Браво момци, добра одбрана на крајот. Али тоа е, некад треба и среќа и време да се врати назад и судии фаули и аути да судат во твоја полза за да се победи . Не успеав да го изгледам првото полувреме, али од тоа што го видов во второ имавме малку подобар шут за три, јес да и се изнапромашивме доста и изгубивме без везе некои топки. Самарџиевски не го коментирам више, човекот е под притисок и не може да игра тешки утакмици, ко почетник се понаша. Овој Швед не реши, не можеше никој да го чува, плус Русиве све стапови и плус брзи, одма удвојуваат не можевме топка да пренесеме повнатре од линијата за три па така шутиравме доста од неизградени позиции. Не требаше да го заебеме последниот напад кога на Антич му избега топката, тоа беше меч топка, а и Чековски ако не го оставеше Моња така у задњи секунди немаше така гзлачки да погоди. Рака на срце и Русите се изнапромашија на крај, и не ми е јасно уште зошто времето беше вратено назад? Како и да е можам да кажам само браво, игравме со срце и не се предадовме поради тоа и нема за што да жалиме.