Листа на теретани (локација, цени, рецензии)

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Сето ова ќе си беше во ред и на место, доколку примената на законот не беше селективна.
Затоа што, одлуката гласни вака:

- Целосна забрана за посетители и гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање, почнувајќи од 6 април 2021 година (вторник) до 20 април 2021 година (вторник).

- Се забранува организирање, одржување и присуство, учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков вид почнувајќи од 6 април 2021 година (вторник) до 20 април 2021 година (вторник).

А, во меѓувреме никој не знае по која одлука и протокол се одвива тренинг и натпревари во фудбал, футсал кошарка, ракомет, одбојка...
 
Член од
28 јули 2018
Мислења
119
Поени од реакции
172

Има нешто најава дали ќе продолжат со работа после 20ти фитнес клубовите?
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
А, во меѓувреме никој не знае по која одлука и протокол се одвива тренинг и натпревари во фудбал, футсал кошарка, ракомет, одбојка...
Да не одиме офтопик, ама веројатно не е исто маалска теретана полна со рандом вежбачи и тренинг на еден спортски тим кај што секогаш се истите луѓе, или натпревар на отворено итн.. Моја логика.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Има нешто најава дали ќе продолжат со работа после 20ти фитнес клубовите?
Од она кое ни го најавуваат, нема шанса да се дозволи тренинг после 20-ти Април. Забрана ќе си има и понатаму, се претпоставува додека трае Велигден и 99% Велигденскиот каратин како минатата година од 4 дена. Вирусот ќе да е најјак на Велигден. Утре имаме работен состанок со сите спортски федерации и надлежни спортски институции во МК, со цел како да го спасиме барем професионалниот спорт и како законот да важи подеднакво за сите, се разбира со строги правила, протокол и контроли.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.916
А, во меѓувреме никој не знае по која одлука и протокол се одвива тренинг и натпревари во фудбал, футсал кошарка, ракомет, одбојка...

Не знам како е кај нас, во јаките лиги надвор мислам дека има прават брзи тестови пред натпревар.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Да не одиме офтопик, ама веројатно не е исто маалска теретана полна со рандом вежбачи и тренинг на еден спортски тим кај што секогаш се истите луѓе, или натпревар на отворено итн.. Моја логика.
На 6-ти побаравме да ни се дозволи да продолжиме со работа во делот на професионалниот спорт, каде понудивме список на регистрирани натпреварувачи, место на тренинг и саат, со постоечките протоколи или со воведување на нови. Во Хрватска теретаните за рекреативци се целосно затворени, но не и за регистрирани спортисти.
Логиката ти е ОК, и ние логички настапивме.
Автоматски споено мислење:

Не знам како е кај нас, во јаките лиги надвор мислам дека има прават брзи тестови пред натпревар.
Пред натпревар, да, ама сигурно не им прават пред секој тренинг. Проблемот е што да се сака, може да се најде решение, во делот на професионалниот спорт. Вака како што стои не е ОК. Подобро е да бидат конкретни и во мерките да стават, кој смее, а кој не смее. Генерално како што е, никој не смее.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.916
На 6-ти побаравме да ни се дозволи да продолжиме со работа во делот на професионалниот спорт, каде понудивме список на регистрирани натпреварувачи, место на тренинг и саат, со постоечките протоколи или со воведување на нови. Во Хрватска теретаните за рекреативци се целосно затворени, но не и за регистрирани спортисти.
Логиката ти е ОК, и ние логички настапивме.
Автоматски споено мислење:

Пред натпревар, да, ама сигурно не им прават пред секој тренинг. Проблемот е што да се сака, може да се најде решение, во делот на професионалниот спорт. Вака како што стои не е ОК. Подобро е да бидат конкретни и во мерките да стават, кој смее, а кој не смее. Генерално како што е, никој не смее.
Не заборавај дека кај нас е дозволено да седиш без маска во кафеана, ама на отворено надвор мора да пешачиш со маска.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.816
Поени од реакции
10.957
Не рачунајте пред велигден дека ќе се вежба во теретана, да речеме дека после велигден да ги пуштат би било СУПЕР, мене ми е да не се деси слично ко лани, три месеци затварање, вајда нема. Иначе планирав месецов да се вратам во теретана после година дена, али, ќе си почекам :)

@Gjoroski
Некакви најави за некакви натпревари има, или и тоа ќе си почекаме? Немам социјални мрежи и не сум воопшто во тек со работиве.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Не рачунајте пред велигден дека ќе се вежба во теретана, да речеме дека после велигден да ги пуштат би било СУПЕР, мене ми е да не се деси слично ко лани, три месеци затварање, вајда нема. Иначе планирав месецов да се вратам во теретана после година дена, али, ќе си почекам :)

@Gjoroski
Некакви најави за некакви натпревари има, или и тоа ќе си почекаме? Немам социјални мрежи и не сум воопшто во тек со работиве.
Со оглед на тоа дека натпреварот е закажан за 30-ти Април, а на мое лично мислење сум дека не ни гине карантин целосен од 28-ми вечерта од 20 часот па се до 4-ти Мај до 5 наутро, најпаметно е да го поместиме за цел месец, таа ќе имаме квалификации за Балканско, а за Европско ќе мораме да одредиме комисиски некако, кој е со солиден квалитет во дадена категорија да оди да се натпреварува на тој настан. Здравје Боже до понеделник.
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
362
Поени од реакции
810
Цениве воопшто не се реални со тоа што го нудат некои теретани.
Најјаки ми се оние теретани од типот 1200 за машки, 1000 за женски. И демек нешто као Жентлмен испаѓаш со оваа дискриминација или..?
Друго што ми боди очи е што ако плаќаш чланарина само за вежбање е една цена, а ако плаќаш месечна чланарина+користење туш е друга цена. Зошто? Кога ќе се научат дека користење на туш пред/после вежбање е составен дел од една теретана и дека не се наплаќа услугата дополнително?
Соблекувалната кај што одев е ептен мала, нема место да прднеш а се бутаат по 5-6 души внатре.
Некои, најверојатно пошо имаат анаконда во гаќи или им е златен, они си знаат, се пресоблакаат во вц па тебе ако ти се моча или кења ќе причекаш да се спастри тој па да влезеш да се олесниш. Не за џабе се вика соблекувална, ама некои не разбираат.

Од кои теретани сте задоволни? Да се со цена од 1200-1500 максимум. Оние од 50+ евра па нагоре за препич не ме интересираат иако па таму е се под конец и хигиената е на високо ниво.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom