
Го отековте веќе со тој менталитет. Никаква врска немаше курајберскиот менталитет со денешната утакмица. Разликата во квалитет е лесно видлива. Ни Борко, ни Петко е крив.
 
требаше уште кога се одлепија Хрватите на 5 разлика повеќе да ги става играчите што имале помала минутажа, гол разликата не е битна ако изгубиме од Австрија. Иако сме сега посилни од ЕП во Србија, сега не научија и тешко ќе биде и со Австрија, а многу тешко со Словенија ( не сакам да помислам да бидеме 3-ти против Катар). Јас да сум селектор би вежбал шема на напад ако не му оди на Лазаров да игра како крило а на центар да се уфрлува Вугринец. Денес не му одеше и на Мојсовски.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom