Лига на шампиони 2015/16

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Откако ЕХФ реши во каков формат ќе се одвиваа натпреварите од ракометнити лиги на шампиони за сезоната 2015/16 и откако беа одредени екипите кои ќе настапуваат во квалификациите и оние кои директно ќе одат во групната фаза, време е и ние да почнеме со нашите предвидувања за новиот шампион :icon_mrgr:
Во машка конкуренција се смени системот на натпреварување и ЛШ ќе биде поделено на два различни по квалитет лиги. Во групите А и Б во кои ќе бидат сместени посилните екипи ќе има по 8 тимови. Првопласираните екипи од двете групи одат директно во четврт-финале, додека екипите од втората до шестата позиција (заклучно со шестата) одат во нокаут-фаза со 12 екипи, заедно со победниците на групите Ц и Д кои ќе бидат составени од екипите кои се со послаб квалитет.

Шеширите за група А и група Б се:
Шешир 1: Барселона (Шпанија), Кил (Германија)
Шешир 2: Веспрем (Унгарија), Киелце (Полска)
Шешир 3: ПСЖ (Франција), Вардар (Македонија)
Шешир 4: Колдинг (Данска), Цеље (Словенија)
Шешир 5: Пик Сегед (Унгарија), Висла Плок (Полска)
Шешир 6: Загреб (Хрватска), Рајн Некар (Германија)
Шешир 7: Кристианстад (Шведска), Бешикташ (Турција)
Шешир 8: Монпеље (Франција), Фленсбург (Германија)

Шеширите за група Ц и група Д се:
Шешир 1: Металург (Македонија), Ла Риоха (Шпанија)
Шешир 2: Брест Мешков (Белорусија), Скјерн (Норвешка)
Шешир 3: Чеховски Медведи (Русија), Мотор Запорожје (Украина)
Шешир 4: Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Порто (Португалија)
Шешир 5: Баја Маре (Романија), Војводина (Србија)
Шешир 6: Татран Прешов (Словачка), Победник на квалификационата група

Квалификационата група се состои од Алпла Хард (Австрија), Борац Бања Лука (Босна), Лимбург (Луксембург) и Елверум (Норвешка).

Ждребките за групите се во петок.


Во женска категорија системот на натпреварување ќе биде истиот од минатата сезона. Шеширите за групната фаза се:

Шешир 1: Ференцварош (Унгарија), Будуќност (Црна Гора), Ларвик (Норвешка) и Митиланд (Данска)
Шешир 2: Вардар (Македонија), Крим (Словенија), ЦСМ Букурешт (Романија) и Турингер (Германија)
Шешир 3: Дон Ростов (Русија), Савехоф (Шведска), Хипо (Австрија) и Подравка (Хрватска)
Шешир 4: Флори (Франција), МКС Лублин (Полска), победник од квалификациона група 1 и победник од квалификациона група 2

Ждребката за квалификационите групи ќе биде направена на 26 јуни, додека шеширите за ждребките се:
Шешир 1: Ѓер (Унгарија), Есбјерг (Данска)
Шешир 2: Баја Маре (Романија), Гласверкет (Норвешка)
Шешир 3: БНТУ Минск (Белорусија), Серкодак Далфсен (Холандија)
Шешир 4: Раднички Крагујевац (Србија), Анкара Јенимале (Турција)

Екипите од шешир 1 и шешир 4 играат во едното полуфинале во соодветната група, а во другото играат шешир 2 и шешир 3. Победниците одат во финале, победникот во групата оди во ЛШ.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
http://www.laola1.tv/en-int/live/draw-velux-ehf-champions-league-2015-16/348144.html[DOUBLEPOST=1435342988][/DOUBLEPOST]Водителов го прашува Сигурдсон против кој тим не сака да игра, тој одговара нема таков, против сите треба да сме спремни и коментаторов на преносов прснува во смеење и вика: Don't lie, it's Wisla Plock :pos::pos::pos:.

Можеа да го викнат Балиќ за влечењево, да му оддадат почит, вака глупо е Сигурдсон да ги влече..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Извлечени се групите за машката и женската ЛШ:



Група Ц и Д


Групите за женското ЛШ


Во квалификациските групи кај жените играат:
Група 1: Ѓер-Раднички Крагујевац Серкодак-Гласверкет
Група 2: Анкара Јенимаале-Есбјерг БНТУ Минск-Баја Маре
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
Глеам у група Д само металург го знам ебаго...имат шанси за понатака колку се квалитетни екипиве?
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Добро шо е муабетот со групите?
Две групи екстра јаки,две "чорба"...
Значи денес е подобро да си послабо рангиран,и ќе имаш еден куп привилегии..
Опнаа "данок на богатите",нека се толчат меѓусебе богатите а сиромашните нека користат..:pos:
И овие ЕХФ не знаат кај тераат повеќе,демек ако има повеќе "чорба"екипи во втора фаза и ќе го кренат нивото на ракометот на повисоко ниво?
На пример,Ц група е очај,екипи со по 500 гледачи во просек..Шо ќар ќе имаат од овие екипи?Па групите од ЕХФ купот за овие беа ЛШ...:pos:
Групата Д пак колку толку личи на нешто,Скјерн е доста солидна екипа,не е како Колдинг,ама се солидни....
Кадетите не се лоши,вложуваат доста,би требало да се солидни...
Мотор фрла пари,ама се нестабилни доста,а немаат никаква публика,џабе во толкава сала играат.
Баја Маре е голема непознаница,ама со оглед дека има пад на квалитетот на Романскиот ракомет,по крахот на Констанца не ми се верува дека се некој сериозен тим,барем не за ЛШ...
Шанса за Металург,ако склопат сериозна екипа,засега освен на десен бек треба да се засилат на сите можни позиции..
Ако го задржат Раде ќе завршат добра работа,ете и со тој Хрватот ќе ја затворат бековската позиција,плус талентите...:angel:
Ќе зажалат Зомимак шо не се во ЛШ,стегнете тужба алооо...:pos:
Барајте си ги правата....:icon_mrgr:
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Добро шо е муабетот со групите?
Две групи екстра јаки,две "чорба"...
Значи денес е подобро да си послабо рангиран,и ќе имаш еден куп привилегии..
Опнаа "данок на богатите",нека се толчат меѓусебе богатите а сиромашните нека користат..:pos:
И овие ЕХФ не знаат кај тераат повеќе,демек ако има повеќе "чорба"екипи во втора фаза и ќе го кренат нивото на ракометот на повисоко ниво?
На пример,Ц група е очај,екипи со по 500 гледачи во просек..Шо ќар ќе имаат од овие екипи?Па групите од ЕХФ купот за овие беа ЛШ...:pos:
Групата Д пак колку толку личи на нешто,Скјерн е доста солидна екипа,не е како Колдинг,ама се солидни....
Кадетите не се лоши,вложуваат доста,би требало да се солидни...
Мотор фрла пари,ама се нестабилни доста,а немаат никаква публика,џабе во толкава сала играат.
Баја Маре е голема непознаница,ама со оглед дека има пад на квалитетот на Романскиот ракомет,по крахот на Констанца не ми се верува дека се некој сериозен тим,барем не за ЛШ...
Шанса за Металург,ако склопат сериозна екипа,засега освен на десен бек треба да се засилат на сите можни позиции..
Ако го задржат Раде ќе завршат добра работа,ете и со тој Хрватот ќе ја затворат бековската позиција,плус талентите...:angel:
Ќе зажалат Зомимак шо не се во ЛШ,стегнете тужба алооо...:pos:
Барајте си ги правата....:icon_mrgr:
Од А и Б поминуваат група по 6 тима ( 12 вкупно ) ,од кои првите тимови на А и Б идат директно во четврт финале .Од Ц и Д поминуваат по 2 тима кои потоа играат меѓу себе,двата тима кои ќе преостанат им се приклучуваат на 10те тима од А и Б и играат директно со вторите тимови кои завршиле ,на кратко немаат шанса.На шесте тима кои ќе победат им се приклучуваат прваците на А и Б и играат четврт финале.

И да помине металург група како прв ќе треба да игра со вториот од Ц и на крај иде директно на Киел/Веспрем.Патем група Ц е далеку појака од Д .Брест,Татран,Порто и шпанците се фаворити против кој било од група Д.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Распоредот на Вардар е:
1. КОЛО (16-20 СЕПТЕМВРИ): Пик Сегед-Кјелце; Рајн Некар-Барселона; Кристијанштад-Колдинг; Монпелје-Вардар

2. КОЛО (23-27 СЕПТЕМВРИ): Барселона-Кристијанштад; Кјелце-Монпелје; Вардар-Пик Сегед; Колдинг-Рајн Некар

3. КОЛО (30 СЕПТЕМВРИ - 4 ОКТОМВРИ): Пик Сегед-Барселона; Рајн Некар-Кјелце; Кристијанштад-Вардар; Монпелје-Колдинг

4. КОЛО (7-11 ОКТОМВРИ): Барселона-Монпелје; Кјелце-Кристијанштад; Вардар-Рајн Некар; Колдинг-Пик Сегед

5. КОЛО (14-18 ОКТОМВРИ):Кјелце-Барселона; Колдинг-Вардар; Рајн Некар-Пик Сегед; Монпелје-Кристијанштад

6. КОЛО (21-25 ОКТОМВРИ): Барселона-Колдинг; Вардар-Кјелце; Пик Сегед-Монпелје; Кристијанштад-Рајн Некар

7. КОЛО (11-15 НОЕМВРИ): Барселона-Вардар; Колдинг-Кјелце; Пик Сегед-Кристијанштад; Монпелје-Рајн Некар

8. КОЛО (18-22 НОЕМВРИ): Вардар-Барселона; Кјелце-Колдинг; Кристијанштад-Пик Сегед; Рајн Некар-Монпелје

9. КОЛО (25-29 НОЕМВРИ): Колдинг-Барселона; Кјелце-Вардар; Монпелје-Пик Сегед; Рајн Некар-Кристијанштад

10. КОЛО (2-6 ДЕКЕМВРИ): Барселона-Кјелце; Вардар-Колдинг; Пик Сегед-Рајн Некар; Кристијанштад-Монпелје

11. КОЛО (10-14 ФЕВРУАРИ): Монпелје-Барселона; Кристијанштад-Кјелце; Рајн Некар-Вардар; Пик Сегед-Колдинг

12. КОЛО (17-21 ФЕВРУАРИ): Барселона-Пик Сегед; Кјелце-Рајн Некар; Вардар-Кристијанштад; Колдинг-Монпелје

13. КОЛО (24-28 ФЕВРУАРИ): Кристијанштад-Барселона; Монпелје-Кјелце; Пик Сегед-Вардар; Рајн Некар-Колдинг

14. КОЛО (2-3 МАРТ): Кјелце-Пик Сегед; Барселона-Рајн Некар; Колдинг-Криситјанштад; Вардар-Монпелје
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.010
Поени од реакции
7.721
чао Перо, чао Алфа :vozbud:
добредојде срцепарателни воведи на Зоки и тмурни преноси на Југо :(
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.805
Поени од реакции
15.885
На страна Перо и Игор, Алфа (со Томато продукција) многу професионално си ги одработи тие две години што ги имаа, од студио пред натпревар и тоа речиси цел саат, после натпревар пак, прес конференции после натпревар, со ексклузивно директно вклучување од Будимпешта за Ф4 за жени, преглед на колото секоја недела.
Треба овој стандард да го задржи и МРТ, некогаш не е само да се чујат коментаторите, треба и визуелно сето тоа да изгледа.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Реално Зоки е експерт за овие двајца,али затоа Југо:tapp:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
http://www.balkan-handball.com/evropa/doknic-utisao-borik-borac-bez-lige-sampiona/
Елверум од Норвешка и Алпла Хард,шампионот на Австрија ќе решат кој е последниот патник за групната фаза на ЛШ..
Штета за Борацц дефинитивно заслужија да одат во финале на турнирот...
Иако рака на срце Алпла е појјака екипа,знаеа шо сакаат,и како да нападнат,цел меч бркаа негатива домаќините,но сепак заслужи еден таков ракометен бастион како Бања Лука да се бори за ЛШ..
Бања Лука е можеби град со најголема ракометна историја на Балканот и навистина убава глетка беше денешниот меч..
Преку 5000 гледачи во салата Борик,Лешинари на трибините,одлична атмосфера...
Штета шо не се израдуваа,заслужи публиката во Република Српска да гледа повторно врвен ракомет...
Имаат и доста интересна екипа,Срџан Тривунда чукна 13 гола,сам играше...
Голманот Иванишевич одличен,посевбо во вториот дел,скина еден куп топки и 3,4 пенали кога Алпла требаше да го реши прашањето на победникот....
Младен Боиновиќ со своето искуство помогна во изнудувањето на пенали,ама го изгуби стариот шутот,доста топки заеба денес(многупати не ни го подгоди ојкврот на голот).
Како и да е,голема атракција беше враќањето на Младен на местото каде ја започна својата богата кариера,по 20 години...
Ратко Николиќ,сеуште стариот е пикериште невидено,во прво полувреме доста заспан,ама во второ потсети на старите времиња кога играше во Портланд и освои ЛШ...
Фалеше уште некој играч,добар беше и десниот бек Обрадовиќ,но сепак премалку играчи за да се тепа Алпла,иако имаше шанса Борац,посебно на крај на регуларното време кога имаа контра за победа,но ја изгубија топката....
Во продолжението паднаа на кондиција,и Борац ги дотолчи преку бековите Шилингер и тој средниот бек Зајснер некако беше...:icon_mrgr:
Немаше излегување на нив,и упсеаа да го решат голманот на Борац,ги стигна уморот дефанзивците на Борац,иначе ако излегуваа понапред при тие влезови еден на еден на бековите на Алпла ќе тепаа Борац,во прво ги искинаа крилата во второ бековите....
Алпла од друга страна,изигра перфектни 40 ина минути,некаде до 22-17 контролираа се на терен,поселе паднаа..
Ако не беше бившиот Вардарец Докниќќе изгубеа добиен меч,ги извади доста,имаше преку 20 и кусур одбрани и еден куп пенали...
Сепак Алпла е подобар тим и заслужено оди во финале,би требало утре да тепаат и да се пласираат во ЛШ...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Норвешки Елверум го совлада Алпла Хард во финалето на квалификацискиот турнир и ќе игра во ЛШ во група заедно со Металург.

Елверум ако не грешам е бивша екипа на Лазо Мајнов (до пред да се префрли во македонската колонија во романски Одорхеи им беше еден од најдобрите играчи).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom