Премногу лесно испаднаа играчите на Кил за тој последен напад, имаше 15-16 секунди до крај, а дозволија да им направат вишок на крило. Требаше да направат некој фаул побргу, колку толку да ги сецнат малку, да се изгуби некоја секунда. Во толку малку време до крај мораше да направат фаул, па и поарно да дозволеа шут од некој бек одколку вишок на крило, премногу лесно ги навлекоа во средина. Во продолжението веќе немаа душа, едвај одеа и Дувњак и Вујин, немаше кој да потегне барем малку. Што значи свеж играч се виде на спротивната страна Слишкович, посебно со онај гол на истекот на времето.
Сепак одличен дуел беше, одлична битка до крај. За утре Везпрем ми е фаворит и незнам зошто ама ми се чини ќе тепа со барем 4-5 гола разлика.