- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 16.990
- Поени од реакции
- 16.427
![](http://www.eurobasket2011.com/en/files/{F9AF518D-0E1C-4D39-9FF2-FEB2ACD3BA19}flexible.jpg)
Maкедонските кошаркари прават историја на ова Европско првенство во Литванија, се пласираа во 1/4 финалето на првенството, помеѓу најдобрите осум екипи во Европа и се на само три победи од златен медал.
Првата пречка до финалето ни е репрезентацијата на Литванија, домаќинот на ова првенство, па така проблем нема само да ни создаваат литванските кошаркари, ќе ни создава и бучната публика во Каунас каде ќе се одиграат завршните натпревари од првенството.
Македонија до ова 1/4 финале ги совлада репрезентациите на Хрватска, Грција, БиХ, Финска, Грузија, Словенија, а загуби во првиот натпревар на првенството од Црна Гора кој и не е така битен од оваа гледна точка, а и уште еден пораз, несреќен можи да се речи од големата Русија, ама голема само на карта, плус среќата што беше на нивна страна, во последното коло од групата Ф кој одлучуваше за тоа кој ќе биди на првото место, а кој на второто место во групата.
Но немора овој пораз да не демотивира и да падниме психички пред историскиот натпревар кој ни следи за два дена против Литванија. Треба да испадниме со ладни глави и со меки раце ( у стилот на Игорче..љуби га мајка) на терен и да им покажиме на сите дека не случајно сме во 1/4 финале, и да се бориме машки до крај, па со Господ напред и Св. Петка од позади и со наша борбена игра да избориме пласман во 1/2 финале, и да се бориме за еден од медалите.
За овој дуел против литванците кај нас неизвесен е Гечевски, другите туку речи се прави-здрави и спремни за игра, на чело со Бо Меккелеб.
Составот на Литванија и не е толку битен, бидејќи ние треба да си ја гледаме нашата игра, да ја играме нашата одбрана како што беше до сега, и мислам дека имаме големи шанси против домаќинот на првенството.
Амин!