На Србија стрикно се осврнав зашто на многу места на форумов начекав дека кон нив се гледа потценувачки што не е случај со Франција и Шпанија на пример кои под дифолт за 99% од форумов се убер тешки противници, инаку горе доле квалитетот кај оние од другата група е на исто ниво, сите важат за големи фаворити за освојување на ова првенство освен турците, кои се скалило под останатите што не значи дека не можат и они да изненадат.
Така да се согласувам со тоа дека секоја екипа од останатата група е најнепосакуван противник за нас, тоа ми е и муабетот, не дека Србија ја ставам пред Франција и Шпанија, во ист кош ми се тие, разликата помеѓу мојот и твојот став е што според тебе литванците се понезгодни за нас од србите а ја мислам поинаку иако и тоа не е многу битно. Нијанси се во прашање али многумина тука звучат ко разлики у квалитет невиден да има помеѓу Србија и Франција или Шпанија/Литванија, забораваат дека оваа иста генерација на Србија е 4та во Свет и 2ра во Европа од минатиот Евробаскет.
Од 4 зла, кое е најмало и најприфатливо за нас, али проблемот е тоа што разликата во квалитет помеѓу 4те земји кои ќе се пласираат во 1/4 финалето од таа група е многу мал така да муабетот тој и тој тим најмногу ни одговара скоро и да не значи ништо ( затоа, во право си за она дека добро ќе беше да имаше некоја друга комбинаторика за појак тим во оваа група место Русија, Словенија ), Барса или Манчестер е муабетов.