Луѓето се менуваат или....?

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
Многу пати имам размислувано на оваа тема и дефинитвно е дека луѓето не се менуваат. Карактерот се гради од раѓање ,предоцна е да го учиме на други навики и однесување кога тој веќе си го знае своето.
Еве конкретно во една врска за да го сакаш партнерот треба да му ги прифаќаш своите маани и доблести и да го прифаќаш таков каков што е без да бараш да промени нешто во себе. Ако тоа го бараш од него знај дека не е за тебе и дека се тоа ќе биде залудно... Зборовите од типот верувам и нема повеќе не ги менуваат нештата.
Имаме своја енергија која ја делиме со околината .Некои луѓе ја одбиваат некои ја примаат.
Не за џабе викаат `Вук длаку мења али чуд никада` .
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Според мене, да се менуваат луѓето дефинитивно. Кога човек ќе се најде во ситуација да мора да се смени и да се прилагоди на нова средина, сакал-неќел ќе се смени. Ова го знам по себе, многу навики, размислувања и начин на однесување се менуваат. Не можеш да водиш инает сам против сите, а доколку околината каде што си бара промена од тебе ќе заклучиш дека всушност луѓето се менуваат многу и тоа без многу мака.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Еволуција? да, мотивација, силина на карактер, промена на некои ситни навики исто така да. Но, карактерните особини, настанати уште од детството во најтесниот круг на семејство...тешко.
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Се` се менува, доколку постојат вистински причини за тоа.
 

Tired..

of fаke fаces
Член од
16 октомври 2010
Мислења
150
Поени од реакции
19
Можат да го сменат своето однесување, своите мислења, своите ставови, своите навики итн. но не се менуваат во целост.
Бидејќи ако се смениш тогаш тоа не си ти. Секој останува тоа што е до крај .:wink:
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Делумно, и ако имаат воља. Кој и да рече дека комплетно се сменил, или лаже или снима реклама за Топ Шоп, зашто секој од нас си има навики кои колку и да ги потиска, од време на време си искачаат на површина. Така да, треба да гледаме да бидеме умерени ако сме бесни, нападни и агресивни, и малце повеќе да се бунтуваме и дигаме глас, ако сме до крајност повлечени.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Се менуваат. И тоа брзо и неосетливо!
 

Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Она што може да се промени е свесноста - за себе и работите околу нас ... за она што сме, зошто сме, зошто го правиме и од каде доаѓа сето тоа

Факт е дека она што детето ќе го спознае/ искуси до 7 година влијае на неговиот животен тек (во однос на карактер, ставови, стравови, амбиции и сл)

Сепак, сметам дека ние секој ден се менуваме - најмногу преку своите искуства - всужност според психолошката теорија ... карактерот е тој кој може да се смени, но темпераментот не (бидејќи тој е вроден)

Вредно е да се запомни - сите треба да работиме на себе, на својата свесност и подобрување на својот живот и личност

Исто така - не треба да се трудиме да ги менуваме другите - го немаме тоа право - или ќе ги прифатиме какви што се или треба да се разделиме
 
Член од
22 август 2007
Мислења
550
Поени од реакции
16
Па да речам дека се менуваат но работата тука е што луѓето најчесто се менуваат кон полошо, доколку оние кои што успеваат да се подобрат и вразумат се многу ретки.......за жал
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Јас би рекла дека луѓето не се менуваат, може да има само мали знаци на промена а целосно препородување не, нема шанси. Кој каков си е таков и ќе си остане, може да смени некоја особина само доколку се најде во тесно, а потоа пак си продолжува старата песна.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Lugeto se menuvaat fizicki, no karakterot ne se menuva, sekoj e rob na svojot karakter, temperament, strasti...i nikoj ne se menuva vo taa smisla, edino ako imal potencijal da se smeni znaci od esse sledi operari od sustinata deluvanjeto a nikako obratno oti ne moze posledicata pred pricinata, taka da, toa e apsolvirano prasanje se znae deka dobroto drvo dava dobar plod zatopa sto e dobro a losoto los zatoa sto e loso (bibliski malku)...
Vo ovaa nasoka i nema slobodna vollja, ne moze covek da saka nesto sto ne saka, primer zasto ne te interesira ova a te interesira toa, sekoj e rob na samiot sebe.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.604
Поени од реакции
11.625
Lugeto se menuvaat fizicki, no karakterot ne se menuva, sekoj e rob na svojot karakter, temperament, strasti...i nikoj ne se menuva vo taa smisla, edino ako imal potencijal da se smeni znaci od esse sledi operari od sustinata deluvanjeto a nikako obratno oti ne moze posledicata pred pricinata, taka da, toa e apsolvirano prasanje se znae deka dobroto drvo dava dobar plod zatopa sto e dobro a losoto los zatoa sto e loso (bibliski malku)...
Vo ovaa nasoka i nema slobodna vollja, ne moze covek da saka nesto sto ne saka, primer zasto ne te interesira ova a te interesira toa, sekoj e rob na samiot sebe.
у право си еве ти зеленко ))) волкот го менува крзното на навиките не!!
 
V

Viktor g

Гостин
Мислам дека луѓето во принцип не се менуват во својот карактер освен ако не постои силна желба за тоа
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Se se moze ako se saka. Moze lugeto da se smenat - ama ako oni samite odlucat, a ne ako nekoj im kaze kakvi treba da bidat. Samo sto retki se tie sto svesno pokusavaat da se podobrat i da si gi kontroliraat nagonite
 
A

Antigona

Гостин
И јас сум уште во дилема : луѓето се менуваат или времињата се променуваат ? :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom