Лига на шампиони 2015/16

Статус
Затворена за нови мислења.

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Баш поради ова што се случуваше на Ф4 мислам дека Вардар не е далеку од Ф4. Едноставно покрај квалитет треба да се погодат многу работи, мотивациј, форма, среќа и малце дрскост во мечевите.
Одбраната што се способни да ја изиграат сите овие 4 екипи е далеку од ова швајцарско сирење што го поседува Вардар. Имаше периоди што кога ќе стегнеше едната одбрана другата екипа 10 минути без гол беше и тоа без некоја огромна помош од голманот.
Најблиску до таа филозофија бевме со Вујо кога донесе касапи како Илија, Драгаш и Вук (играчи кои одговараа за поставената цел и за бараниот квалитет).
Раул е перфектен кога се работи за анализа за како треба да функционира нападот ама џабе 30 гола кога прима 35. Треба да се приспособи на актуелниов ракомет.
 
Член од
13 октомври 2015
Мислења
277
Поени од реакции
150
13 мин. пред крај да водиш 9 гола разлика и на крај и да изгубиш,мислам ниту на Вардар немаше тоа да им се случи.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.235
Поени од реакции
41.552
slep ke progledase za utakmicava, neznam sto me natera da ne menjam koa vodea 9, abe u pizdu materinu.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Веспрем по она шо го "прикажаа"во последните 13минути од регуларниот дел покажаа дека се апла БАЛКАНЦИ..
Само Балканец и Русин:icon_mrgr:можи да поеби таква предност,за толку кратко време..
Па РК Ринија да водеше 9 разлика во 47 минута немаше да дозволи да прими дури 11 гола за 11 минути,а да даде само 1(еден гол)..
Го толчеа противникот,и во одбрана,посебно во напад,со тие навремени асистенции до пикер,и широки акции за вишок на крило..
И сеуште не ми е јасно како успеаа да поебат 9(девет)разлика..:pos:
Ваков блекаут им се случи пред 3,4 години во Кил,на ревашн мечот од 1/4 финалето..
Водеа со Кил 7(седум)разлика на 15 минути до крај,и успеаа да прокоцкаат се,и на крај во последна секунда Нарцис со луд гол ги реши во последна секунда...
Ајде тоа,Кил беше тоа,со Јиха во најдобри денови,со Нарцис,Омејер и цела сурија играчиШТА,ама од Киелце бе?:pos:
Настрана дека е слаб тим Киелце,ама екипа со такви искусни играчи како Веспрем да дозволи анулирање на толкава предност е срамно..
Играчи со милион мечеви зад себе,како Ласло,Илиќ мораше да ја ЛЕГНАТ ТОПКАТА,премногу лесно се дозволи да влезат во машината на Киелце,не дека Киелце изигра којзнае што,едноставно стегнаа одбрана,и во напад си ја играа својата игра,и тие беа изненадени како лесно закуцаа толку многу голови за толку кратко време..
А играчи како Агинагалде,Зорман ,Биелецки нема да ти простат ако ги оставиш да се растрчаат...
Промаја имаше во одбраната,ако не беше Мирко на крај ќе изгубеа и во регуларен дел..
И Палмарсон ја поеба салам на крај,имаше можеби толеранција за уште некоја секунда,премногу наивно за закопа во највисокиот дел од зоната,и пренесериозно сакаше да ги натскока..
Каков гол закуца Лијевски за изедначување..:bravobe:
Во продолжение се гледаше дека тука е мечот,на една топка,еден напад..
Пеналите веќе се лотарија..
Само не знам со кој ум Сабате отиде со Терзиќ:pos:
Хаха,па тој кутриот освен на загревање кога ќе шутни некоја топка нема помирисано напад одамна,овај го пушта пенал да шутира:pos:
Имаше други играчи,техничари како Лекај,Угалде,Иванчик е солиден пеналџија,од кај го ископа Терзиќ:icon_mrgr:
Тоа е,нека си ја бараат грешката кај нив,јас да сум на местото на газдите на Веспрем ќе размислам дали би вложувал толкава пара во онај тим..
Иако постигнаа многу овие 4 години,навистина треба да им се честита,ама на онаков начин да изгубиш финале е срамота..
И нека си седат сега на езерото Балатон,нека вртат скара,наместо да слават европска титула..:kuracc:
За ова треба кинење плати бе:pos:
Ова им беше шансата,иако како се тргнати ќе имаат шанси пак,ама наредна сезона ќе има повторно сериозни играчи,како ПСЖ,Барса,Киелце сигурно по овај успех уште повеќе ќе вложат(и тој газдата не си ги знае милионите):cool:,Швабите сигурно нема да седат со :kuracc:в раце,тешко ќе оди...
Како и да е,браво за Киелце и за Талант,респект...
Да ги исчукаш ти во 2 дена двете најјаки екипи во Европа(моментално)е навистина голем подвиг..
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.078
Ungarija geografski ne e na Balkanot ama so mentalitetot tuka ke da se nekade. Komsiska infekcija.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
E ljudi moji znate li sta je to rukomet?
-To je kad Vesprem vodi sa 28-19 u 45toj minuti, a onda im Kielce uradi 9-0 seriju i potuce ih na penale. Eto to vam je rukomet.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.206
Поени од реакции
7.992
Kaко што реков, Веспрем мечките никогаш нема да освојат ЛШ и само беспотребно го опструираат Вардар на кого фајнлфор ќе му биде врв (исто ко да освоил ЛШ). Затоа толку ги колнев кога го елиминираа Вардар. Такви мечки ко Веспрем кармата нема да им даде да освојат. Со тие мечкарски тела од по 120 кила што не личат на спортисти и што гледаат како посилно да го треснат противникот од земја нема шанси никогаш да освојат ЛШ. Таков копачки ракомет нема шанси да пројде некогаш. Баш ми е мило што не освоија кретениве скапани на чело со хипикот од 40 и кусур години, Наѓ и Илиќ со главата ко лубеница од 12 кила.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Помина уште една сезона...
Заслужено Киелце си освои,им оставија простор да играат,да трчаат,да стигнат неверојатна негатива,а преискусен состав се за да одбијат таков поклон..
Речиси никој не сметаше на нив,но уште еднаш се покажа дека Ф4 е место каде се случуваат чудата,и Фленсбург се враќаше од мртвите пред 2 години со Барса(не како Киелце,ама слично):icon_mrgr:,па потоа во финале со Кил успеаа да покажат шампионски дух,истото го напрај и Киелце...
Секоја чест за Талант...
Ретроспектива на сезоната..
Револуционерна,по коренитите промени кои се случија(во форматот на натпреварување)...
Се доби на квалитет во тие групни мечеви,нешто шо недостасуваше во минатото,зошто ретки беа тие големи дерби мечеви,во групната фаза претежно разликата во квалитет помеѓу тие шо поминуваа група и останатите беше доста голема па немаше можност за толку многу квалитетни мечеви..
Вака со 2 групи по 8 тима,од кои барем 12 беа супер силни тимови се доби доста на квалитет,секоја недела дерби мечеви,14 кола,лигата доби доста на траење шо е добро за нас,обичните гледачи,доста работа се заврши со ова..
Од друга страна групите на ЛУЗЕРИТЕ според мене се тотално непотребни,зошто?
Пред се зошто и тие екипи шо поминуваат се како жртвено јагне за тие ѕверови од силните групи,немаат ни Ш од шанса во двомеч со такви екипи..
Придобивка е дека им се дава шанса и на послабо рангирани тимови да играат ЛШ,ОК е ова,ама некако како да се отфрлени ептен..
Сепак предноста шо играат во за неколку класи послаби групи им се анулира шо мора уште во 1/8 финале да се најдат во дуел со многу веројатните учесници на Ф4...
Од лузерските групи некојси амбиции за да се искачат барем едно ниво погоре има само Мешков,екипа која од година во година се повеќе вложува,и единствено тие би можеле нешто да покажат,ако испазарат добро летово,сите други тимови немаат квалитет да се носат со тие најсилни тимови од А и Б групите...
Ќе видиме дали Металург повторно ќе добие покана,како одат работите сметките можат да ги замрсат Словенците...
Одамна бараат место за уште една нивна екипа,имаа две екипи на времето,па го изгубија на наша сметка,сега како стојат работите најверојатно ќе го возвратат ударот..
Се спрема голема екипа во Велење,доаѓаат сериозни играчи како Лука Митровиќ,Матијаш Брумен,Алем Тоскиќ..
Се вложува доста во тимот,единствен хендикеп им е шо немаат некоја голема сала,тоа го гледаат најмногу капиталистите од ЕХФ,затоа им поклонија лани на Минчовци место,зошто полнеа сала од 6 К..
Но после дебаклот оваа сезона,кога во просек имаше по 1000 и нешто гледачи и тој адут го изгуби Металург..
Најверојатно нема да добие вајлд карта Металург,или пак ако добие ќе добие на сметка на некоја друга земја,ќе видиме,но ќе мора да склопат екипа,со играчи како Матиќ не се поминува група,макар и лузерска..
За наредна сезона очекувам горе долу ист распоред на силите...
Пак орото ќе го водат Веспрем,ПСЖ,Барса,Киелце,Кил,Фленсбург и ако успее некоја од тие екипи кои имаат доста кеш и потенцијал пред се како Вардар и Сегед,тука е ППД со плејадата нови звезди на Хрватскиот ракомет,тука е еден доста интересен проект на СТ Рафаел,нормално ако успеат да го задржат второто место во Франција,на РНЛ мора да се смета,иако не ме импресионираат тие воопшто,ниту со својата игра,ниту со трансфер политиката,ќе видиме...
Веспрем ќе биде посилен за еден Габор Анчин,колку само ќе значи уште еден класа бек во ротација,да го замени Наџ кој мора да игра 60 мин...
Да видиме дали ќе остани Палмарсон,не ми се верува туку така да го пуштат Унгарците,а уште помалку не ми се верува Кил да фрли толкава пара за да го врати назад..
Колку се точни шпекулациите за Карачиќ?
Најверојатно Шема си заминува,ќе видиме и Лекај дали ќе менува средина?!..
Останатиот дел ќе е тој истиот...
ПСЖ
Нока малку се изгуби,уствари повеќе:pos:
Ги измеша брзините страриот,кој филм му беше шо го изостави Хансен против Киелце сеуште не ми е јасно?
8 гола закачи за 30 минути хипикот,и во второ влезе само за пенали,и кога веќе беше изгубен мечот..
Не ми се бендисува стилот на Нока,како да е застанат во времето од пред 15 години,некој микс на Червар има стил..
Премногу лесно е да се прочита тој стил,ИНДИВИДУЕЛЕН,се се базира на личност,ако не оди тогаш на здравје...
Застана таа креативност во второ,немаше кој да потегни и ги стигна казната,кога не се игра тимски така е..
Премногу зависат од Хансен,а тој не беше ни во игра,јасно е зошто ебаа уште една сезона во низата ебани сезони,кога ќе се додаде фактот дека два купа на домашниот фронт ги изгубија од Монпеље не е толку успешна сезоната како шо очекуваа..
За наредна сезона ќе бидат посилни за Уве и Жвижеј на лево крило,Онрубиа и Мтима аут,
Онуфриенко според мене е голема грешка шо го бркаат по само една сезона,доста корисен играч..
На негово место доаѓа Степанчич,солиден левак,висок,ама премногу склон на повреди,Хрватскиот Дисинџер,плус една голема надеж на Францускиот ракомет Ремили,плус ќе чекаат да се врати Бараше..
Вори си оди во Загреб,Гунарсон исто заминува,ќе останат само со Лука на линијата,исто и Мелиќ си оди,на негово место Конку,сличен физикус и движења како Абало..
На голот Аноне си ги пакува куферите,на негово место уште еден орел,Шкоф од Нант,додека се чека разврската за Коралес,за кого копјата че се кршат низ правните лавиринти на ЕХФ..
Горе долу сосема нов ПСЖ наредна сезона,ќе видиме како ќе функционира..
И која фаца е овај Нока,како пензионер да го учиш да користи тач телефон:ROFLMAO:,сто години е во странство,ете веќе неколку години е во Франција,и на германски комуницира со играчите:pos:,која пародија,им кажува на Карабатакот и Нарцис овие им пренесуваат,ништо чудно шо имаат проблеми сезонава..:icon_mrgr:
БАРСА
Ќе мора да си најдам нов тим за наредна сезона,штом Борко го зедоа..:kuracc:
Доста промени ќе има и овде,Шариќ,Сармиенто,Гурбиндо,Гудјон,Руезга,играчи со голем стаж и рејтинг кои доста значеа за екипата..
Доаѓа БРАДЕСТИОТ Валеро Ривера Џуниор на лево крило,топ играч...
На бек доаѓа млада артилерија хаубици како Ласе Андерсон и Тимоти Нгесан,голема помош за Жалуз кој распали сезонава но не можеше сам да го носи товарот...
Јиха:гик:
На среден се намалува ротацијата,ќе се базираат на безвременскиот Раул Ентрериос,но прашање е колку ќе можат само со него...
Десно ситуацијата е иста,Кире ќе турка додека е пожелен и има неограничена доверба од тренерот и управата,кога ќе најдат замена ќе си оди кај Самсонитот...
Ќе видиме дали Нодесбо ќе си оди,или не?
Горе долу треба да бидат доста солидно и наредна сезона Шпанците...
Киелце
Со титулата амбициите ќе скокнат до небо...
За наредна сезона ќе го имаат Јуркевич,класа бек,доаѓа можеби најдобриот плеј на денешницата Бомбач,замена за Чупиќ најдоа во Џукичу Педеру:icon_mrgr:,на гол уште еден млад талент како Филип Ивиќ на местото на Шего,плус старата арѕлерија на Талант,страшна екипа ќе бидат и наредна сезона..
ОПасен потег напраја со именувањето на Талант за селектор на Полска,со тоа уште повеќе ќе добие Киелце,пред се на собирање на тој полски квалитет на едно место..
Ќе бидат сериозен играч и наредна сезона...
Кил
Имаа проблеми сезона,но покажаа дека имаат голем квалитет,кога ќе се комплетираат ќе бидат многу опасен тим..
Наредна сезона со Тоф и Вајхолд во ротација,плус уште еден лудак на голот како Волф ќе добијат сериозна клупа..
Десен бек се одлично покриени,исто и на пикер и крила,чкрипи левата бековска позиција која остана само на вечо повредните Дисинџер и Лацковиќ,а со Кањелас аут ќе треба и плеј да бараат како замена за Кркмата..
Има време за пазар,сигурно не е затворен ростерот...
Фленсбург
Вака така тие најмногу го намачија Киелце..
Страшен состав има Врањеш на располагање,малку ќе ги извади од ритам повредата на Лауге,којзнае кога ќе се врати и каков ќе биде по повредата?
Ќе мора да испазарат уште нешто,иако и вака се топ покриени на секоја позиција..
Сериозен тим за наредна сезона...посебно ако имаат среќа да ги одминат повредите.
РНЛ
Ќе видиме за овие,не се лоши,но ќе мора многу да поработат на играта,играат некој страшно непредвидлив ракомет,знаат да дадат 35 гола,знаат и 18,не се констатни воопшто,им фали и поширок ростер пред се на надворешните позиции,засега се екипираат само на крило,со Гудјон и Деки добиваат страшно дуо на лево крило...
Ќе видиме за РНЛ,шо ќе испазарат...
Вардар
Доста промени ќе претрпи Вардар,сериозни играчи си одат..
Брумен,Тоскиќ,Горбок беа важен дел од тимот+ако си оди и Карачиќ е голема работа..
Кањелас доаѓа,ќе видиме за него,сезонаа му беше една од најслабите,сигурно има простор за да се врати во старата форма..
Чупиќ на десно крило,сериозен играч,би требало добро да се адаптира...
На лев бек најверојатно е договорен Вуко Борозан,и тој е во група на рековалесценти како и Деревен,играчи кои во секој момент можат да пукнат...
Ако се здрави заедно со ВЕЧНИОТ КАПИТЕН би требало да покријат,иако ќе фали еден класа лев бек..
Ако си оди Карачиќ Кањелас ќе треба да заменува таму,заедно со ФРИЗУРАТА Циндриќ:pos:..
Десен бек ОК,крила десно ОК,лево ќе треба замена за Деки,БУТИН?:pos:
Пикер,ако останат на триото-ВИСОК-ДЕБЕЛ-ЃУПТИН нема да е сјајно:pos:,ќе видиме...
Сигурно ќе проба Самсонитот да довлечка уште нешто,ќе видиме..
Сегед
Доста промени и кај нив..
Речиси цела прва постава си замина..
Пред се Бомбач,алфа и омега во екипата..
Заминаа левиот бек Иљеш,Антонио Гарсија се враќа во Франција,ако не се лажам и другиот десен бек Балог си оди(покрај Анчин кој тешко ќе го заменат,во два правци играше),си оди пикерот Врањеш,вториот голман Вишнемирски потпиша за Лемго...
Речиси цела прва постава е ова,од важните играчи останаа само Калман,Сиера,Гарсија Парондо,средниот бек Миндегиа и пикерот Зубај..
Со играчи во ротација како Тиагуш Петруш на бековска линија тешко ќе оди...
Од новите играчи,Горбок е веќе докажан играч,Обрановиќ сосема спротивно,плус не е ни среден овај,иако нашите портали така го најавија.:tapp:
И ако вредеше нешто посебно тој немаше Загреб да го пушта на позајмица,и тие видоа дека им е вишок и го чистат патот за останатите играчи...
Житников ако не се лажам нема од оваа сезона да оди во Сегед,туку од наредната///
Бунтиќ не е лош левак,знае некогаш да изненади,ама исто знае и да има милион промашувања/технички грешки,далеку е од калибарот и на Анчин,па и на Балог...
Доаѓаат два млади Унгарски репрезентативци,левиот бек Бодо,и пикерот Бахниди,суртуци од над 2 метра,големи надежи на унгарскиот ракомет..
Посебно надежен е пикерот Бахниди,треба да е ѕвер од пикер овај,го бараше и Вардар,ама кога слушнаа за цената и за платата која ја побара ја свиткаа опашката и го зедоа егзотичниот пикер од Кил...:icon_mrgr:
Доста работа ќе има Пастор да скоцка нова екипа,но има голема доверба од управата,и голем буџет,со тие +2 милиони евра шо ги добија од Лотарија на Унгарија како бонус да играат во домашната лига нема да ме чуди да потпишат некое поголемо име..
ППД
Вујо најверојатно останува,иако пушта некои муви дека Арапи,Кинези го барале:pos:
Си ја крева цената Брадата,иако можеби го бараат,но сепак нема да мрда никаде легендата..
Доста направи со Загреб..
Заминуваат Степанчиќ и Обрановиќ..
Се враќа Вори,голема работа,најслаб дел од тимот беше пикерската позиција,доаѓаат десниот бек Миклавчич,доста солиден левак,ќе брка работа..
На лево крило ќе го чистат вишокот,Антонио Ковачевиќ,Ловор Микиќ,најверојатно и Шпрем аут,ќе остани Добривоје,доаѓа и надежното лево словенско крило Дарко Цингесар..
На гол замена за Ивиќ е Урбан Лесјак(ако несе лажам),сериозен голман,заедно со Стиви Бој ќе бидат добар тандем..
Добра екипа ќе има ППД,со здрав Мандалиниќ,со вундеркиндер играч како Павловиќ,плус Вујиќ е тука,плус Шебе на десен добра екипа ќе имаат,плус добра висина имаат да играат секаква одбрана,пред се 6-0,5-1,а зошто да не и 3-2-1,мајстор е Вујо за да намести одбрана.
Сега се сјачани Загребашите и на финансикси план,треба да имаат добра сезона...
Тоа се екипите кои вака на прв поглед ќе бијат битка и наредна сезона..
Со мала резерва за некој од Французите ако успее да се вмеша,реков СТ Рафаел има сериозен проект,можно е да лапнат уште едно место,ако лапнат Нант и Монпеље се екипи на кои секогаш мора да се смета..
Кристианстад е екипа У УСПОНУ,сосема солидни.Бјерингоборо е нов шампион на Данска,тие можат да бидат незгоден тим барем на домашен терен..
Да почекаме да видиме како ќе доиспазарат екипите,иако веќе поголем дел од екипите ги имаат речиси затворени ростерите,но сеуште има простор за некои измени во соодносот на силите...
Сега на заслужен одмор:)
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.495
Поени од реакции
4.058
Сабате ќе лета од Веспрем 100%, не смееше да му се случи ова што му се случи вчера.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
@Tomasino браво за анализата. (y)

Него, кај ќе одат Сармиенто и Гурбиндо, гледам имаше спомнато.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
@Tomasino браво за анализата. (y)

Него, кај ќе одат Сармиенто и Гурбиндо, гледам имаше спомнато.
Сармиенто од поодамна потпиша за СТ Рафаел,Гурбиндо мислам оди во Нант,ама не сум сигурен!?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795
Вардар мора да земе класа пикер и уште еден лев бек асален иначе тешко до ф4.

Мора и уште еден касап уз Абутович за коа ќе се игра одбрана да не може никој да помине, сезонава одбраната беше ужасна.

Ако си иде Игор и класа централен ќе мора да се носи пошо Циндриќ не е нишо поеќе од ок измена.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
42
Поени од реакции
3
Не можам да си поверувам уште дека Киелце е шампион на Европа. Многу глупа екипа ја освои ама оние бруките Веспрем таков пад ни Македонија нема доживеано аххаха не мрднаа 9-0 серија ало, Андора да играше ќе даеше гол ама тое јбг. Едино најкриво мие за Кил пошто навивам за нив, ама тое ракометот не секогаш победуваат најдобрите :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom