Луѓето се менуваат или....?

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Сакам да верувам дека луѓето се менуваат...порано или подоцна.
Но во секој случај мислам дека може да се сменат луѓето и таа промена да се случи како резултат на некој настан или нечие влијание што ја мавнало особата по глава и тој удар или било wake up call или она сосема спротивното.
Што значи како што може да има промени на добро може да има и на лошо.
Така да i belive:pipi:
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Да се менуваат луѓето постојано и тоа за жал повеќе кон лошо тколку кон добро. Со тек на времето се заморуваат и стануваат посебични и помалку толерантни.
Но за среќа има и случаи каде што се менуваат и кон подобро. Јас имав пример во моја непосредна близина и можам да кажам дека осаменоста може да го промени карактерот на личноста за 180 степени.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
5
Веројатно многу од нас, не еднаш, туку повеќе пати се имаме изгорено од една иста личност... Нешто кое што сме очекувале да го променат во својот однос, но и покрај се останало исто, е она што ме тера да размислам дали луѓето се менуваат... Долго размислував на темава, и од искуството што сум го имал наназад, заклучив дека едноставно што и да правиме НИКОЈ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПРОМЕНИ... Вреди ли да живееме со лажна надеж, дека нештата ќе се сменат ако слушнеме само едно ВЕТУВАМ од оној кој не повредил... Вреди ли да мислиме дека еден ден, нешто ќе ја смени таа личност и ќе ја направи подобра... Лично јас мислам дека што и да правиме како личности не се менуваме...Она што ќе се оформи на почеток, тоа останува и понатаму....Сакам да слушнам ваши размислувања на темава...
Глеам два различни ставови едниот е ДА се менуваат,другиот НЕ се менуваат...И кој е точниот,еден мора да е,но никој незнае со сигурно.

Според мене,ДА човекот се менува поради фактот што има и различни карактери и луѓе...Значи ако немало промени и турболенции ќе немало ни диференцијација меѓу личностите
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.646
Поени од реакции
11.749
Луѓето не се менуваат....се менуваат само околностите и целите.......човек може да стане само полош.....но тоа не е промена.....тоа е неговиот вистински карактер...неговото вистинско јас....таков бил цел живот но тоа никако не испливувало на површина...останувало потиснато и заробено во него.....но да стане односно да се промени некој на подобро....хахахахахха тоа едноставно не е можно.....како што реков....односно напишав....тоа би било во него цел живот и конечно го покажал.....но не се променил...таков бил отсекогаш
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Луѓето сакаат да се менуваат ама за жал или не не се менуваат.
Кога се менуваат работите што не опкружуваат сите мислат дека се менува и личноста ама за жал не е така.
 

Barbara.

Irreparable perfectionist
Член од
23 јули 2009
Мислења
369
Поени од реакции
15
Се менуваат, го менуваат надворешниот изглед но личноста и карактерот не се менува и не би можел да се смени, како што човекот се родил така и ќе умре..
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
вака. според мене, мислам дека е можно да се сменат, ама сега зависи кој. јас ќе зборам од мое лично искуство. премногу време имам поминато размислувајќи на оваа тема, па мислам романче можам да напишам. како прво, ако од почетокот таа личност се поставила со еден став према вас, тешко дека понатака ќе се промени. ако само работите останат како што се. а сега не знам, уште не сум прверила (ама ќе биде наскоро вајда, ако имам храброст) ако направите подолга пауза со таа личност, ако извесно време не се гледате не се слушате... ако двајцата ставите крај на се, без да планирате смирување, можеби има шанса таа личност да доживее некои нови искуства, со други личности, кои нема да бидат како нас, толерантни, попустливи, добри. кои ќе им предизвикаат повеќе проблеми, и на некој начин, ќе направат да се најдат во нашата ситуација. тогаш можеби на личноста која ни нанела толку болка ќе и текне, можеби, некаде длабоко во главата ќе и светне, каде е сега таа, што ми ги даде сите можни шанси на светот, и јас ги потрошив, ги прокоцкав, ги уништив. таа личност секогаш беше совршена, со толку трпение, со толку разбирање и се, а јас никогаш не сфатив. можеби треба да ја побарам, да ја замолам за уште една шанса.
а на нас, секако ни значи таа личност, па би дозволиле. (јас најаверојатно би) па тогаш ако се покаже дека стварно и дошло памет на дотичната, ако сварно ги земала во предвид сите работи што ни ги приредила а не сме ги заслужиле, тогаш можеби сепак има надеж се да биде во ред. а можеби и си бладам. можеби тие личности едноставно не не сакаат колку што мислиме, или барем не доволно за да се променат, да направат компромис. можеби... само се залажуваме. можеби и никогаш нема ни да се сетат повеќе на нас, можеби само како на спомен, а не на некој на кој му должат извинување за сите молења, солзи... можеби сме сите едноставно само наивни телиња, со надеж што не постои....
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Луѓето се менуваат или....?

Луѓето се исти .ДИЛЕРИТЕ се менуваат
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Луѓето не се менуваат, туку можат да бидат под контрола. Па ако го ослободиш повторно ќе биде истиот каков што бил :wink: (Тоа важи само кога си во врска)
 
H

HITCH

Гостин
Луѓето не се менуваат, само глумат промена :toe: ти се покажуваат онакви како што сакаат да ги запознаеш, како што сакаат да ги знаеш, а не онакви какви што се навистина во душата. Не се грижат дали со тоа ќе повредат некого, тие си ја оствариле целта. Се скриле позади маската која ја креирале за себе. За нив не е важно дали ќе те повредат, за нив е важно да се заштитат. Тоа е в ред да се грижиш за себе, ама не е в ред да го повредиш другиот со таквиот пристап :toe:
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Лугето не се менуваат.
Они и фала богу никогаш не ни биле "константа"
Ама "огледалото" е секогаш непроменливо.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Веројатно многу од нас, не еднаш, туку повеќе пати се имаме изгорено од една иста личност... Нешто кое што сме очекувале да го променат во својот однос, но и покрај се останало исто, е она што ме тера да размислам дали луѓето се менуваат... Долго размислував на темава, и од искуството што сум го имал наназад, заклучив дека едноставно што и да правиме НИКОЈ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПРОМЕНИ... Вреди ли да живееме со лажна надеж, дека нештата ќе се сменат ако слушнеме само едно ВЕТУВАМ од оној кој не повредил... Вреди ли да мислиме дека еден ден, нешто ќе ја смени таа личност и ќе ја направи подобра... Лично јас мислам дека што и да правиме како личности не се менуваме...Она што ќе се оформи на почеток, тоа останува и понатаму....Сакам да слушнам ваши размислувања на темава...
Во врска со тие лични интеракции, би рекол дека не се менуваме во суштина, се менува само нашата перцепција... Да не биде само дрвенарија, одамна беше тоа, години години, прво не бев добар за неа, бев ко недоквакан, точно беше тоа. После долго време кога ја сретнав повторно, функционирав феноменално, само една мала ситница - повеќе не ја сакав. Го немаше веќе тој заљубениот до коска јас. Така да Гладиус, во тој поглед би ти рекол нешто што Сантели напиша еднаш - не постои такво нешто како две вистински личности во погрешно време. Можеш да се надеваш, но не очекувај, за секој случај. :)
 

Annath

Полуактивен член.
Член од
11 јуни 2010
Мислења
338
Поени од реакции
42
Под влијаније на надворешните услови и средина. Да може да се смени човекот. Со тек на времето, како што ја менуваме нашата кожа, старееме па така мислам дека можеме и да се смениме. Еве на пример јас. Јас отсекогаш сум била несериозно детиште, на кое се му е на смеа, арно ама ме удри нешто во глава и ми текна да се променам, и сега сум поозбилна и добро размислувам пред да направам нешто. Но сепак сум желна за забава како во старите денови. Волкот ја менува бојата на своето крзно, но не и крзното. :nenene:
 
S

smart ass

Гостин
Луѓето не се менуваат, туку можат да бидат под контрола. Па ако го ослободиш повторно ќе биде истиот каков што бил :wink: (Тоа важи само кога си во врска)
Значи не се менуваат ама сепак кога сме во врска сме контролирани(сменети) на некој начин.

Нема нешто што не се менува...освен таму каде треба....Лоботомија за мир и спокој.

--- надополнето ---

Луѓето не се менуваат, само глумат промена :toe: ти се покажуваат онакви како што сакаат да ги запознаеш, како што сакаат да ги знаеш, а не онакви какви што се навистина во душата. Не се грижат дали со тоа ќе повредат некого, тие си ја оствариле целта. Се скриле позади маската која ја креирале за себе. За нив не е важно дали ќе те повредат, за нив е важно да се заштитат. Тоа е в ред да се грижиш за себе, ама не е в ред да го повредиш другиот со таквиот пристап :toe:

До вредностите е кои ги наметнува општеството(ТЕ САКАА:vozbud:)...едноставно системов е гази се пред себе па и луѓето така на микро ниво.

Се разбира има исклучоци и тие се за почит....види наједноставно-на ФБ имам околу 100 пријатели...а ВИСТИНСКИ(со АТЕСТ) се само 5-7 души на кои можеш ту рилај енитајм.

Тоа е в ред да се грижиш за себе, ама не е в ред да го повредиш другиот со таквиот пристап
Точно,но зошто повредуваат,зошто прават така???

Бидејќи другиот го перцепира или како закана или пак како фактор кој би се одразил негативно на него....а вистината е дека кога твој другар,брат,пријател успева во нешто -тогаш успеваш и ти....преваранти има многу(со Б-тест) ги знам значи прилично познато ми е ова...за алтруизмот конкретно бидејќи јас не се водам според Market rules-money e.t.c па често правев за многумина "нелогични" постапки како на пример ете му позајмуваш или подаруваш телефон....на еден пријател графичката кога му изгоре му ја дадов мојата(стара)...и навистина само кај 30% од луѓето ја видов ЧОВЕЧНОСТА...видов како се однесува ЧОВЕК без задни интереси...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom