Македонија - Литванија |1/4 финале|, 67:65, ОДИМЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕ!!!

Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Досега имаат 15 грешки по натпревар а ние имаме скоро 9 украдени топки па замислте колку ќе направат против нас и колку топки ќе им украдеме освен Јасикевичиус и ова младото Валанчиунас друг не гледам поопасен освен може да се каже и за поранешниот колега на Владо, Римантас Каукенас :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Море шо се оптимисти овие Литванциве тоа е чудо некое :)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Обично замена играше во сите тие тимови, а и у ефес пред Тунчери секако нема да игра. Значи читај убаво постовите, Владо неможе да не го бива со таква кариера, си има он и предности кои ги искористивме, ама он потфрли на ЕП. Неможе плеј така мизерно на шутира, да се плаши да превземе одговорност, и толку слободни да промашува. Барем последново не смее. Војдан троши помалку топки, подобар е во одбрана и е попрецизен. Знам дека сме сеа сите среќни и живееме у бајка, ама барем гледај реално работите.
Кој да игра плеј? Мираковски со 178? Илиевски бар може да изорганизира каква таква акција, овој не може топката на противничката половина да ја пренесе. Нашиве имаат проблем да играат со повисоки репрезентации, и секоја чест што издржаа и не паднаа психички вчера со Русија, ако се знае колкави говеда се и колку брзо можат да спроведат акција. Нивниот селектор Блат кажа една многу точна ствар која никој не ја забележува: Тие не натераа да играме лошо.

И малце се претерува со некои прогнози и изјави од типот: "Ја тепаме оваа сигурно" или "Ќе ги згазиме, борбени сме". Оставете ги да излезат и да изиграат онака како што тие знаат, без никакви оптоварувања и очекувања. Токму тоа и го прави Бо, излегува на терен и игра баскет пошто му е ќеиф не ради некои виши цели, заради тоа е и толку добар.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
1.522
Ме нервирате кога зборувате лошо за Владо Илиевски. Па човекот е првокласен плејмејкер, никој незнае да ја води топката како него и да ја организира играта. А и не ни покажа некои слаби партии за да го критикувате.
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Ме нервирате кога зборувате лошо за Владо Илиевски. Па човекот е првокласен плејмејкер, никој незнае да ја води топката како него и да ја организира играта. А и не ни покажа некои слаби партии за да го критикувате.
Владо Илиевски е супер освен шутот шо не му чини не му чини, а тоа понекогаш многу не јади... (но знае и да даде 3ка во важни моменти) :)
 
П

Паспарту

Гостин
Илиевски ни ја донесе победата против Хрватска, а слаби денови имаат сите играчи. Ниту играчи кои зимаат плата 50 пати поголема од неговата не постигнуваат по +20 поени на секој натпревар. Кириленко вчера имаше постигнато 2 поена, па дали тоа го прави дибек, неспособен и слаб кошаркар? Не е се во поените...
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Пред некој ден гледам кај играа играчиве на другиве репрезентации на првенствово, особено против тие што игравме. И што да се види, Монтепаски, Армани џинс, најакиве екипи у Русија (лигава е у топ 4-5 у Европа), НБА, Шпанија. Ни еден нема у послабо првенство (освен Финска на пример). А кај нас стандарт македонски. Монтепаски, резерва у Ефес, и еден од подобрите у Русија, еден у Турција (следна сезона у Литвос ритас, господ знае како го зеле :D), другиве Македонско првенство, првенство од кое не памтам кога последен пат некој играл во Европски куп, па макар и најслабиот. Ова богами делува смешно кога некој ќе види од страна. :)
Како не потценија Литванциве, мислат лесно ќе поминат со нас. Само да потсетам дека уште не дошол нашиот шутерски ден, нашата препознатлива игра. Се ближи...
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Не ме плашат кошаркарите на Литванија ме плаши нивната публика. Ќе биде тежот, многу тежок натпревар според мене. Дај боже да им тргне шутот на нашиве. Многу ми е криво што неможам да ги бодрам од трибините. :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom