Повели....Препорака за добар активен вуфер?
По мое скромно мислење, ниедна друга форма на звук, без разлика дали во ЦД или во дигитална форма, не може да го надмине звукот кој се добива од еден (сочуван) винил.
Можеби сум старомоден, знам дека модерната технологија нуди можност да репродуцира звук во својот (скоро)оригинален квалитет одново и одново, но самиот винил кога го држиш во рака ти раскажува приказна, кога го вадиш од омотот, кога го зачистуваш од прашина, кога поминуваш со прстите низ него, кога го местиш на грамафонот итн, се чувствуваш како во раце да држиш нешто што има душа.
Никогаш неможеш ова да го осетиш со кликање на фајл на компјутер.
Конкретно на темата, имав порано од татко ми еден од оние постарите JVC грамафони со добри звучки и страшен бас, но за жал сега е расипан а за поправка немам пари. Од висококвалитетната музика што ја чувам во компјутер имам околу 200-300 гигабајти FLAC музика, претежно џез (џезот е единствен жанр кој не го слушам на било што друго освен на FLAC).
Патем мојата скромна колекција:
![]()
Ostaj formatot jas dolgo vreme se bavam so muzika i da ti kazam najdobro za slusane e na ploci ama na gramafon so sopstveni zvucnici i pojacalo pomodernite gramofoni zvucat kako cd sistem ali prava magija e vinilot bara interakcija vo slusanetoПо мое скромно мислење, ниедна друга форма на звук, без разлика дали во ЦД или во дигитална форма, не може да го надмине звукот кој се добива од еден (сочуван) винил.
Можеби сум старомоден, знам дека модерната технологија нуди можност да репродуцира звук во својот (скоро)оригинален квалитет одново и одново, но самиот винил кога го држиш во рака ти раскажува приказна, кога го вадиш од омотот, кога го зачистуваш од прашина, кога поминуваш со прстите низ него, кога го местиш на грамафонот итн, се чувствуваш како во раце да држиш нешто што има душа.
Никогаш неможеш ова да го осетиш со кликање на фајл на компјутер.
Конкретно на темата, имав порано од татко ми еден од оние постарите JVC грамафони со добри звучки и страшен бас, но за жал сега е расипан а за поправка немам пари. Од висококвалитетната музика што ја чувам во компјутер имам околу 200-300 гигабајти FLAC музика, претежно џез (џезот е единствен жанр кој не го слушам на било што друго освен на FLAC).
Патем мојата скромна колекција:
![]()
Edno ke kazaam CD to e kompjuterski format pred se dodeka vinilot e muzicki i e analogen tockaКога ќе ми стигнат звучниците, ќе те викнам да чуеш сам и ќе разбереш што сме збореле
Разликата од 320kbs mp3, до FLAC е мала, но ние на темава не зборевме за 320kbs mp3, него 192/128 или било каква vbr( variable bit rate)...значи на ефтина опрема нема разлика никаква од 320kbs, до FLAC, но на некоја посолидна од да речеме 500+ евра се осеќа, каде се осеќа разлика? разликата е во басот, (најмногу) динамиката на истиот, и стерео сликата....разликата е доста субтилна и треба истренирано уво за да се уочи, НО РАЗЛИКА ИМА.
Значи немам ништо против 320-ки мп3-ки, но имам против они кои се vbr.....
Треба да чуеш SACD, според многу љубители на добриот звук, ова е најблиску што може да се дојде до плочата, буквално се еднакви...со тоа што звукот од SACD-то е многу по константен. Знам што ти е поентата, дека винил е ритуал, и со ништо неможе да се спореди, но за винил треба посебен сетап, хај фај звучници кои зафаќаат простор, квалитетно појачало кое грее и исто така зафаќа простор, и пред се одржавање и плаќање високи цени за плочите, таквите сетапи не се погодни за мали работни соби како мојата
За мене приоритет е мастерингот, дали е SACD/LP/CD/FLAC не е толку многу битно....
Моментот кога прв пат ќе чуеш флак а претходно си ја слушаш истата музика во мп3 со мал биртрејт, priceless
Иначе све што е од Steve Hoffman е pure gold....за мене неговиот врв е Hotel California ремастерот, тоа е нешто ненормално...епско!
Eх кога сите би размислувале вака, немаше да имаме компресирани и прегласни снимки со уништетна динамика, и стерео слика....респект.
Постои еден проблем, голема заслуга за величањето на винилот е токму тој ритуал, но да разграничиме некои работи, тој ритуал не доведува до подобро искуство со песната која ја слушаш, него создава носталгично чуство кое те залажува дека тој формат е тотално супериорен, и ти прија што е точно тука се согласувам. Да,винилот е најдобар и нај-правилен звук кога се работи за репродукција, но времињата се менуваат SACD-та, и позлатените CD-ња кои се снимени на принцип на многу висока резолуција - 24 бита и 192 Kh се нешто сосема поинакво од цд-та кои се продаваа во локалните продавници....плоча неможе да звучи исто никогаш ако веќе еднаш ја пуштиш, потрошен материјал е...па доаѓа до крцкање и разни звучи кои ги нарушуваат идеалното слушачко искуство, ако јас слушам во позадина било каков шум, или тоа крцкање на иглата/плочата, за мене се уништува целиот филинг и моето исксутво со одреден материјал видно се намалува. Муабетот ми е дека многу по практично е да се слушаат CD/SACD-а со добар мастеринг/продукција, него да слушаш винил иако е број 1 формат сепак е доста комплицирано да се ужива целосно во истиот на подолг период.
Точно,единствено е што се по некомпактни т.е големи се ,и може полесно да се оштетат.Кажи бе другар, нема проблем....ама прво слушни ги модерните SACD-а аудиофилски изданија, го имаат истиот аналоген звук како плоча....далеку отидоа многу...како врв на сето тоа, SACD-та, не се подложни на шумови и слични вариации дури и после долга употреба.
Сакаш да слушаш музика, или за филмови? ако ти е за музика не ти препорачувам 5.1 систем. Стерено 2.0 е најдобар избор...Kaжете бе некој солиден 5.1 за на телевизор да се приклучи т.е домашно кино
Microlab Solo 6C/7C...Сериозно... до кај 150 еуричи...