вака. според мене, мислам дека е можно да се сменат, ама сега зависи кој. јас ќе зборам од мое лично искуство. премногу време имам поминато размислувајќи на оваа тема, па мислам романче можам да напишам. како прво, ако од почетокот таа личност се поставила со еден став према вас, тешко дека понатака ќе се промени. ако само работите останат како што се. а сега не знам, уште не сум прверила (ама ќе биде наскоро вајда, ако имам храброст) ако направите подолга пауза со таа личност, ако извесно време не се гледате не се слушате... ако двајцата ставите крај на се, без да планирате смирување, можеби има шанса таа личност да доживее некои нови искуства, со други личности, кои нема да бидат како нас, толерантни, попустливи, добри. кои ќе им предизвикаат повеќе проблеми, и на некој начин, ќе направат да се најдат во нашата ситуација. тогаш можеби на личноста која ни нанела толку болка ќе и текне, можеби, некаде длабоко во главата ќе и светне, каде е сега таа, што ми ги даде сите можни шанси на светот, и јас ги потрошив, ги прокоцкав, ги уништив. таа личност секогаш беше совршена, со толку трпение, со толку разбирање и се, а јас никогаш не сфатив. можеби треба да ја побарам, да ја замолам за уште една шанса.
а на нас, секако ни значи таа личност, па би дозволиле. (јас најаверојатно би) па тогаш ако се покаже дека стварно и дошло памет на дотичната, ако сварно ги земала во предвид сите работи што ни ги приредила а не сме ги заслужиле, тогаш можеби сепак има надеж се да биде во ред. а можеби и си бладам. можеби тие личности едноставно не не сакаат колку што мислиме, или барем не доволно за да се променат, да направат компромис. можеби... само се залажуваме. можеби и никогаш нема ни да се сетат повеќе на нас, можеби само како на спомен, а не на некој на кој му должат извинување за сите молења, солзи... можеби сме сите едноставно само наивни телиња, со надеж што не постои....