Македонија - Литванија |1/4 финале|, 67:65, ОДИМЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕ!!!

Член од
14 март 2010
Мислења
17.044
Поени од реакции
16.569
{F9AF518D-0E1C-4D39-9FF2-FEB2ACD3BA19}flexible.jpg


Maкедонските кошаркари прават историја на ова Европско првенство во Литванија, се пласираа во 1/4 финалето на првенството, помеѓу најдобрите осум екипи во Европа и се на само три победи од златен медал.
Првата пречка до финалето ни е репрезентацијата на Литванија, домаќинот на ова првенство, па така проблем нема само да ни создаваат литванските кошаркари, ќе ни создава и бучната публика во Каунас каде ќе се одиграат завршните натпревари од првенството.
Македонија до ова 1/4 финале ги совлада репрезентациите на Хрватска, Грција, БиХ, Финска, Грузија, Словенија, а загуби во првиот натпревар на првенството од Црна Гора кој и не е така битен од оваа гледна точка, а и уште еден пораз, несреќен можи да се речи од големата Русија, ама голема само на карта, плус среќата што беше на нивна страна, во последното коло од групата Ф кој одлучуваше за тоа кој ќе биди на првото место, а кој на второто место во групата.
Но немора овој пораз да не демотивира и да падниме психички пред историскиот натпревар кој ни следи за два дена против Литванија. Треба да испадниме со ладни глави и со меки раце ( у стилот на Игорче..љуби га мајка) на терен и да им покажиме на сите дека не случајно сме во 1/4 финале, и да се бориме машки до крај, па со Господ напред и Св. Петка од позади и со наша борбена игра да избориме пласман во 1/2 финале, и да се бориме за еден од медалите.
За овој дуел против литванците кај нас неизвесен е Гечевски, другите туку речи се прави-здрави и спремни за игра, на чело со Бо Меккелеб.
Составот на Литванија и не е толку битен, бидејќи ние треба да си ја гледаме нашата игра, да ја играме нашата одбрана како што беше до сега, и мислам дека имаме големи шанси против домаќинот на првенството.

Амин!
 
Јее прв :D

Значи, како што игравме досега, тимски, со СРЦЕТО на Александар, борбено, со прекрасна одбрана, на крилјата на неколку велемајстори, предводени од Борче Македонски и капитенот Перо, звани министер за одбрана (звучев како Калински малку) сигурен сум дека можеме и до победа.

Најголема пречка ќе ни биде публиката, тоа што Литванците се домаќини. И нормално, судиите се знае во таква ситуација што им се случува.

И покрај се, како што наведов погоре, со сите тие перформанси, со кои ги збришавме Грците, Хрватите, Грузијците, Финците.............. не гледам зошто нема да можеме и против Литванците, па макар да се игра и во парламентот на Литванија..

ОДИМЕ НА ПОБЕДА! НАПРЕД МАКЕДОНИЈА
 
Ете така нека отвори Види Фотос тема или ако е на боледување јас (2/2 засега) а не малерот цитро :pos:

Инаку осеќам дека убаво ќе ги отвориме Литванциве после овој пораз несреќен ..
 
Јас лично сум голем оптимист за против Литванија.
Според досега прикажаното имаме големи шанси да ги сомелеме и нив но со мудра игра и добра одбрана, пред се тие се опасна шутерска екипа.
Се надевам на уште еден orgasmic performance на македонската репрезентација против Литванија!
MACEDONIA FTW <3
 
Малку да ни послужи среќата ги газиме литванците прекрасна игра , супер одбрана, НАПРЕД МАКЕДОНЦИ!!
 
Ете така нека отвори Види Фотос тема или ако е на боледување јас (2/2 засега) а не малерот цитро :pos:

Инаку осеќам дека убаво ќе ги отвориме Литванциве после овој пораз несреќен ..
Ти за 1/2 финале, а мене ми се паѓа за финале :D
Можеше воведот да биди по опширен, ама во незгоден момент дојде овој успех за нашите, па ќе ми извинете што не допишав уште некои статистики.
 
Со ладни глави да влеземе во дуелот со Литванциве и да не си создаваме притисок самите на себе.Нека се оладат малце дечките нека не се замараат многу со тоа дали ќе победиме дали ќе изгубиме па што понатаму итн.Нека искочат на терен и таму нека го остават срцето како што го правеа тоа до сега па што биде нека биде.
 
Од една страна ме плаши да не изгорат нашиве од тоа вувузелите, но од друга страна се македонскиот инает и одмазда... така да... :sneaky:
 
Од една страна ме плаши да не изгорат нашиве од тоа вувузелите, но од друга страна се македонскиот инает и одмазда... така да... :sneaky:
Колку ќе биде убаво кога салата ќе замолкне... псссссст! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom