Пред некој ден гледам кај играа играчиве на другиве репрезентации на првенствово, особено против тие што игравме. И што да се види, Монтепаски, Армани џинс, најакиве екипи у Русија (лигава е у топ 4-5 у Европа), НБА, Шпанија. Ни еден нема у послабо првенство (освен Финска на пример). А кај нас стандарт македонски. Монтепаски, резерва у Ефес, и еден од подобрите у Русија, еден у Турција (следна сезона у Литвос ритас, господ знае како го зеле
), другиве Македонско првенство, првенство од кое не памтам кога последен пат некој играл во Европски куп, па макар и најслабиот. Ова богами делува смешно кога некој ќе види од страна.
Како не потценија Литванциве, мислат лесно ќе поминат со нас. Само да потсетам дека уште не дошол нашиот шутерски ден, нашата препознатлива игра. Се ближи...