Листа на теретани (локација, цени, рецензии)

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.402
Поени од реакции
29.429
Ајмо,

Пишете каде вежбате, колку е членарина, дали има некакви попусти, колку пати месечно се оди, каков е квалитетот на опремата, дали има гужва, дали има доволно справи и место во соблекувална и тн... Која теретана највеќе ви „лежи“ и која би ја препорачале?

Од друга страна, пишете што не ви се допаѓа кај одредена теретана и зошто не ја посетувате.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.768
Поени од реакции
1.048
Посетувам две маалски теретани кои претпочитам да останат во тајност, и онака нема да имате полза од нив, бидејќи се премногу мали и некомфортни за вежбање со повеќе луѓе а и се надвор од околината на Скопјево.​
Но, бидејќи двете во комбинација ги имаат сите потребни тежини и справи што ми требаат за комплетен тренинг, за мене се премија.​
Често ги посетувам и така неречените фенси теретани низ Скопјево и околината, и искрено како дома нема на друго место :D
За оние што ги викаат џим ратс, ги има насекаде, нажалост го рушат вистинскиот епитет на џим стаорец бидејќи повеќето сега се слаби како ковчиња, а главната цел им е стискање пред огледало или пак буљање во оној кој така, чисто од некоја луда причина се десило да дига 200+ кила на чучњеви, или пак бенч. Е токму тие денес се главната демотивација, барем за мене, зошто не е баш пријатно кога треба да одработиш еден интензивен тренинг со големи килажи, друг од страна да те замара со прашања од типот што пиеш и зошто не.​
На кратко, зошто веќе пишав многу оф топик, ја препорачувам теретаната Атлета, иако со солена цена, ќе наидете на луѓе кои ќе ви помогнат ако ништо друго барем во правилно изведување на вежбите.​
А за оние кои сакаат да бидат посериозни во овој спорт, и одат во теретана да вежбаат а не заради други причини, ви ги препорачувам сите ваши маалски теретани кои можете да ги најдете во вашата околина, бидејќи тие се вистинскиот избор.

Да бев некој маркетинг агент, ќе пишев да вежбате во стилот на Рони Колман, теретанта да не биде подалеку од 1 километар од дома, и по секоја цена да биде хардкор :D
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.669
Поени од реакции
6.180
офтопик....во последно време Acid е опседнат од теретани, фитнес, бодибилдинг, добро обликувано тело и слични теми....причини само нему познати :свиркам:

онтопик....идеава е добра и може да биде од помош на обичните смртници како мене кој ретко одат во теретана ...односно да ме мотивира да почнам да вежбам....доколку некој предложи добра теретана со норални цени
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.298
Поени од реакции
955
Во строгиот центар на СК има 7 теретани. Ќе се заинтересирам за цена и ќе поставам.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
891
Најблиску ми се Атлета и Терминатор.
Атлета ја посетуваат и девојки, додека Терминатор ја сметаат за "мушка" теретана. На почеток имаш фитнес инструктор во таа цена, да те насочи на правилни вежби. Во Терминатор знам дека беше од сабајле и после 17 часот. За Атлета погоре спомнаа.
Атлета е 2000 месечно, секој ден.
Терминатор 1500 месечно, секој ден.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Гладијатор во студентскиот дом во Кисела Вода. Цената е околу 700 ден. Океј е внатре средено, нема тушеви, има соблекувална. И за мажи и за жени е наменето.
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.402
Поени од реакции
29.429
офтопик....во последно време Acid е опседнат од теретани, фитнес, бодибилдинг, добро обликувано тело и слични теми....причини само нему познати :свиркам:
Далеку од тоа дека сум опседнат со теретани и фитнес, едноставно сакам да го разработам подфорумот. Немам влезено во теретана 2 години, а за време на празниците „билдам“ само во вилушка и лажица. Никогаш не сум бил член повеќе од 3 месеци, затоа што некако не трпам премногу гужва. Повеќе сакам да трчам и да играм групни спортови (баскет, фудбал и тн...).

Темата е отворена чисто информативно, за подобро одделување и распознавање на добрите и лошите, скапите и евтините, чистите и валканите. Па кој знае, можеби и јас ќе се зачленам некаде :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.859
Поени од реакции
7.533
Атлета е 2000 месечно, секој ден.
Терминатор 1500 месечно, секој ден.
Кај нас во нефенси теретана 400 денари месечно, а во фенси 600 денари :icon_lol:. Сосе интруктор тренер итн. Секој ден освен недела, ако можеш и два пати во денот не прават проблем и нема временско ограничување :icon_lol:.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
891
Кај нас во нефенси теретана 400 денари месечно, а во фенси 600 денари :icon_lol:. Сосе интруктор тренер итн. Секој ден освен недела, ако можеш и два пати во денот не прават проблем и нема временско ограничување :icon_lol:.
Не прават ни овде, но те олеснуваат за 2000ки. :)
Инаку во Аеродром толку се цените, со исклучок на Бисер. Таму има теретана која е поефтина. Е сега како се вика неам поим.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.066
Ме интересира, како стојат теретаните со вентилација, дали тие што се поефтини имаат и полоша вентилација од тие поскапите или вентилацијата е лоша секаде или пак секаде е добра.
Под лоша вентилација мислам кога ќе направиш пауза од тренинг, на пример до wc па кога ќе се вратиш се осеќа мирисот на запотена мишка.
Една од причините поради што одбегнувам теретана е вентилацијата и спортување во затворено, освен пливање каде самата вода е природен вентилатор.
 
D

D_NazGUL

Гостин
Најблиску ми се Атлета и Терминатор.
Атлета ја посетуваат и девојки, додека Терминатор ја сметаат за "мушка" теретана. На почеток имаш фитнес инструктор во таа цена, да те насочи на правилни вежби. Во Терминатор знам дека беше од сабајле и после 17 часот. За Атлета погоре спомнаа.
Атлета е 2000 месечно, секој ден.
Терминатор 1500 месечно, секој ден.
У Атлета не сум бил али Терминатор идев дугачко/ За 1500 денаро 6 месеци да не смениш квака на мушка соблекувална,брава на сошки - срамота
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.282
Поени од реакции
2.978
Во Борис 1000рче плаќам месечно со термин од 10 до 5 попладне , секој ден. Добро е средено и во овој термин не сум начекал гужва да има.
 
M

Mussolini

Гостин
офтопик....во последно време Acid е опседнат од теретани, фитнес, бодибилдинг, добро обликувано тело и слични теми....причини само нему познати... :свиркам:
да можах порано да дојдам на форумо, јас ке го пишаах тава шо ти тука беше напишал... :гик:
 

Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
753
Поени од реакции
212
Терминатор каде се наоѓа поточно?
 
Член од
10 ноември 2011
Мислења
120
Поени од реакции
56
Негде поблиску до Ѓорче некоја теретана да не знае за ефтини пари.Идев во давид и марјан ама немам 3-4 години отидено па сега пак сакам да почнам.
 
На врв Bottom