Веројатно многу од нас, не еднаш, туку повеќе пати се имаме изгорено од една иста личност... Нешто кое што сме очекувале да го променат во својот однос, но и покрај се останало исто, е она што ме тера да размислам дали луѓето се менуваат... Долго размислував на темава, и од искуството што сум го имал наназад, заклучив дека едноставно што и да правиме НИКОЈ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПРОМЕНИ... Вреди ли да живееме со лажна надеж, дека нештата ќе се сменат ако слушнеме само едно ВЕТУВАМ од оној кој не повредил... Вреди ли да мислиме дека еден ден, нешто ќе ја смени таа личност и ќе ја направи подобра... Лично јас мислам дека што и да правиме како личности не се менуваме...Она што ќе се оформи на почеток, тоа останува и понатаму....Сакам да слушнам ваши размислувања на темава...
Луѓето се различни и сите го знаеме тоа. Со тоа кажано, сите поседуваат различна процентажа од тоа колку можат да променат некои работи кај себе. Некои едноставно уживаат да бидат такви какви што се и не би менувале абсолутно ништо за жива глава. Без разлика како нивниот пристап, однесување и ставови влијаат на нивните блиски а и останатите од околината.
Во моето досегашно искуство, луѓето што навистина се обиделе да променат нешто кај себе, за да ме акомодираат мене, можам да ги избројам на една рака. Но затоа денес, после децении познавање и дружење, можам да ги наречам и мои најдобри пријатели. Сепак, за тоа да се случи, требав и јас самиот да променам многу работи кај себе.
Некогаш едноставно не сфаќаш како твоите постапки и однесување влијаат врз психата кај блиските луѓе и колку е важно да бидеш тука за нив кога си најмногу потребен. Стануваш слеп за нивните емоции. Од следење на својот строго зациментиран пат на лични желби и аспирации, остварување на лични потреби и слепо и себично задоволување на своето его, јас за малку ќе останев без никој во мојот живот кој би можел да го наречам близок пријател. Најчесто луѓето почнуваат да менуваат работи кај себе кога ќе осетат дека се на работ. А некогаш човек не сфаќа што има, додека не го изгуби. За среќа единственото нешто кое го изгубив беше моето старо јас. Тие времиња се одамна изминати, но сепак сеќавањата се засекогаш врежани во тебе да те потсетат како е сега, и како можело да биде. За да не ја повториш истата грешка во иднина.
Искуството е калапот кој го оформува човекот и неговите сфаќања. А во искуството, знаеме често да постапиме на најлош начин. Но тоа се најголемите лекции кои животот ги нуди, учењето од нашите грешки. Сепак најважно е човек прво да препознае кога прави грешка. Тоа е првиот чекор. А знаеме дека првите чекори се најтешки за правење. После тоа ...... се е полесно.